Тоде Илиќ
политичар
Тоде Илиќ (Никуљане, Македонија, 7 април 1943 - Куманово, 14 јануари 2014) — македонски политичар и градоначалник на Општина Куманово во периодот од 1984 до 1986 година.
Тоде Илиќ | |
---|---|
Градоначалник на Општина Куманово | |
На должноста 1984 – 1986 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 април 1943 Никуљане, Царство Бугарија |
Починал(а) | 14 јануари 2014 Куманово, Македонија | (возр. 70)
Националност | Македонец |
Партија | Сојуз на комунистите на Македонија |
Професија | Инженер, политичар |
Илиќ е роден во 1943 година и потекнува од првоборечко семејство. Се школувал во Куманово, а студиите ги завршил во Белград. Во родниот град се вратил како дипломиран инженер технолог и се вработил во мелничко-пекарската индустрија. Во својата стопанска дејност, тој набргу станал технички, а потоа и генерален директор.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Комеморација за Тоде Илиќ“. kumanovonews.mk. 16 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 30 октомври 2018. Посетено на 17 февруари 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |