Мехмед II (отомански турски: محمد الثانى Meḥmed-i sānī, денешен турски: II. Mehmet), наречен „Освојувачот“ (отомански турски: الفاتح el-Fatih, денешен турски: Fatih Sultan Mehmet) — седми султан на Отоманското Царство. Управувал во периодите 1444-1446 и 1451-1481 година.

   Мехмед II
Отомански султан
Владеење1444–46
Владеење 21451–81
ПериодПодем на Османлиското Царство
Полно имеМехмед бин Мурат Кан
отомански јазикمحمد بن مراد خان
Роден30 март 1432
МестоОдрин
Починал3 мај 1481 (49)
МестоHünkârçayırı, near Gebze
ПретходникМурат II
НаследникМурат II
Наследник 2Мурат II
Наследник 2Бајазит II
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија
Валиде султанХума Хатун

Рани години

уреди

Мехмед II бил син на Мурат II (1403-1451), првично не бил подготвуван од неговиот татко за преземање на престолот. Тој бил трет син и за разлика од неговите браќа родени од благороднички - турски жени, тој бил син на робинка, како што е познато, христијанка со грчко или со албанско потекло. По смртта на првиот постар брат, Мехмет бил побаран од страна на неговиот татко, кој наредил на момчето да му се даде образование[1] и Мехмед бил прогласен за владетел на Амасија. Во 1443 година бил убиен и неговиот постар брат Алаедин, а Мехмед го зел и неговиот престол во Маниса.

Неговиот татко Мурат II многу тешко ја поднесол загубата на своите два сина, па во 1444 година абдицирал во корист на Мехмед, а претходно склучил мир со европските земји и Караманија. Тоа му дало основа да смета дека положбата на неговиот син кој имал само 12 години е стабилно, и покрај тоа што Мехмед бил под големо влијание на големиот везир Халил-паша.

Прво управување (1444-1446)

уреди

Првиот период од управувањето на Мехмед бил опфатен со големо соперништво меѓу големиот везир и луѓето околу султанот како Шахбедин-паша, Заган-паша и Саруџа-паша. Големиот везир бил претставник на турската аристократија и сакал младиот султан да води мирољубива надворешна политика, додека пак луѓето околу Мехмед главно биле со грчко потекло и го убедувале на султанот дека главна задача е да ги прошири своите територии. Според нив, целта на Османлиите е да го освојат Цариград.

Од друга страна пак европските земји повлекувањето на Мурат го забележале како слабост во внатрешната политика на земјата. Така европските сојузнички сили започнале поход кон османлиските територии по кое Мехмед повторно се повлекол од власта во корист на својот татко Мурат. По крајот на Никополската битка, Мурат и по враќањето на османлискиот престол кон Мехмед се однесувал како наследник на престолот. Во 1448 Мехмед учествувал во сите значајни кампањи и административни активности. За време на престојот во Магнезија се вљубил во заробеничка - христијанка, на која и го дале турското име Ѓулбахар. Тој ја зел за жена и таа му родила син-наследник, Бајазит II. Но, Мурат ја сметал за недостојна сопругата на Мехмет како идна сопруга на султан, и го принудил да се ожени за турчинка од благороден род - Сит Ханум, која што Мехмет толку ја мразел што подоцна не ја зел ни во својот харем во Цариград.

По смртта на неговиот татко, Мехмед бил повикан од Маниса во Одрин за да го преземе престолот.

Второ управување (1451–1481)

уреди

Први години

уреди

Кога во февруари 1451 Мурат II починал во Одрин, Мехмед од Мала Азија, веднаш заминал кон престолнината, попатно решавајќи ги своите различни проблеми што произлегувале во врска со трансферот на власта. На негова наредба бил убиен последниот малолетен син на Мурат II. Тоа веќе било пракса кај Османлиите, но со Мехмед било формализирано во закон. Така со цел да биде осигурен внатрешен мир во земјата, Мехмед издал закон за братоубиство кој гласел:

кој и да биде од моите синови што ќе го наследи престолот, веднаш да ги убие своите браќа за да го осигури мирот во земјата

Мехмед II, како и голем број истакнати претставници на Отоманската династија, бил непредвидлив, таинствен човек, кој водел храбра и контроверзна политика. Благодарение на европските портрети (меѓу нив и од познатиот автор Џентиле Белини) може да се суди за него според надворешниот изглед.

Иако со низок раст, тој предизвикувал многу силен впечаток врз околината. Особено карактеристичен бил неговиот крив и кукест нос, кој во подоцнежните години, според современиците, му давал сличност со папагал. Најверојатно уште кога седнал на престолот Мехмед си поставил за задача да го заземе Цариград. Поради тоа, Мехмед склучил тригодишен мировен договор со Унгарија и ги уредил односите со смедеревскиот деспот Бранковиќ со тоа што и дозволил на жената на Мурат Марија Бранковиќ да со врати во родната земја. Во пролетта на 1451 година, Мехмед го неутрализирал и обидот за напаѓање од страна на Караманија бидејќи го принудил да го признае емирот неговото вазалство. Истото се случило и со останатите емирства како Гермијан, Ајдин и Ментеше.

Мехмед II го обновил мировниот договор и со Венецијанската Република, на три години склопил примирје со Јанош Хунјади, витешкиот ред на Родос, господин Ревалахии и други владетели добиле уверување во врска со можноста за иден мир. Пред посланиците на императорот Константин IX, султанот се заколнал на Куранот дека нема да претендира на владенијата на империјата на Цариград, уверувајќи дека ќе продолжи да плаќа пари на дворот на Цариград, поради заложениот во Цариград Орхан (внук на Бајазит и претендент за престолот). Но парите не биле платени, и како одговор на барањата на Византија со скриени закани дека ќе се постави на престолот Орхан, мирниот став се претворил во подготовки за воена акција. Султанот почнал отворено да се подготвува за Опсадата на Цариград, во април-мај 1453.

Цариград 1453

уреди
 
Влегувањето во Цариград

Следниот чекор на Мехмед бил воспоставување контрола над протокот. За таа цел, во текот на летото на 1452 година тој ја изградил на европскиот брег на Босфорот новата тврдина Румелихисар, која заедно со останатите отомански тврдини на азискиот брег ќе може да го блокира сообраќајот во теснецот. Така, во текот на есента тој успешно ја блокирал испораката на храна за Цариград. За време на изградбата, турската армија составена од околу 50.000 војници ги зазела околните места околу Цариград а по завршувањето на тврдината се повлекла. Есента бил извршен и поход кон Пелопонез, кој требал да ги неутрализира византиските напори за евентуална помош на градот.

Опсадата на градот започнала на 2 април 1453 година, а завршила успешно со преземање на градот на 29 мај истата година. Во јули истата година, султанот се вратил во Одрин и веднаш наредил да биде погубен големиот везир Халил-паша, со кое се намалила власта на семејството Чандарли кои во текиот на многу години избирала везири во државата и имала голема улога во управувањето. Првите акции на султанот биле пренесувањето на престолнината од Одрин во Цариград и активното доселување на турското население во градот. Султанот, настапувајќи како римски „василевс„, го презел на себе целокупното раководство над источното христијанство, и за директно управување на бројните христијански заедници бил назначен нов патријарх - Генадиј. Во империјата се охрабрувала верска толеранција. Исто така, Мехмед склучил и договор со Венеција по кое Венецијаните добиле право на своја трговска колонија во Галата.

Белград

уреди
 
Опсада на Белград

Веднаш по падот на Цариград Мехмед II побарал од смедеревскиот деспот Ѓураѓ Бранковиќ да му врати некои земји, отстапени од Мурат, но деспотот тоа го одбил. Во април 1454 година тој спровел поход кон Поморавието и презел две тврдини, останувајќи до крајот на август во Софија, а потоа се вратил во Одрин. Малку подоцна унгарските војници предводени од Јанош Хуњади го принудиле да се повлече. Во 1455 година Мехмед го зазел Ново Брдо, едно од најзначајните рударски центри на Балканот. Ѓураѓ Бранковиќ морал да се обврзе на договор со султанот, а со тоа да ги наруши односите со Унгарците.

Константин Михаиловиќ кој бил заробен во Ново Брдо и одведен во јаничарскиот корпус за зазимањето на градот запишал:

... Оттаму, Султанот тргна во 1455 година и го опколи градот наречен Ново Брдо, односно Сребрена и Златна Планина, и го зазеде, но се договори со нив и им вети на жителите дека ќе можат да останат на нивните имоти и дека нема да им ги земе младите жени и ситната челад. А кога градот се предаде, султанот нареди да се затворат сите порти, освен една. Кога Турците влегоа во градот, им наредија на сите глави на семејствата да поминат низ таа портасо жените и со децата и да остават во куќите сèшто имаат. Еден по еден, тие така и сторија. Асултанот застана пред портата и почна да ги одвојува, машките деца на една страна, женските на друга, мажите во ровот, а жените на четвртата страна. Тогаш нареди сите видни луѓе да се погубат. На другите им беше дозволено да се вратат во градот и никому не му беше забрането да се врати на својот имот. Одбра 320 момчиња и 704 жени. Жените им ги даде на своите поданици-неверници, а момчињата ги зеде засебе за јаничари и ги испрати преку море, во Анадолија, каде што ги држат. Јас, кој го пишувам ова, живеев во градот Ново Брдо и бев вака земен со моите двајца браќа.

Во 1454-1455 година османлиската флота разграбила некои егејски острови, по што Мехмед влегол во конфликт со Република Џенова. На крајот на 1455 година ги зазел островите Стара и Нова Фокеја, а во јануари 1456 година лично раководел со заземањето градот Енос. Во јуни истата година Османлиите ја освоиле и Атина, која дотогаш била под власта на фирентинската фамилија Акајули. За освојувањето на Атина, Мехмед II дознал додека логорувал во близина на Белград.

Во меѓувреме Османлиите и Унгарците започнале да се подготвуваат за нова војна. Мехмед во почетокот на јули ја ставил под опсада клучната гранична тврдина Белград. Кон градот било донесено големо количество артилерија, а во реката Дунав биле изградени бродови. Еден од најзначајните настани од оваа опсада било уништувањето на османлиската флота на 14 јули 1456 година на реката Дунав. Согледувајќи дека градот нема да можат да го заземат преку Дунав, Османлиите се решиле да нападнат со сите свои сили по копнен пат на 21 јули. Опсадата на Белград, подоцна, била опишена како решавачка судбина за христијанството од страна на Папа Каликст III.[2]

Србија, Пелопонез и Трабзон

уреди
 
Портрет на султанот

По повлекувањето на османлиските сили од Белград, папа Калист III кон крајот на 1456 година организирал поход на чие чело застанал Арагон и навлегол во Егејско Море со воена флота, зазимајќи ги островите Лемнос, Тасос и Самотраки. Како одговор на тоа Османлиите го ограбиле Лесбос и бил склучен договор според кој католичките острови и области требале да му плаќаат данок на султанот.

Во пролетта 1458 година Мехмед започнал нов поход кон Пелопонеското деспотство. На 15 мај го опсадил Коринт и во август го зазел, а во исто време навлегле длабоко во Пелопонез и ги ограбиле градовите. Деспотот Димитар Палеолог склопил договор со султанот на кого му биле предадени Патрас, Калаврита, Гребен и земјите кои му припаѓале на деспотот Константин. Истиот договор бил потврден и од братот на Димитар, Тома Палеолог. Голем дел од Пелопонез, оттогаш припаднал на османлиската држава.

Во пролетта 1457 година починал смедеревскиот деспот Ѓураѓ Бранковиќ и бил наследен од својот син Лазар Бранковиќ кој исто така починал неколку месеци подоцна. Во следните месеци помеѓу српската аристократија избил конфликт. Едната страна била проосманлиски ориентирана а другата проунгарски. Ова му дало шанса на Мехмед повторно да организира поход, но бидејќи бил на Пелопонез оваа задача му била доделена на големиот везир Махмуд-паша. Тој успеал да го заземе Смедерево, Голубац и Митровица по кое бил формиран Смедеревскиот санџак. Махмуд заминал за Скопје каде се сретнал со султанот и армијата од Пелопонез. Во 1459 година Мехмед заминал кон Амасра, џеновска територија на Црно Море, кое се предало без војна.

Во 1460 година султанот се замешал во конфликтот меѓу пелопонеските деспоти и искористувајќи го конфликтот успеал да го заземе целиот Пелопонез со исклучок на Монемвасија која била предадена на папата. Деспотот Тома заминал во Рим, додека пак Димитар станал владетел на Имброс и Лемнос како награда од султанот.

Во пролетта на 1461 година султанот Мехмед организирал воен поход против Трапезундската империја која била под власта на византиската династија Комнини. Кон Трабзон се насочиле воени бродови и пешадија на чело со султанот. По шест месеци градот заедно со неговата територија капитулирале и биле приклучени кон територијата на Османлиската Имприја.

Во 1462 година пак силите на влашкиот војвода Влад Цепеш наредил погубување на султановите пратеници по кое ја поминал реката Дунав кај Никопол и ја разграбил Северна Бугарија. Мехмед нормално одговорил со мобилизација на војската и напад по кое Влад побегнал во Унгарија а на негово место бил поставен неговиот брат Раду, кој управувал како османлиски вазал. Воените походи на Мехмед продолжиле кон Босна и Херцеговина каде биле заземени териториите на Стефан Вукчиќ.

Војна со Венеција

уреди

Османлиските успеси во Егејско Море директно ги застрашиле венецијанските тењритории во регионот и по деветгодишен мир во 1463 година Венецијанската Република објавила војна на Османлиското Царство. До конфликт дошло по заземањето Аргос од страна на Османлиите. Истата година, во август Венеција успеала да си го врати Аргос и го опседнала Коринт. Доаѓањето на османлиските сили на чело со Махмуд-паша ги принудило на Венеција да ја напушти опсадата на Коринт, но и покрај тоа тие ја задржиле контролата над Пелопонез.

Венеција стапла во дипломатски контакт со Папаската држава, Унгарија, Бургундија и Караманија за заеднички поход против Османлиите. Уште во 1463 година, унгарскиот крал и син на Јанош, Матјаш Корвин навлегол во Босна и ги зазел тврдините Јајце и Звечаи. Но во следните месеци поголемиоит дел од сојузниците се откажале од походот по најразлични причини.

Во 1464 година Венеција го зазела островот Лемнос и го опсадила Митилини. Во август 1464 година дуждот Кристофоро Моро и папа Пиј II се состаниле во Анкона каде се планирало нов крстоносен поход против Османлиите во Пелопонез, но планот не успеал поради смртта на папата. Во 1464 година исто така починал и емирот на Караманија и земјата била воведена во граѓанска војна започната од неговите синови за превласт. Најголемиот негов син Исак бил поткрепен од страна на емирот на Акојунлу Узун Хасан а помалиот од Османлиското Царство. Во почетокот силите на Узун Хасан навлегле во Караманија и го поставиле на Исак на престолот по кое бил склучен сојуз со Венеција но во пролетта на 1465 година Мехмед ги испратил своите сили во Караманија и Исак побегнал а по неколку месеци и починал.

Истата година Мехмед се обидел да го искористи Скендербег како посредник за склучување на мир со Венеција на кое тој не се согласил. Најверојатно ова била причината следната пролет султанот со огромна војска да замине кон територијата на денешна Албанија. Во текот на овие походи врз населението било извршено масакар а во истиот период била изградена и тврдината Елбасан, по кое османлиските сили се повлекле. Кон крајот на 1466 година Скендербег пристигнал во Рим за да побара помош која не му била одобрена. По враќањето во Кроја, Скендербег успеал да ги победи османлиските сили кои се наоѓале во околината на Кроја и започнал со опсада на Елбасан. Следната година Османлиите успеале да ја заземат Албанија со исклучок на градовите Скадар, Дришт, Леска, Кроја и Драч кои останале под контрола на Венеција. Самиот Скендербег починал во Леска по една година.

Во 1467 година во Тракија имало епидемија од чума. Поради тоа султанот овој период ги поминал во Видин и Никопол.

Караманија

уреди

По заземањето на Албанија од Османлиите, Венеција и Унгарија побарале склучување на мир. Во есента 1467 година починал египетскиот султан Хошкадем и земјата била зафатена од граѓанска војна. Мехмед во ова видел прилика за проширување на своите територии во Египет. Во 1467 година емирот на Дулкадар и вазал на Османлиите навлегол во Сирија и успеал да го зазема Дамаск. Следната година Мехмед со голема војска заминал кон Дамаск но емирот на Караманија која била вазал во тоа период откажал да се присоедини кон неговиоте војски. Мехмед по ова се свртел кон Караманија и ја зазел престолнината Конија. Како виновник за неуспешниот поход бил прогласен Махмуд-паша кој бил сменет од својата функција.

Во 1469 година Венеција започнала нова војна во која бил заземен Енсос. Мехмед започнал со подготовка на нов поход на чие чело го поставил Махмуд-паша. Мехмед успеал да го заземе Негропонте и дел од пелопонеските земји под власт на Венеција. Во исто време во Караманија починал Пир Ахмет а неговиот брат и наследник повторно ја активирал војната со Османлиите. Во 1471 година била заземена Аланија која била вазалска земја на Караманија.

Во 1472 година започнала решителната војна со емиратството Акојунлу. Емирот Узун Хасан имал претензии кон Трапезунд и сакал да ја врати Караманија под власта на Пир Ахмет. Неговите сили ги ограбиле Сивас и Токат и го зазел градот Кајсери. Локалните османлиски сили се повлекле на запад за да ја причекат османлиската армија на чело со султанот. Силите на Акојунлу во исто време биле во контакт во Венеција кои неуспешно ја нападнале Анталија. Малку подоцна бил ограбен градот Измир. Во есента на 1472 година Узун Хасан ги нападнал египетските градови Малатија и Халеб но без успех. Овој поход бил причина за создавање на сојуз меѓу Османлиите и Мамелуците во Египет.

Во пролетта на 1473 година, Мехмед заедно со околу 260.000 армија заминал кон источните делови на Анадолија за да се пресмета со Узун Хасан кој имал приближно ист број на војска. На 4 август Османлиите сакале да ја преминат реката Еуфрат но не успеале и доживеале голем пораз. Но Узун Хасан не го искористил тоа туку се задоволил со следење на османлиските сили кои продолжиле кон северните делови. На 11 август тој конечно се решил за напад кај Бајбурд но доживеал пораз и побегнал од бојното поле. Султанот Мехмед по ова ги зазел Бајбурд и Карахисар и се вратил во Цариград. Следната година Османлиите конечно ја зазеле целата територија на Караманија.

Во текот на 1474 година османлиските војски на чело со румелискиот бејлербег Сулејман-паша го нападнал градот Шкодра, најважната тврдина на Венеција во Албанија. И покрај обидот прекинување на опсадата, таа продолжила до јули кога Османлиите се повлекле. Причина за ова повлекување била објавената војна на молдавскиот војвода Стефан. Така во јануари 1475 година Сулејман-паша доживеал пораз во Битката кај Баслуј.

Истата година во Крим избувнала војна меѓу ханот Менгли Гирај и двајцата претенденти за неговиот престол во џеновската колонија Кафа. Во текот на истата година Османлиите ги зазеле сите џеновски територии во регионот, а италијанското население било однесено во Цариград. По овој поход Кримското ханство станала вазална земја на Османлиското Царство.

Оваа прикика била повторно искористена од Венеција која во 1476 година започнала повторно воена акција во Егејско Море, напаѓајќи го и анадолското крајбрежје. Во 1478 година започнала опсада на Шкодра, а по пат била опседната повторно Кроја која на крајот се предала на Османлиите. Во 1479 година бил склучен мир со венеција. Во следните месеци биле заземени островите Кефалонија, Левкада и Закинтос кои се наоѓале под власта на Леонардо III Токо како и Отранто.

Смрт

уреди

Мехмед починал на 3 мај 1481 година, на возраст од четириесет и девет години и бил погребан во неговото турбе на гробиштата во Фатих џамија. Неговиот лекар Јакуб-паша изјавил дека султанот бил отруен.

Успеси на Мехмед II

уреди

Наводи

уреди
  1. ^ الشقائق النعمانية في علماء الدولة العثمانية، صفحة 52 نقلاً عن تاريخ الدولة العثمانية، صفحة 43
  2. „Pope Calixtus III account from 14 August 1456 to the Burgundian bishop talking about the saviour of Christianity at Belgrade“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2013-01-02.