Сутјеска
река во Босна и Херцеговина
Сутјеска (српскохрватски: Sutjeska/Сутјеска) — река во Република Српска, Босна и Херцеговина, притока на Дрина, во која се влева кај Фоча. Зборот „сутјеска“ значи кратка клисура.
Реката е најпозната како место на одигрување на значајната Битка на Сутјеска (1943) во Втората светска војна.
ГеографијаУреди
Сутјеска е сместена во Националниот парк „Сутјеска“ и ја дели планината Зеленгора од планините Маглиќ, Волујак и Биоч, со впечатлива клисура длабока 1.200 м и долината Тјентиште.
Поради големиот пад од 1.037 метри, Сутјеска е многу брза и располага со околу 20.000 кВч хидроенергија.[1]
ПритокиУреди
Реката ги има следниве притоки:
- леви: Клобучарица, Јабучница и Хрчавка;
- десно: Сушки Поток, Приевор и Перуќица.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Енциклопедија на Југославија: Србија – Ж (книга VIII). „Југословенски лексикографски завод“, Загреб, 1971.
Надворешни врскиУреди
„Сутјеска“ на Ризницата ? |