Свеќник[1][2], свешник[3][4] или шандан[5][6] — направа која се користи за држење на свеќа. Свеќниците имаат сад или шилец („боцка“) или и двете за да ја држат свеќата.

Британски неокласичен свеќник, 1774-1775, сребро, целокупна: 29,5 × 15,6 × 15,6 см; Метрополитен музеј (Њујорк)

Пред обезбедувањето на електричната енергија, свеќите се пренесувале меѓу собите со помош на посебен, краток свеќник со сад за да се собира восокот што капе.[7]

Иако електричното осветлување ги исфрли свеќите во поголемиот дел од светот, свеќниците и канделабрите сè уште се користат во домовите како украсни елементи или за додавање атмосфера во посебни прилики.

Религиозна употреба уреди

 

Свеќите и свеќниците исто така често се користат во религиозни ритуали и за духовни средства и како функционални и симболични светла.

Во еврејските домови, секој петок на зајдисонце се палат две свеќи за да го означат почетокот на саботата, па затоа често се изложуваат свеќници. Свеќник со седум гранки, познат како менора, е национален симбол на државата Израел, заснован на свеќниците што се користеле во Ерусалимскиот храм во античко време. Друг посебен свеќник што се наоѓа во многу еврејски домови е ханукијата, менора за Ханука која има осум свеќи плус една дополнителна за палење на другите.

Високите свеќници и олтарните светилки често се наоѓаат и во христијанските цркви.[8]

Посебен сет од канделабри со две и три гранки наречени дирион и трикирион се користи од источните католички и источните православни епископи за да ги благословуваат луѓето на богослужбите.

Пред 1955 година во Католичката црква се користел троен свеќник .

Наводи уреди

  1. „свеќник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „свеќник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „свешник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „свешник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „шандан“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „шандан“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. Snowdon, Louise (August 10, 2017). „What is a Chamberstick?“. AC Silver. Архивирано од изворникот на 2017-08-18.
  8. Catholic Encyclopedia: Altar Candlesticks“. Посетено на 14 October 2014.

Надворешни врски уреди