„Жед“ e македонски игран филм од 1971 година, снимен по сценарио на Живко Чинго, а во режија на Димитрие Османли. Главните улоги ги толкуваат: Дарко Дамески, Ацо Јовановски, Драги Костовски и Јадвига Митревска. Монтажер е Миланка Нановиќ, а музиката ја компонирал Трајко Прокопиев. Филмот трае 84 минути, а снимен е во колор-техника, со 35. милиметарска камера.[1]

„Жед“
РежисерДимитрие Османли
СценаристЖивко Чинго
Главни улогиАцо Јовановски
Дарко Дамески
Павле Вуисиќ
Петре Прличко
Драги Костовски
Коле Ангеловски
Жанрсоцијален
МузикаТрајко Прокопиев
ДистрибутерФилмско студио Скопје
Премиера1971
Времетраење84 мин.
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Кратка содржина

уреди

Жителите на едно село во пасивен македонски крај својата егзистенција ја обезбедуваат испраќајќи ги мажите на печалба. Во селото работат и живеат три учителки, младите девојки Елица, Марија и Николина, и секоја на свој начин се обидува да му даде смисла на животот кој им е наметнат во оваа средина. Најголем проблем во селото е снабдувањето со вода. Од далечниот планински извор водата ја носи водоносецот Марко, кој е вљубен во сиромашната девојка Кате. Нивната врска нема перспектива поради исклучителната сиромаштија во која живеат. Монотонијата на селскиот живот се разбива со доаѓањето на групата рударски инженери кои во планината вршат истражувања. Меѓу нив е и инженерот Виктор, кој го привлекува вниманието на учителката Марија. Таа е во дилема дали да ја прифати можноста да замине со него од селото и коренито да го измени својот живот. Сепак, пресудна е нејзината желба да им се помогне на децата и жителите од селото и таа останува. Враќањето на остарениот печалбар Трендафил, вујко на Кате, претставува своевиден настан за животот на селото. Судбината на многумина во селото зависи од „богатството“ на вујкото кој се врати од Америка. Внуката Кате се надева дека ќе и биде овозможено да се оствари нејзината љубов кон водоносецот Марко и желбата да има свое семејство. Интерес покажува и учителката Елица, сметајќи дека парите од стариот печалбар ќе значат излез за бегство од селото. Но, место за надеж нема, бидејќи Трендафил се враќа од Америка без печалба. Надежите на многумина се изневерени. Кате останува сама, бидејќи Трендафил заминува на печалба; Елица се соочува со уште едно разочарување, а стариот печалбар умира осамен и презрен од сите.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди