Јужна патека (филм)
Јужна патека — македонски филм од 1982 година, во режија на Стево Црвенковски, кој е и автор на сценариото, заедно со Гојко Шкариќ. Главните улоги ги толкуваат: Коле Ангеловски, Неда Арнериќ, Петар Арсовски, Александар Берчек, Маја Оџаклиевска и Милица Стојанова.[1]
„Јужна патека“ | |
---|---|
120 Плакат за филмот | |
Режисер | Стево Црвенковски |
Сценарист | Стево Црвенковски Гојко Шкариќ |
Главни улоги | Коле Ангеловски Неда Арнериќ Петар Арсовски Марин Бабиќ Александар Берчек Маја Оџаклиевска Милица Стојанова Александар Ѓорѓиев |
Музика | Љупчо Константинов |
Монтажа | Чемчев Вангел-Лаки |
Дистрибутер | Вардар филм |
Премиера | 1982 |
Времетраење | 108 минути |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Синопсис
уредиВо домот, во кој постојано се слушаат расправиите на мајката Неда и нејзината ќерка, се очекува пристигнувањето на синот Ѓорѓи, по завршувањето на постдипломските студии во друг град. Мајката, која нема големи приходи, принудена е да ја изнајмува едната соба од куќата на потстанари. Веднаш по пристигнувањето во домот, Ѓорѓи се соочува со новата потстанарка. На негово големо изненадување, тоа е Ана, неговата поранешна девојка. Не можејќи да се снајде во неочекуваната ситуација, Ѓорѓи веднаш оди кај својот другар Данчо. Ја наоѓа само неговата сопруга, која го известува дека нивниот брак се распаѓа...[2]
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиЈужна патека на МИФЦ.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |