Македонска крвава свадба (филм)

Македонска крвава свадба е македонски филм од 1967 година, режиран од Трајче Попов, со Коле Ангеловски, Вера Чукиќ, Драгомир Фелба, Зафир Хаџиманов, Драги Костовски, Петре Прличко, Ристо Шишков, Јанез Врховец и Павле Вуисиќ во главните улоги.[1] Филмот е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година.

„Македонска крвава свадба“
Македонска крвава свадба.jpg
плакат од филмот
РежисерТрајче Попов
СценаристСлавко Јаневски
НастапуваатКоле Ангеловски
Вера Чукиќ
Драгомир Фелба
Зафир Хаџиманов
Драги Костовски
Петре Прличко
Ристо Шишков
Јанез Врховец
Павле Вуисиќ
МузикаКирил Македонски
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар Филм
Премиера1 јануари 1967
Времетраење102 мин
ДржаваМакедонија Македонија
ЈазикМакедонски

Кратка содржинаУреди

Филмот ја раскажува приказната за девојката Цвета (Вера Чукиќ) која е грабната од страна на еден османски бег (Ристо Шишков) и потоа однесена на неговиот харем. Иако бегот се обидува да ја потурчи, нејзината упорност, како и нејзините соселани, предводени од саканикот Спасе (Зафир Хаџиманов) и локалниот поп (Павле Вуисиќ), потпомогнати од дипломатите на големите сили на крајот успеваат да ја ослободат. На денот на нејзината свадба, доаѓаат бегот и неговите војници во обид да ја повратат девојката. Цвета умира, но Спасе успева да го убие бегот и потоа „заминува со комитите“.[1]

НаградиУреди

БелешкиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Македонска крвава свадба“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-15.

Надворешни врскиУреди