Историја на Будимпешта

Будимпешта, вклучувајќи ги замокот Будим и Авенијата Андраши
светско наследство на УНЕСКО
КритериумCultural: ii, iv
Навод400
Запис1987 (11 заседание)
Дополнувања2002

Праисторија

уреди

Познатата историја на Будимпешта започнува со населувањето на Келтите на овие простори по должината на ридот Гелерт, во околу 1 век п.н.е. Според археолошките ископувања, овој регион бил густо населен. Населението на градот се занимавало главно со занаетчиство[1] . На овие простори биле откриени различни монети кои укажуваат дека градот претставувал голем трговски центар. градот бил заземен од страна на Римјаните во почетокот на христијанската ера. Тогаш градот го добил името Аквинкум (Aquincum), основан околу 89 година од новата ера, на место на стара келтска населба во близина на местото каде што настанала Обуда. Аквинкум од 106 година, па сè до крајот на 4 век бил главен град на римската провинција Долна Панонија. На местото на денешна Пешта бил изграден градот Контра или Транс Аквинкум (Contra Aquincum или Trans Aquincum). Населението на градот било околу 20.000 жители.

Среден век

уреди

Римјаните од градот се повлекле во текот на 5 век, каде истиот бил заземан од страна на Хуните. Германските племиња, Ломбардите, Аварите и Словените минувале преку овие простори во времето на т.н. втора фаза од големата преселба на народите. Областа околу 900 година ја освоиле Унгарците, кои после еден век го формирале Кралството Унгарија.

Во времето кога Унгарците навлегле во Панонија во 862 година, тие го поканиле својот сојузник Ротислав I да застане повторно на нивна страна бидејќи започнале Унгарско-бугарските војни. По триесетгодишни војни и битки, во 829 година бил потпишан договор според кој градот станал граница помеѓу двете земји. По крајот на војната, градот започнал брзо да се развива, благодарение на француските, германските доселеници.

Ренесанса

уреди

Кога ја уништиле Монголите во 1241 година, Пешта веќе била значајно и големо место, и поради тоа повторно била брзо изградена, но Будим бил седиште на кралскиот двор од 1247, а во 1361 година станал главен град на Унгарија. Периодот на ренесансата доста влијаел за развитокот на градот. Значителе дел на градбите вклучувајќи ја и библиотеката се изградени во тој стил.

По Мохачката битка од 1526 година и големата победа кои ја издвојувале Османлиите против христијанските сојузници, станало јасно дека било прашање на време кога ќе биде заземен и самиот град. Битката го означил крајот на Кралство Унгарија. Така, Опсадата на градот се случила во 1541 година. Опсадата резултирала со зазимање на градот Будим од страна на Османлиите на чело со султанот Сулејман I. По оваа победа, Османлиското Царство воспоставила контрола над централна Унгарија. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола[2].

Додека Будим бил седиште на турскиот управник, Пешта била многу запуштена до 1686 кога ја освоиле Хабсбуршките владетели.

18 век

уреди

Пешта од 1723 година била седиште на административниот апарат на кралството, кој најмногу растел во XVIII и XIX век, и иницирал изразит раст во 19 век. Во текот на 18 век градот немал којзнае какво значење бидејќи во близина се наоѓала престолнината Виена, како и Братислава. Како еден од позначајните моменти е тоа што Марија Тереза Австријска го префрлила „Будимпештанскиот факултет“ на кралскиот рид.

19 век

уреди

Спојувањето на трите региони под една администрација, кое било иницирано од страна на унгарската револуционерна влада во 1849, брзо било поништено по повторното воспоставување на власт во тој регион на Хабсбурците. Конечно оваа одлука била спроведена од страна на автономната унгарска кралска влада, воспоставена под дејство на Австроунгарија во 1867 година. Бројот на станари во „обединетата“ престолнина пораснал во периодот од 1840 до 1900 година на 730 000.

20 век

уреди
 
Сечењиевиот ланчен мост.

Во XX век, поголем дел од станарите на градот бидел дел од преградието Ујпешт (Нова Пешта). Таа двојно го зголемила бројот на вкупното населенио во градот помеѓу 1890 и 1910 година. Поголем дел од индустријата на земјата се концентрирала во градот. Човечките загуби на Унгарија од Првата светска војна, а потоа и губењето на што повеќе територии од кралството (1920) како причини задале само привремен удар на бројот на населението, а Будимпешта станала престолнина на малата, но сега суверена држава. До 1930 подолгото градско јадро броело милион станари, со додатни 400 000 во предградијата. Околу третина од 200 000 Евреи во Будимпешта биле убиени за време на нацистичкиот геноцид за време на германската окупација во Втората светска војна. Градот драстично бил рушен за време на советската опсада во зимата 1944, а се опоравил во 1950-тите и 1960-тите. Будимпешта за време на 1980-тите ја поделила судбината со градовите во другите европски држави, кога бројот на станари се намали под дејство на емиграцијата и намалениот наталитет.

По 1989

уреди

Унгарската револуција од 1989 година довела до крајот на советското управување на Унгарија, кое во исто време го означил и падот на комунизмот во земјата. Земјата повторно станала престолнина на новоформираната унгарска република.

Хронологија

уреди
Година Настан
П.н.е.  Неолитски, бакарновременски-, бронзени и железни култури, Келтите направиле свои населби во денешна Будимпешта.
1 век Римјаните ги пронашле населбите познати како Аквинкум, Контра-Аквинкум и Кампона. Аквинкум станал најголемиот град во Дунавскиот регион и еден од главните градов на Панонија.
5 век Година на Хуните. Нивниот водач Атила изградил град за него тука (денешна Будимпешта) според последните извори.
896 После пронаоѓањето на Унгарија, Арпад, водач на Унгарците, се населува во „градот на Атила“, односно Аквинкум.
10 век Од седум до десет унгарски племиња колку што биле на број, четири се населиле на територијата на денешна Будимпешта: Меѓер, Кесзи, Јено и Ниек.
1046 Епископот Гелерт умире во рацете на паганите на местото каде што денеска се наоѓа ридот Гелерт.
1241 За време на татарската инвазија, двата града биле уништени. Кралот Бела IV го изградил првиот кралски дворец на кралскиот рид во 1248 година. Новиот град го зема името Буда од неговиот претходник (денеска Обуда). Пешта била заградена со градски ѕидови.
1270 Света Маргарет умира во манастир на Островот на Зајаците (денешен Маргарет).
1458 Матијас Корвиниј бил избран за нов крал. За време на неговото владеење Буда станала главната точка на европската ренесанса. Умрел во 1490 година, откако Виена била освоена во 1485.
1541 Почеток на отоманската окупација. Отоманските паши изградиле голем број џамии и бањи во Буда.
1686 Буда и Пешта бил реосвоени од Отоманците под хабсбуршко водство. Двата града биле комплетно уништени во борбите.
1690-ти Неколку стотици Германци се населуваат.
1773 Бил избран првиот градоначалник на Пешта.
1777 Марија Тереза Австријска го префрлила „Будимпештанскиот факултет“ на кралскиот рид.
20 мај 1795 Игњат Мартиновиќ и други јакобински водачи се погубени на Вермезо или „Полето на крвта“.
1810 Оган во округот Табан.
1825 Почеток на реформаторската ера. Пешта станува културен и економски центар на државата. Првиот Национале театар бил изграден, заедно со „Унгарскиот Национален Музеј“ и Ланчаниот мост.
1838 Најголема поплава во последно време во март. Пешта била целосно поплавена.
15 март 1848 Почеток на Револуцијата и војната за независност (1848-49). Пешта е заменета со Братислава која сега е главен град на Унгарија и седиште на владата и парламентот.
1849 Австријците го окупираат градот во ран јануари, но унгарската армија за национална одбрана го презема повторно во април, заземајќи ја тврдината во Буда на 21 мај, после 18 дневен отпор. Во јули, хабсбуршката армија повторно ги зазема двата града.
6 октомври 1849 Лајос Батијани, првиот унгарски премиер е погубен.
1867 Компромис меѓу Австрија и Унгарија.
1873 Поранешните градови: Пешта, Буда и Обуда се обединуваат, и со тоа унгарската столица е официјално воспоставена под името Будимпешта.
1878 Електрична струја е инсталирана во центарот на градот.
1893 Електрификацијата на цела Будимпешта е завршена
1896 Милениумски славења, Милениум метрото и мостот на слободата се отворени.
1909–1910 Уличната електрификација е проширена и во предградијата, блиските гратчиња и села добиваат градска струја.
1910 Се случува попис со резултати 880,000 луѓе во Будимпешта и 55,000 во најголемото предградие Ујпешт (сега дел од Будимпешта). Кога станува збор за религиите 60.9% се припадници на католицизмот, 23.1% се Евреи, 9.9% калвинисти и 5.0% лутеранци. Ујпешт е составена од 65.9% католици, 18.4% Евреи, 9.7% калвинисти и 4.5% лутеранци. Процентот на етнички Германци во Будимпешта е 9.0%, а во Ујпешт 5.7%, додека 2.3% од населението се изјаснува како словачко.
1918–1919 Револуција и 133 дена од формирањето на Унгарската Советска Република (март-август 1919) на чело со Бела Кун. Формирана е првата комунистичка влада во Европа после Октомвриската револуција во Русија.
1924 Подигната е Националната унгарска банка.
1925 Унгарското радио започнува со пренос.
1933 Растурањето на собранието на табанците започнува.
19 март 1944 Будимпешта е окупирана од Германците. Во тој период на окупација, имало околу 184,000 Евреи и помеѓу 65,000 до 80,000 христијани кои биле сметани за Евреи во градот. Помалку од половина од нив (околу 119,000) успеале да се спасат во тогашните минати 11 месеци.
26 дек. 1944 - 13 фев. 1945 Советските и романските ја опсадиле Будимпешта од 15 до 18 јануари. Германците кои се повлекувале ги уништиле си мостови на Дунав. На 18 јануари, Пешта целосно била окупирана од СССР. Буда замокот потпаднал под окупација на 13 февруари. Втората светска војна ги одзела животите на околу 200,000 жители на Будимпешта и видно го уништила градот.
23 окт. - 4 ноем. 1956 Настанува унгарска револуција, а завршува со инвазија на голема советска сила.
1960-ти Штетите настанати од војните во поголем број биле поправени. Главниот мост или мостот Елизабет бил завршен во 1965 година.
1970–1972 Првата фаза на исток-запад метрото започнува.
1982 Првата фаза на север-југ метрото започнува.
1987 Замок ридот и бреговите на Дунав се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО.
1990 Градот е дом на 2,016,100 граѓани.
2002 Булеварот Андраси е вклучен на списокот на светско наследство на УНЕСКО, заедно со Милениум метрото, и Плоштадот на хероите.
2006 Унгарски протести.

Наводи

уреди
  1. „Roman Monuments in Budapest“. Aquincum Museum. Архивирано од изворникот на 2008-02-12. Посетено на 2008-02-07. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  2. Garnier, p.200