Долна Панонија (латински: Pannonia Inferior) била римска провинција. Формирана е најверојатно во 103 године, со издвојување од територијата на Панонија, за време на подготовките на царот Трајан за влегување во војна со Дако-Гетите. Во состав на Долна Панонија влегувале делови од денешните Унгарија, Србија, Хрватска и Република Српска.

Карта на Панонија, со најважните грофови. Долна Панонија е обележана со жолта боја.

Поважни градови во Долна Панонија биле: Сирмиум (Sirmium) (денешна Сремска Митровица), Мурса (Mursa) (денешен Осиек), Цертиса (Certissa) (денешно Ѓаково), Марсонија (Marsonia) (денешен Славонски Брод), Цибале (Cibalae) (денешно Винковци), Сопине (Sopianae) (денешен Печуј), Цучиум (Cuccium) (денешен Илок), Аквинкум (Aquincum) кој се наоѓа северно од денешна Будимпешта, итн.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди