Плоштад на хероите
Плоштадот на хероите (унгарски: Hősök tere) претставува еден од главните плоштади во Будимпешта, Унгарија. Се наоѓа во XIV-от округ. Лежи на крајот на булеварот Андраси (кој е дел од светското наследство на УНЕСКО), веднаш до градскиот парк.
Околу градскиот парк се наоѓаат две важни градби, Музејот на убавите уметности од левата страна и Палатата на уметностите од десната. Другит крај на плоштадот продолжува булеварот Андраси чиј почеток го означуваат две градби кој го затвораат плоштадот - едната е станбена зграда, а другата е српската амбасада.
Споменикот милениум е централен дел на плоштадот и обележје на Будимпешта, со статуи на водачите на седум племиња кои ја основале Унгарија, а тука исто така има и статуи на важни личности од унгарската историја. Изградбата на меморијалот започнала во 1896 година, но завршена е во 1929 кога и го добил своето име.
Плоштадот претставува и станица на Будимпештанското метро на линија М1.
Милениумски споменикУреди
Ова е лист на важните личности од унгарската историја чии статуи се наредени во полукружна аркада околу споменикот:
ГалеријатаУреди
„Плоштад на хероите“ на Ризницата ? |