Обуда или Стар Будим (унгарски: Óbuda) претставува поранешен историски град во Унгарија. Се обединил со Будим и Пешта во 1873 година и сега е дел на од третиот Будимпештански округ.

Обуда на картата на Будимпешта.
Градската куќа во Обуда.

Неговиот центар е -{Fő tér}- (Главен плоштад) и е поврзан со друг помал плоштад на кого има скулпутра на луѓе кои чекаат да престане да врне дожд.

Историја

уреди

Првите населби датираат од каменото време. На ова место Римјаните ја изградиле населбата Аквинкум (Aquincum) која била главен град на панонската провинција.

Унгарците дошле на оваа територија после 900 година и Обуда во тоа време служел како престол на племенските водичи, а подоцна и на кралевите. Бела IV на ова место изградил престолнина веднаш после инвазијата на Монголите на Будим која се случила во 1241-1242 година. На 1 јануари 1873 год. се обединил со Будим и Пешта кој заедно ја формирале денешната престолнина на модерната унгарска држава - Будимпешта.

Надворешни врски

уреди