Женска ракометна репрезентација на Црна Гора
Женската ракометна репрезентација на Црна Гора е репрезентација кој ја претставува Црна Гора на меѓународните ракометни натпреварувања во женска конкуренција. Репрезентацијата е под контрола на Ракометниот сојуз на Црна Гора.
Црна Гора | |||
Податоци | |||
---|---|---|---|
Сојуз | Ракометен сојуз на Црна Гора | ||
Тренер | Пер Јохансон | ||
Капитен | Јованка Радичевиќ | ||
Најмногу натпревари | Јованка Радичевиќ (159) | ||
Најмногу голови | Јованка Радичевиќ (874) | ||
Бои | |||
| |||
Резултати | |||
Летни олимписки игри | |||
Настапи | 2 (првпат во 2012) | ||
Најдобар резултат | 2-ро, (2012) | ||
Светско првенство | |||
Настапи | 5 (првпат во 2011) | ||
Најдобар резултат | 5-то, 2019 | ||
Европско првенство | |||
Настапи | 5 (првпат во 2010) | ||
Најдобар резултат | 1-во, 2012 | ||
Последна поднова на податоците: 13 декември 2019. |
Репрезентацијата е формирана во 2006 година, по распадот на Србија и Црна Гора и истата година е примена во ЕХФ и ИХФ. Најголемиот успех на репрезентацијата на Црна Гора е освојувањето на златниот медал на Европското првенство 2012 во Србија, каде во финалето ја победиле најтрофејната репрезентација во женскиот ракомет, Норвешка, по две продолженија. Покрај тоа, Црна Гора има и сребрен медал освоен на Олимписките игри 2012 во Лондон, каде биле поразени во финалето од Норвешка.
Историја
уредиРепрезентацијата е формирана во 2006 година, по распадот на Србија и Црна Гора и истата година е примена во ЕХФ и ИХФ. Својот прв натпревар го одигралала во ноември 2006, во Хеб, Чешка, против Бугарија во квалификациите за Светското првенство 2007 во Франција и победила со 32-28.
Првиот пласман на некое натпреварување бил остварен во 2010 година, кога бил изборен пласман на Европското првенство 2010, после пет победи и едно реми во квалификациите. Црна Гора испаднала во втората рунда, заземајќи го третото место во групата; поразени биле од Франција во натпреварот за петтото место, па така на крајот завршиле како шести на својот деби турнир. Најголемите успеси бил остварени под водство на селекторот Драган Аџиќ. На Олимписките игри 2012 освоиле сребрен медал, откако на одличниот турнир за нив биле сопрени дури во финалето од Норвешка; сепак неколку месеци потоа црногорките го освоиле своето прво злато на турнирите, триумфирајќи на Европското првенство 2012, во Србија со победа во финалето токму над Норвешка после две продолженија.
Откако Бојана Поповиќ се опростила од репрезентацијата, следувал резултатски пад; освоено било четвртото место на Европското првенство 2014, а потоа уште една се поразени од Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство 2015. Негативните резултати кулминирале на Олимписките игри 2016, во Рио де Жанеиро, када настапот го завршиле во групната фази со сите пет порази.
На Светското првенство 2017, Црна Гора била поразена во четвртфиналето од подоцнежаниот шампион Франција со 25-22 и завршила на седмото место, што бил најдобар резултат на популарните лавици на Светските првенства. Сепак, тој резултат бил поправен две години подоцна кога Црна Гора завршила на петтото место на Светското првенство 2019 во Јапонија.
Резултати
уредиЛетни олимписки игри
уредиГодина | Место | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | +/- |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2008 | Не се квалификувале | |||||||
2012 | 2-ро | 8 | 4 | 1 | 3 | 210 | 197 | +13 |
2016 | 11-то | 5 | 0 | 0 | 5 | 107 | 134 | -27 |
2020 | TBD | |||||||
2024 | TBD | |||||||
Вкупно | 2/3 | 13 | 4 | 1 | 8 | 317 | 331 | -14 |
Светско првенство
уредиГодина | Место | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | +/– |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2007 | Не се квалификувале | |||||||
2009 | Не се квалификувале | |||||||
2011 | 10-то | 6 | 3 | 0 | 3 | 162 | 138 | +24 |
2013 | 11-то | 6 | 4 | 0 | 2 | 156 | 114 | +42 |
2015 | 8-мо | 9 | 5 | 1 | 3 | 255 | 229 | +26 |
2017 | 7-мо | 7 | 3 | 1 | 3 | 188 | 181 | +7 |
2019 | 5-то | 9 | 7 | 0 | 2 | 249 | 233 | +16 |
2021 | TBD | |||||||
Вкупно | 5/7 | 37 | 22 | 2 | 13 | 1010 | 895 | +115 |
Европско првенство
уредиГодина | Место | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | +/– |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2008 | Не се квалификувале | |||||||
2010 | 6-то | 7 | 4 | 0 | 3 | 170 | 169 | +1 |
2012 | 1-во | 8 | 7 | 0 | 1 | 215 | 196 | +19 |
2014 | 4-то | 8 | 5 | 0 | 3 | 199 | 187 | +12 |
2016 | 13-то | 3 | 1 | 0 | 2 | 63 | 70 | -7 |
2018 | 9-то | 6 | 3 | 0 | 3 | 160 | 160 | 0 |
2020 | TBD | |||||||
Вкупно | 5/6 | 32 | 20 | 0 | 12 | 807 | 782 | +25 |
Финалиња
уредиОлимписки игри 2012
11 август 2012 20:30 |
Норвешка | 26 – 23 | Црна Гора | Баскетбол арена, Лондон Гледачи: 9,739 Судии: Бонавентура, Бонавентура (ФРА) |
Суланд 10 | (13–10) | 10 Булатовиќ | ||
3× 3× | Извештај | 7× 3× 1× |
Европско првенство 2012
16 декември 2012 17:00 |
Норвешка | 31 – 34 (Прод.) | Црна Гора | Белградска арена, Белград Гледачи: 10,000 Судии: Марин, Гарсија (ШПА) |
Алстад 11 | (11–12) | 10 Кнежевиќ | ||
2× 3× | Извештај | 7× 4× | ||
Прод.: 24–24 Прод.: 4–4, 3–6 |
Играчи
уредиМоментален состав
уредиСостав за Светското првенство 2019.[1][2]
Тренер: Пер Јохансон
Тренери
уреди- Никола Петровиќ (2006-2008)
- Ѓула Цига (2008–2010)
- Драган Аџиќ (2010–2017)
- Пер Јохансон (2017-денес)
Наводи
уреди- ↑ „Johanson objavio konačan spisak za Japan“. rscg.me. Архивирано од изворникот на 2020-01-22. Посетено на 21 November 2019.
- ↑ 2019 World Women's Handball Championship squad
Надворешни врски
уреди- Мрежно место РСЦГ Архивирано на 31 јули 2017 г.
- Црна Гора на мрежното место на ЕХФ