Светско првенство во ракомет за жени 2019

Светско првенство во ракомет за жени 2019 — 24. издание на Светското првенство во ракомет за жени. Првенството се одржало во Јапонија од 30 ноември до 15 декември 2019 година.[1]

Светско првенство во ракомет за жени 2019
Податоци за турнирот
Домаќини Јапонија
Датуми30 ноември – 15 декември
Екипи24 (од 5 конфедерации)
Одржувалишта(во 5 градови-домаќини)
Конечен исход
Првак Холандија
(1. титула)
Второпласиран Шпанија
Третопласиран Русија
Четвртопласиран Норвешка
Статистикa за турнирот
Натпревари96
Дадени голови5179 (53.95 по натпр.)
Гледачи315.748 (3.289 по натпр.)
Најдобар стрелецХоландија Лоис Абинг
(71 гол)
Најдобар играчХоландија Еставана Полман

Холандија ја освоила својата прва титула светски првак, совладувајќи ја Шпанија во финалето со 30-29.[2]

Градови-домаќини

уреди

Организација на Светското првенство му била доверена на регионот Кумамото. Покрај тоа, јапонскиот организационен комитет одлучил да му додели едно место на одржување на Токио со цел подобро да се подготват за Летните олимписки игри 2020. Инаку Кумамото имал и претходно искуство со организација на ракометни турнири, откако бил домаќин на машкиот светски турнир во 1997 година.[3]

Хигаши-ку Минами-ку Ниши-ку Јацуширо Јамага
Парк дом Кумамото
Капацитет: 10.000
Аква дом Кумамото
Капацитет: 6.400
Кумамото Гимнасиум
Капацитет: 3.400
Јацуширо Гимнасиум
Капацитет: 2.500
Јамага Сити Гимнасиум
Капацитет: 2.100
     

Квалификувани репрезентации

уреди
Држава Се квалификувале како Дата на квалификување Претходни учества1
  Јапонија Домаќин 28 октомври 2013 180 (1962, 1965, 1971, 1973, 1975, 1986, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Франција Бранител на титулата 17 декември 2017 130 (1986, 1990, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Бразил Први на Првенство на Јужна и Средна Америка 2018 3 декември 2018 120 (1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Аргентина Втори на Првенство на Јужна и Средна Америка 2018 3 декември 2018 90 (1999, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Кина Полуфиналист на Азиското првенство 2018 4 декември 2018 150 (1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Казахстан Полуфиналист на Азиското првенство 2018 4 декември 2018 40 (2007, 2009, 2011, 2015)
  Јужна Кореја Полуфиналист на Азиското првенство 2018 4 декември 2018 170 (1978, 1982, 1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Австралија Петто место на Азиското првенство 2018 8 декември 2018 70 (1999, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013)
  Сенегал Финалист на Африканско првенство 2018 10 декември 2018 Деби
  Ангола Финалист на Африканско првенство 2018 10 декември 2018 140 (1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  ДР Конго Трето место на Африканско првенство 2018 12 декември 2018 20 (2013, 2015)
  Холандија Полуфиналист на Европско првенство 2018 12 декември 2018 110 (1971, 1973, 1978, 1986, 1999, 2001, 2005, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Романија Полуфиналист на Европско првенство 2018 12 декември 2018 230 (1957, 1962, 1965, 1971, 1973, 1975, 1978, 1982, 1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Русија Полуфиналист на Европско првенство 2018 12 декември 2018 120 (1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2015, 2017)
  Куба НорКа 2019 шампион 2 јуни 2019 30 (1999, 2011, 2015)
  Унгарија Европски квалификации 5 јуни 2019 210 (1957, 1962, 1965, 1971, 1973, 1975, 1978, 1982, 1986, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2013, 2015, 2017)
  Данска Европски квалификации 5 јуни 2019 190 (1957, 1962, 1965, 1971, 1973, 1975, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Германија Европски квалификации 5 јуни 2019 110 (1993, 1995, 1997, 1999, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Норвешка Европски квалификации 5 јуни 2019 190 (1971, 1973, 1975, 1982, 1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
  Црна Гора Европски квалификации 5 јуни 2019 40 (2011, 2013, 2015, 2017)
  Шведска Европски квалификации 6 јуни 2019 90 (1957, 1990, 1993, 1995, 2001, 2009, 2011, 2015, 2017)
  Србија Европски квалификации 6 јуни 2019 30 (2013, 2015, 2017)
  Словенија Европски квалификации 6 јуни 2019 50 (1997, 2001, 2003, 2005, 2017)
  Шпанија Европски квалификации 6 јуни 2019 90 (1993, 2001, 2003, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
1 Болд означува шампион за таа година, Италикс означува домаќин за таа година.

Ждрепка

уреди

Ждрепката била одржана на 21 јуни 2019 во Токио, Јапонија.[4][5]

Носители

уреди

Носителите биле објавени на 19 јуни 2019.[6] Како организатор, Јапонија имала право да ја одбере својата група.

Шешир 1 Шешир 2 Шешир 3 Шешир 4 Шешир 5 Шешир 6

Судии

уреди

[7]

Судии
  Алжир Јусеф Белхири
Саид Али Хамиди
  Аргентина Марија Паолантони
Маријана Гарсија
  НР Кина Ченг Јуфенг
Жу Јунлеи
  Хрватска Давор Лончар
Зоран Лончар
  Данска Карина Кристијансен
Лине Хансен
  Египет Јасмина Ел-Сајед
Хајди Ел-Сајед
  Франција Шарлот Бонавентура
Жули Бонавентура
  Германија Мајке Мерц
Тања Шилха
  Јапонија Којоши Хизаки
Томоказу Икебучи

Судии
  Романија Кристина Настасе
Симона Станку
  Русија Викторија Алпаидзе
Татјана Березкина
  Словенија Бојан Лах
Давид Сок
  Србија Вања Антиќ
Јелена Јаковљевиќ
  Јужна Кореја Ко Бон-ок
Ли Се-ок
  Шпанија Игнасио Гарсија
Андреу Мартин
  Тунис Самир Кришен
Самир Махлуф
  Уругвај Матијас Соса
Кристијан Лемес

Преглед на првенството

уреди

Групна фаза

уреди

Групата А на првенството започнала со мало изненадување за кое заслужна била репрезентацијата на Словенија која ја победила фаворизираната Холандија со 32-26.[8] Во останатите два натпревари од првото коло фаворитите биле сигурни, Србија ја победила Ангола 32-25,[8] односно Норвешка која ја победила Куба со 31 гол разлика (47-16), што била втора најубедлива победа на првенството.[9][10] Второто коло не донело изнедувања, Србија ја победила Куба со убедливи 46-27, а Холандија ја забележала првата победа на турнирот совладувајќи ја Ангола со 35-28.[11] Најинтересно било во третиот натпревар во кој Норвешка со пресврт и одлична игра во второто полувреме ја победила Словенија.[12] Во третото коло Холандија ја победила Куба, додека Ангола ја изненадила Словенија славејќи убедлива победа од 33-24.[13] Во дербито на колото Норвешка во тесен и неизвесен натпревар ја добила Србија со 28-25.[14] Во четвртото коло Норвешка и Словенија забележале победи над Ангола и Куба,[15][16] додека Холандија ја декласирала Србија со 36-23.[17] Во последното коло Србија забележала важна победа над Словенија со која изборила пласман понатаму,[18] Ангола ја победила Куба, додека Холандија и го нанела првиот пораз на Норвешка со 30-28.[19] На крајот, од оваа група натаму минале Холандија со 4 пренесени бода, Норвешка со 2 и Србија без ниту еден пренесен бод.

Во групата Б забележан е лош почеток на турнирот за бранителот на трофејот Франција, која сосема неочекувано загубила од Јужна Кореја 27-29.[8][10] Германија славела над шампионот од 2013 Бразил со 30-24,[8][10] додека Данска без проблеми ја соваладала Австралија со 25 гола разлика (37-12).[10] Во второто коло се забележани дури два нерешени резултати: Бразил - Франција 19-19[20] и Јужна Кореја - Данска 26-26.[21] Единствената репрезентација која забележала победа во ова коло била Германија, која ја совладала Австралија со убедливи 34-8.[22] Третото коло донело нов успех за Јужна Кореја која го совладала Бразил,[23] додека французинките ја забележале својата прва победа на турнирот совладувајќи ја Австралија со огромни 46-7;[23] оваа победа од 39 гола разлика била и најубедливата на турнирот. Во дербито на колото, Германија ја победила Данска во тесен натпревар со еден гол разлика 26-25.[23] Четвртото коло донело победи на Јужна Кореја, Данска и Франција над Австралија, Бразил и Германија. Во последното коло, Бразил ја победил Австралија за петто место во групата, Германија и Јужна Кореја одиграле нерешено 27-27 резултат што и двете екипи ги одвел понатаму, а Данска ја победила Франција со 20-18 и го исфрлила бранителот на титулата од натпреварувањето.[24] На крајот Германија пренела 3 бода во главната фаза, Јужна Кореја 2, а Данска 1.

Почетокот во групата Ц го одбелeжaла убедливата победа на Шпанија над Романија со 31-16.[25] Во другите два натпревари од првото коло, Црна Гора и Унгарија ја оправдале фаворитската улога против Сенегал и Казахстан.[26] Во второто коло, Црна Гора и Шпанија дошле до втората победа во групата победувајќи ги Казахстан и Унгарија,[27] додека Романија забележала многу важна победа против Сенегал за да ги задржи шансите за пласман во главната фаза.[27] Во најинтересниот натпревар од третото коло Црна Гора ја победила Унагрија со 25-24,[14] а до третата победа во групата стигнала и Шпанија која го победила Сенегал 29-20.[23] Во последниот натпревар од колото Романија го победила Казахстан.[23] Во четвртото коло, Црна Гора дошла до уште една минимална победа совладувајќи ја Романија со 27-26,[28] а Шпанија и Унгарија биле сигурни против аутсајдерите Казахстан и Сенегал.[28] Во последното коло Сенегал го победил Казахстан во двобојот на двете репрезентации кој доживеале порази во сите претходни натпревари на турнирот и така го освоиле петтото место во групата. Во натпреварот за првото место, Шпанија ја победила Црна Гора со 27-26, за прво место и максимален број пренесени бодови во следната фаза.[29] Во еден од најинтересните натпревари на првенството се сретнале соседите Романија и Унгарија, во натпревар кој директно одлучувал која репрезентација од оваа група ќе мине понатаму како трета во групата. Во првото полувреме Унгарија имала 7 гола предност, меѓутоа тоа не им било доволно па при крајот Романија успела да го изедначи резултатот, а во последните секунди со гол од пенал на Кристина Њагу дошла до победа (28-27) со која се пласирале во главната фаза.[30] На крајот натаму минале Шпанија со 4 пренесени бода во главната фаза, Црна Гора со 2 и Романија без бодови.

Во првото коло од групата Д немало изненадувања: домаќинот на турнирот Јапонија ја победила Аргентина, Русија ја победи Кина, а Шведска била подобра од ДР Конго. Во второто коло истите три репрезентации ја забележале и втората победа на турнирот Русија ја победила Аргентина, Јапонија била подобра од ДР Конго, додека Шведска ја совладала Кина. Во трето коло Аргентина ја остварила првата победа совладувајќи ја Кина, Русија била убедлива против ДР Конго славејќи убедлива победа од 34-13, додека Шведска ја добила Јапонија со 34-26. Четвртото коло донело нови победи за Русија и Шведска против Јапонија и Аргентина,[15] а својата прва победа на првенството ја забележале и ракометарките на ДР Конго кои во неизвесен натпревар со еден гол разлика ја победиле Кина. Во последното коло, Русија ја победила Шведска 30-22 за прво место во групата, додека Јапонија со победата над Кина од 35-18 ја обзебдила третата позиција и пласман во главната фаза. Во последниот натпревар Аргентина го победила ДР Конго и ја освоила четвртата позиција во групата додека ДР Конго завршиле на петтото место. Од оваа група натаму минале Русија со 4 пренесени бода, Шведска со 2 и Јапонија без бодови.

Главна фаза

уреди

Првото коло од групата 1 од главната фаза донело неколку интересни натпревари. Во првиот Србија ја победила дотогаш одличната Јужна Кореја со 36-33 за први бодови во новата група, додека во неизвесен натпревар Германија ја победила Холандија со 25-23 и го презела првото место во групата. Во последниот натпревар од првото коло, скандинавското дерби и двобојот на два поранешни светски шампиони Норвешка и Данска победа славела репрезентацијата на Норвешка со 22-19. Во второто коло, Србија ја изненадила Германија со 29-28, додека за уште едно изненадување се погрижила Данска совладувајќи ја Холандија со 27-24. Изненадување не дозволила Норвешка која била сигурна против Јужна Кореја за да избие на првото место во групата со бод повеќе од Германија, но со сè уште не обезбеден пласман во полуфиналето. Во последното коло Холандија ја победила Јужна Кореја и дошла на чекор од пласман во полуфиналето што би станало реалност доколку Норвешка и Германија не одиграат нерешено, додека Данска со нерешените 26-26 ја исклучила од трката за полуфинале Србија. Во последниот натпревар кој одлучувал се во групата околу тоа кој две репрезентации ќе минат натаму, Норвешка ја победила Германија со 32-29 и се пласирале во полуфиналето водејќи ја со себе и Холандија како втротопласирана од оваа група. Со поразот Германија, била најголемиот губитник затоа што освен што не минала меѓу четирите најдобри паднала на четвртото место во групата и со самото тоа натпревар за седмото место кое последно води во квалификациите за Олимписките игри, додека Србија завршила како трета во групата и обезбедила место на квалификацискиот турнир и натпреавар за петто место на првенството.

Во групата 2 со победи тргнале Русија и Црна Гора кои ги совладале Романија и домаќинот Јапонија. Последниот натпревар од првото коло меѓу Шпанија и Шведска донел големи возбудувања. Иако Шпанија во еден момент од второто полувреме имала 9 гола предност, Шведска успеала да се врати и да се избори за нерешен резултат 28-28. Во второто коло Русија го заверила својот пласман во полуфиналето совладувајќи ја Црна Гора, додека Шпанија дошла на чекор од тоа да го стори после победата над Јапонија. Во последниот натпревар од колото Шведска ја победила Романија и избила на третото место на табелата. Во последното коло русинките го потврдиле првото место совладувајќи ја Шпанија, меѓутоа и шпанките продолжиле заедно со нив меѓу четирите најдобри благодарение на победата на Црна Гора над Шведска. Со оваа победа црногорките го освоиле третото место во групата и избориле двобој со Србија за петто место, праќајќи ја Шведска во натпревар за седмото место - последно кое води во квалификациите за ЛОИ 2020. Во натпреварот без големо резултатско значење помеѓу двете веќе елиминирани репрезентации Јапонија ја победила Романија и завршила петта во оваа група додека романките останале последни без ниту еден освоен бод.

Полуфинале

уреди

Полуфиналните двојки биле Русија-Холандија и Норвешка-Шпанија.

Во првото полуфинале виден е неизвесен натпревар меѓу Русија и Холандија. Резултатот бил во најголем дел од натпреварот нерешен или водство на една од двете репрезентации со гол предност, а одлуката паднала во последната минута кога холанѓанките преку Лаура ван дер Хејден стигнале до водство, а во самата завршница русинките го промашиле последниот удар и така Холандија победила (33-32) и изборила втрото финале во својата историја нанесувајќи и го првиот пораз на Русија на турнирот.

Во второто полуфинале Шпанија ја изненадила Норвешка совладувајќи ја со 28-22. Првото полувреме било изедначено иако во еден момент Шпанија имала 4 гола предност Норвешка се вратила и на полувреме се отишло со нерешен резултат 13-13. Во второто полувреме Норвешка почнала многу да греши и тоа го искористила Шпанија со една серија од 6-1 пред крајот да го реши победникот. Прво историско финале за Шпанија.

Натпревар за трето место

уреди

Во натпреварот за третото место се сретнале репрезентациите на Норвешка и Русија. Норвежанките подобро го отвориле натпреварот и имале водство минимално водство негде до средината на полувремето кога Русија стигнала до израмнување, а потоа во втората половина од првото полувреме го презеле водство и постојано го зголемувале. На полувремето резултатот гласел 18-15 за Русија. Во второто полувреме Русија рутински ја одржувала предноста која успеала и да ја зголеми и на крајот да победи со пет гола разлика, 33-28. Така Русија стигнала до својот прв бронзен медал на Светските првенства во ракомет за жени и до вкупно петтиот нивен медал од мундијалите по претходните четири златни медали. Норвешка останала без медал на Светското првенство што за последен пат и се случило на првенството во 2013 кога завршиле петти.

Финале

уреди

Во финалето играле репрезентациите на Шпанија и Холандија кои биле во потрага по нивниот прв златен медал во историјата на мундијалите. Последен пат кога две репрезентации без освоен златен медал се сретнале во финалето било на Светското првенство 2013 во Србија, на кое во финалето репрезентацијата на Бразил го победила домаќинот Србија. Инаку, Холандија имала едно финале до ова, пораз од Норвешка во 2015, додека за Шпанија ова било прво финале на Светските првенства во ракомет за жени. Претходно најдобар резултат за Шпанија било третото место од првенството во 2011.

Репрезентацијата на Шпанија подобро го отворила натпреварот и водела со 8-4 до првиот тајмаут кој го побарал селекторот на Холандија. После тајмаутот Холандија се вратила во игра со серија 5-1 и успеала да изедначи на 9-9 во 16-тата минута. Следувал период без гол со многу грешки и пропуштени шанси на двете страни по што во завршницата од првото полувреме подобро се снашле холанѓанките и тие заминале на полувреме со три гола предност 16-13. Во второто полувреме Холандија ја одржувала предноста, пред сè благодарение на расположената Еставана Полман, но во последните 10 минути Шпанија успеала да се приближи на еден гол заостаток. Израмнувањето дошло во 59-тата минута кога Марта Лопес го изедначила резултатот на 29-29. Во следниот напад холанѓанките ја загубиле топката под пасивен напад и Шпанија имала напад од околу 35 секунди за победа.[31] Сепак, ударот на Александрина Кабрал најдобрата ракометарка на Шпанија на првенството на десет секунди до крајот го одбранила Тес Вестер по што следувала вистинска драма. Веднаш по одбраната Вестер се обидела да ја фрли топката напред кон својте соигрчки во контра, меѓутоа додавањето било блокирано од Аиноа Ернандес пивотот на Шпанија.[32] Според судиките на овој натпревар сестрите Бонавентура од Франција, Ернандес била во голманскиот простор на Холандија и намерно и недозволено спречила контра по што и доделиле директен црвен картон и пенал за Холандија.[32] Лоис Абинг била сигурна од седум метри и ја донела на Холандија светската титула шампион.[32] Холандија ја победила Шпанија 30-29 и стигнала до својот прв златен медал во историјата како и директен пласман на Олимписките игри 2020, додека Шпанија со освојувањето на сребрениот медал го забележила својот најдобар резултат на мундијалите.

Групна фаза

уреди

Група A

уреди
Мес Екипа Нат Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Бод Пласман
1   Холандија 5 4 0 1 178 134 +44 8 Главна фаза
2   Норвешка 5 4 0 1 169 115 +54 8 Главна фаза
3   Србија 5 3 0 2 155 143 +12 6 Главна фаза
4   Словенија 5 2 0 3 150 151 −1 4 Испаѓа
5   Ангола 5 2 0 3 142 150 −8 4 Испаѓа
6   Куба 5 0 0 5 122 223 −101 0 Испаѓа
30 ноември 2019
15:00
Србија   32–25   Ангола Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,605
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Николиќ 7 (16–12) 5 Гуиало
  2×  Извештај   1× 
30 ноември 2019
18:00
Холандија   26–32   Словенија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,864
Судии: Кришен, Махлоуф (TUN)
Абинг, Полман 5 (14–15) 12 Станко
  1×  Report   1× 
30 ноември 2019
20:30
Норвешка   47–16   Куба Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 1,871
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Херем, Локе 8 (25–9) 3 Сеспедес, Лусон
  Извештај  

2 декември 2019
12:30
Куба   27–46   Србија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,570
Судии: Кришен, Махлуф (TUN)
Ризо 6 (11–25) 6 три ракометарки
  Извештај   1× 
2 декември 2019
15:00
Ангола   28–35   Холандија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 4,690
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Карлос 9 (12–17) 11 Абинг
  1×  Извештај   2× 
2 декември 2019
20:30
Словенија   20–36   Норвешка Аква дом Кумамото, Минами-ки
Гледачи: 1,680
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Грос 9 (12–13) 8 Росберг Јакобсен
  Извштај  

3 декември 2019
15:00
Холандија   51–23   Куба Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,060
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Малештајн 11 (22–11) 4 Сеспедес
  1×  Извештај  
3 декември 2019
18:00
Словенија   24–33   Ангола Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,280
Судии: Ко, Ли (KOR)
Станко 9 (12–16) 6 Карлос, Касома
  2×  Извештај  
3 декември 2019
20:30
Норвешка   28–25   Србија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 1,970
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Офтедал, Арнцен 7 (13–12) 6 Лишчевиќ
  3×  Извештај   1×  1× 

5 декември 2019
15:00
Куба   26–39   Словенија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,520
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Ризо 7 (15–17) 11 Станко
  2×  Извештај   3× 
5 декември 2019
18:00
Србија   23–36   Холандија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,460
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
три ракометарки 6 (12–20) 8 Полман
  Извештај   2× 
5 декември 2019
20:30
Норвешка   30–24   Ангола Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 1,870
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Арнцен 6 (13–12) 6 Карлос
  3×  Извештај   1× 

6 декември 2019
15:00
Србија   29–27   Словенија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 4,680
Судии: Махлуф, Кришен (TUN)
Поп-Лазиќ 8 (12–11) 10 Станко
  1×  Извештај   2× 
6 декември 2019
18:00
Ангола   40–30   Куба Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,680
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Гуиало 7 (20–16) 7 Лусон
  Извештај   1× 
6 декември 2019
20:30
Холандија   30–28   Норвешка Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,380
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Абинг 6 (14–18) 9 Офтедал
  2×  Извештај  

Група Б

уреди
Мес Екипа Нат Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Бод Пласман
1   Јужна Кореја 5 3 2 0 149 124 +25 8 Главна фаза
2   Германија 5 3 1 1 142 111 +31 7 Главна фаза
3   Данска 5 3 1 1 132 100 +32 7 Главна фаза
4   Франција 5 2 1 2 137 100 +37 5 Испаѓа
5   Бразил 5 1 1 3 119 115 +4 3 Испаѓа
6   Австралија 5 0 0 5 53 182 −129 0 Испаѓа
30 ноември 2019
15:00
Германија   30–24   Бразил Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,300
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Бенке 6 (14–11) 5 Насименто
  1×  Извештај   1× 
30 ноември 2019
18:00
Франција   27–29   Јужна Кореја Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,450
Судии: Лемес, Соса (URU)
Заади 5 (13–12) 12 Риу
  2×  Извештај   1×  1× 
30 ноември 2019
20:30
Данска   37–12   Австралија Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,400
Судии: Ченг, Жу (CHN)
Естергард 6 (17–4) 4 Потоцки 4
  2×  Извештај  

1 декември 2019
15:00
Бразил   19–19   Франција Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,580
Судии: Лах, Сок (SLO)
четири ракометарки 3 (7–10) 3 три ракометарки
  Извештај   2×  1× 
1 декември 2019
18:00
Австралија   8–34   Германија Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,450
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Потоцки 3 (4–16) 6 Лауенрот
  Извештај   1× 
1 декември 2019
20:30
Јужна Кореја   26–26   Данска Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,380
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Риу 9 (13–10) 4 Хејлунд
  1×  Извештај   1×  1× 

3 декември 2019
15:00
Јужна Кореја   33–27   Бразил Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,750
Судии: Амиди, Белхири (ALG)
Риу, Шин 12 (16–14) 9 Аморим
  2×  Извештај   2× 
3 декември 2019
19:00
Франција   46–7   Австралија Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,540
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Котанеа 7 (21–3) 4 Потоцки
  1×  Извештај   1× 
3 декември 2019
20:30
Данска   25–26   Германија Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,000
Судии: Соса, Лемес (URU)
Јоргенсен 5 (11–13) 7 Бенке
  1×  Извештај   2× 

4 декември 2019
15:00
Австралија   17–34   Јужна Кореја Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,590
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Потоцки 10 (10–18) Ли 5
  1×  Извештај  
4 декември 2019
19:00
Германија   25–27   Франција Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,950
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Болк 8 (12–14) 4 Заади
  2×  Извештај   1× 
4 декември 2019
20:30
Данска   24–18   Бразил Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,100
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
С. Јоргенсен 6 (11–9) Виеира 5
  1×  Извештај  

6 декември 2019
15:00
Бразил   31–9   Австралија Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,490
Судии: Ченг, Жу (CHN)
Бело 5 (15–5) 7 Потоцки
  1×  1×  Извештај  
6 декември 2019
19:00
Германија   27–27   Јужна Кореја Јамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 2,100
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Бенке 7 (15–14) 10 Риу
  2×  Извештај  
6 декември 2019
20:30
Франција   18–20   Данска Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,600
Судии: Лах, Сок (SLO)
Лакрабер 6 (7–9) 7 С. Јоргенсен
  3×  Извештај  

Група Ц

уреди
Мес Екипа Нат Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Бод Пласман
1   Шпанија 5 5 0 0 159 103 +56 10 Главна фаза
2   Црна Гора 5 4 0 1 137 123 +14 8 Главна фаза
3   Романија 5 3 0 2 121 129 −8 6 Главна фаза
4   Унгарија 5 2 0 3 145 117 +28 4 Испаѓа
5   Сенегал 5 1 0 4 119 137 −18 2 Испаѓа
6   Казахстан 5 0 0 5 92 164 −72 0 Испаѓа
30 ноември 2019
15:00
Црна Гора   29–25   Сенегал Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,900
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Јауковиќ 7 (14–15) 5 Кеита, Санкаре
  3×  Report   1× 
30 ноември 2019
18:00
Романија   16–31   Шпанија Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,300
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Њагу 6 (9–16) 6 Кабрал, Фернандес
  2×  Report   1× 
30 ноември 2019
18:00
Унгарија   39–15   Казахстан Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,800
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Мартон, Шацл 7 (22–8) 5 Абилда
  Извештај

1 декември 2019
15:00
Казахстан   21–30   Црна Гора Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,910
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Александрова 5 (11–13) 9 Радичевиќ
  Извештај   1× 
1 декември 2019
18:00
Шпанија   29–25   Унгарија Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,600
Судии: Кристијансен, Хансен (DEN)
Кабрал 7 (18–13) 5 Товизи
  1×  1×  Извештај   1× 
1 декември 2019
18:00
Сенегал   24–29   Романија Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,850
Судии: Ко, Ли (KOR)
три ракометарки 6 (12–15) 13 Њагу
  2×  Извештај   4× 

3 декември 2019
15:00
Унгарија   24–25   Црна Гора Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,600
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Шацл 7 (12–13) 8 Радичевиќ
  2×  Извештај   1×  1× 
3 декември 2019
15:00
Шпанија   29–20   Сенегал Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,950
Судии: Лах, Сок (SLO)
Кабрал 8 (14–13) 6 Камара
  3×  Извештај  
3 декември 2019
19:00
Романија   22–20   Казахстан Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,810
Судии: Ченг, Жу (CHN)
Пинтеа 5 (14–11) 6 Хардина
  1×  Извештај  

4 декември 2019
15:00
Црна Гора   27–26   Романија Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,700
Судии: Кристијансен, Хансен (DEN)
Радичевиќ, Раичевиќ 6 (11–12) 11 Њагу
  3×  1×  Извештај   1×  1× 
4 декември 2019
15:00
Казахстан   16–43   Шпанија Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 2,000
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Абилда, Рејеметова 3 (11–19) 10 М. Лопес
  Извештај  
4 декември 2019
19:00
Унгарија   30–20   Сенегал Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 2,020
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Ковач 6 (17–9) 6 Санкаре
  1×  Извештај   1× 

6 декември 2019
15:00
Сенегал   30–20   Казахстан Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,700
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Камара 8 (15–7) 7 Абилда
  Извештај   1×  1× 
6 декември 2019
15:00
Црна Гора   26–27   Шпанија Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 2,000
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Радичевиќ 7 (14–14) 6 Кабрал, Пена
  Извештај   2× 
6 декември 2019
19:00
Романија   28–27   Унгарија Јацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 2,500
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Њагу 10 (10–16) 6 Ковачич, Шабо
  2×  Извештај   2× 

Група Д

уреди
Мес Екипа Нат Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Бод Пласман
1   Русија 5 5 0 0 158 91 +67 10 Главна фаза
2   Шведска 5 4 0 1 144 114 +30 8 Главна фаза
3   Јапонија 5 3 0 2 136 121 +15 6 Главна фаза
4   Аргентина 5 2 0 3 124 133 −9 4 Испаѓа
5   ДР Конго 5 1 0 4 86 137 −51 2 Испаѓа
6   Кина 5 0 0 5 100 152 −52 0 Испаѓа
30 ноември 2019
15:00
Јапонија   24–20   Аргентина Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 9,100
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Охјама 5 (14–10) 7 Карстен
  2×  Извештај   2× 
30 ноември 2019
18:00
Русија   26–11   Кина Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 4,900
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Манагарова 5 (13–6) 4 Чен
  Извештај  
30 ноември 2019
20:30
Шведска   26–16   ДР Конго Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,230
Судии: Антиќ, Јаковљевиќ (SRB)
Лагерквист 6 (11–8) 6 Мвасеса
  3×  Извештај   1× 

2 декември 2019
15:00
Аргентина   22–35   Русија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,628
Судии: Ченг, Жу (CHN)
три ракометарки 4 (12–17) 5 Горшенина
  3×  Извештај   1×  1× 
2 декември 2019
18:00
ДР Конго   16–28   Јапонија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 4,476
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Нго 4 (9–17) 6 Охјама
  1×  Извештај  
2 декември 2019
20:30
Кина   19–32   Шведска Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,100
Судии: Stancu, Năstase (ROU)
Џин 5 (7–16) 4 три ракометарки
  1×  Извештај   2× 

3 декември 2019
14:30
Русија   34–13   ДР Конго Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,765
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Манагарова 6 (19–7) 5 Мвасеса
  Извештај   1× 
3 декември 2019
17:00
Кина   28–34   Аргентина Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Судии: Антиќ, Јаковљевиќ (SRB)
Џин 10 (13–18) 12 Карстен
  Извештај   1× 
3 December 2019
19:30
Шведска   34–26   Јапонија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,375
Судии: Кришен, Махлуф (TUN)
Блом 7 (20–13) 5 Танабе
  1×  Извештај  

5 декември 2019
15:00
ДР Конго   25–24   Кина Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,729
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Мвасеса 12 (10–11) 8 Џин Менгкинг
  2×  1×  Извештај   1× 
5 декември 2019
18:00
Јапонија   23–33   Русија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,220
Судии: Антиќ, Јаковљевиќ (SRB)
Сасаки 7 (16–16) 8 Сен
  1×  Извештај   1× 
5 декември 2019
20:30
Шведска   30–23   Аргентина Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,442
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Масинг 5 (14–11) 8 Мендоса
  1×  Извештај   2× 

6 декември 2019
15:00
Јапонија   35–18   Кина Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 8,310
Судии: Соса, Лемес (URU)
Акијама 8 (17–8) 5 Сун
  2×  Извештај   2× 
6 декември 2019
18:00
Аргентина   25–16   ДР Конго Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,950
Судии: Кристијансен, Хансен (DEN)
Карстен 8 (9–13) 5 Мвасеса
  2×  Извештај  
6 декември 2019
20:30
Русија   30-22   Шведска Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 3,826
Судии: Ко, Ли (KOR)
Фролова 11 (16–12) 8 Гулден
  3×  Извештај  

Президентс куп

уреди

Разигрување од 21-во до 24-то место

уреди
 
21-во–24-то место полуфинале21-во место
 
      
 
8 декември
 
 
  Куба45
 
9 декември
 
  Австралија25
 
  Куба (пен.)33
 
8 декември
 
  Казахстан31
 
  Казахстан29
 
 
  Кина23
 
23-то место
 
 
9 декември
 
 
  Австралија15
 
 
  Кина33

21-во-24-то место полуфинале

уреди
8 декември 2019
10:00
Куба   45–25   Австралија Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 800
Судии: Лемес, Соса (URU)
Роберт, Телес 7 (25–16) 10 Потоцки
  1×  2×  Извештај   1× 

8 декември 2019
12:30
Казахстан   29–23   Кина Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,000
Судии: Антиќ, Јаковљевиќ (SRB)
Реџеметова 8 (16–15) 7 Џин
  1×  Извештај   1× 

Натпревар за 23-то место

уреди
9 декември 2019
12:30
Австралија   15–33   Кина Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,920
Судии: Лемес, Соса (URU)
Потоцки 9 (7–17) 11 Чен
  1×  Извештај   2× 

Натпревар за 21-во место

уреди
9 декември 2019
12:30
Куба   33–31 (Прод.)   Казахстан Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,700
Судии: Ченг, Жу (CHN)
Камехо, Толедо 7 (15–14) 9 Хардина
  3×  1×  Извештај  1× 

Рег.: 29–29 Прод.: Пен.: 4–2

Разигрување од 17-то до 20-то место

уреди
 
17-то–20-то место полуфинале17-то место
 
      
 
8 декември
 
 
  Словенија19
 
9 декември
 
  Бразил32
 
  Бразил22
 
8 декември
 
  Сенегал18
 
  Сенегал28
 
 
  ДР Конго23
 
19-то место
 
 
9 декември
 
 
  Словенија29
 
 
  ДР Конго27

17-то-20-то место полуфинале

уреди
8 декември 2019
15:00
Словенија   19–32   Бразил Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,100
Судии: Ли, Ко (KOR)
Грос 5 (9–18) 6 Араужо, Тамирес
  Извештај  

8 декември 2019
18:00
Сенегал   28–23   ДР Конго Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 600
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Н'Диаје, Санкаре 6 (16–9) 7 Мвасеса
  3×  Извештај   1× 

Натпревар за 19-то место

уреди
9 декември 2019
15:00
Словенија   29–27   ДР Конго Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,900
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Станко 13 (14–13) 9 Мвасеса
  2×  Извештај   2× 

Натпревар за 17-то место

уреди
9 декември 2019
18:00
Бразил   22–18   Сенегал Кумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 600
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Насименто 4 (13–9) 7 Санкаре
  1×  Извештај  

Разигрување од 13-то до 16-то место

уреди
 
13-то–16-то место полуфинале13-то место
 
      
 
8 декември
 
 
  Унгарија34
 
9 декември
 
  Аргентина26
 
  Унгарија21
 
8 декември
 
  Франција26
 
  Ангола17
 
 
  Франција28
 
15-то место
 
 
9 декември
 
 
  Аргентина27
 
 
  Ангола30

13-то–16-то место полуфинале

уреди
8 декември 2019
12:30
Унгарија   34–26   Аргентина Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 3,726
Судии: Кристијансен, Хансен (DEN)
Ковачич 7 (19–12) 9 Карстен
  Извештај

8 декември 2019
12:30
Ангола   17–28   Франција Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,430
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Гуиало 4 (9–9) 5 Нзе Минко
  1×  Извештај   3× 

Натпревар за 15-то место

уреди
9 декември 2019
15:00
Аргентина   27–30   Ангола Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,464
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Карстен 6 (17–13) 11 Гуиало
  Извештај   1× 

Натпревар за 13-то место

уреди
9 декември 2019
18:00
Унгарија   21–26   Франција Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,920
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Лукач 7 (12–12) 6 Лакрабер
  1×  Извештај  

Главна фаза

уреди

Група 1

уреди
Мес Екипа Нат Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Бод Пласман
1   Норвешка 5 4 0 1 146 128 +18 8 Полуфинале
2   Холандија 6 3 1 2 153 136 +17 7 Полуфинале
3   Србија 5 2 1 2 139 151 −12 5 За 5. место
4   Германија 5 2 1 2 135 136 −1 5 За 7. место
5   Данска 5 1 2 2 123 124 −1 4 Испаѓа
6   Јужна Кореја 5 0 2 3 144 165 −21 2 Испаѓа
8 декември 2019
15:00
Србија   36–33   Јужна Кореја Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,450
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Лавко 7 (21–16) 10 Риу
  1×  1×  Извештај   1× 
8 декември 2019
18:00
Холандија   23–25   Германија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 4,020
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Дулфер 4 (12–11) 6 Болк
  Извештај   1× 
8 декември 2019
20:30
Норвешка   22–19   Данска Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 1,890
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Арнцен 5 (12–9) 4 Хејлунд, Григел
  1×  Извештај   2× 

9 декември 2019
15:00
Германија   28–29   Србија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,090
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Бергер, Миневскаја 6 (17–19) 7 Цвијиќ
  1×  Извештај   2×  1× 
9 декември 2019
18:00
Данска   27–24   Холандија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,200
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Хансен 5 (14–9) 5 Полман, Снелдер
  3×  Извештај   1× 
9 декември 2019
20:30
Јужна Кореја   25–36   Норвешка Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,120
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Риу 7 (10–20) 7 Офтедал
  1×  Извештај   2× 

11 декември 2019
15:00
Холандија   40–33   Јужна Кореја Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,070
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Абинг 11 (23–16) 9 Риу
  1×  1×  Извештај   1× 
11 декември 2019
18:00
Србија   26–26   Данска Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,080
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Поп-Лазиќ 6 (14–11) С. Јоргенсен 6
  1×  Извештај   2× 
11 декември 2019
20:30
Норвешка   32–29   Германија Аква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,520
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Братсет 6 (17–16) 6 Болк
  Извештај   1× 

Група 2

уреди
Мес Екипа Нат Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Бод Пласман
1   Русија 5 5 0 0 161 117 +44 10 Полуфинале
2   Шпанија 5 3 1 1 145 137 +8 7 Полуфинале
3   Црна Гора 5 3 0 2 137 137 0 6 За 5. место
4   Шведска 5 2 1 2 141 132 +9 5 За 7. место
5   Јапонија 5 1 0 4 143 150 −7 2 Испаѓа
6   Романија 5 0 0 5 102 156 −54 0 Испаѓа
8 декември 2019
15:00
Романија   18–27   Русија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 5,870
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Њагу 5 (10–10) 5 Бобровникова, Вјахирева
  1×  1×  Извештај   2× 
8 декември 2019
18:00
Црна Гора   30–26   Јапонија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 7,356
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Радичевиќ 8 (14–11) 7 Фуџита
  1×  Извештај   2× 
8 декември 2019
20:30
Шпанија   28–28   Шведска Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,132
Судии: Лах, Сок (SLO)
Кабрал 6 (14–8) 8 Хагман, Масинг
  2×  1×  Извештај   2× 

10 декември 2019
15:00
Русија   35–28   Црна Гора Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,338
Судии: Кришен, Махлуф (TUN)
Манагарова 12 (17–16) 8 Радичевиќ
  1×  Извештај   2× 
10 декември 2019
18:00
Јапонија   31–33   Шпанија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 3,428
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Охјама 6 (13–17) 7 Пена
  3×  Извештај   2× 
10 декември 2019
20:30
Шведска   34-22   Романија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 1,980
Судии: Лемес, Соса (URU)
Мелегард 7 (14–9) 4 три ракометарки
  1×  Извештај   1× 

11 декември 2019
15:00
Шпанија   26–36   Русија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,281
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Кабрал 6 (12–16) 9 Фролова
  Извештај   2× 
11 декември 2019
18:00
Романија   20–37   Јапонија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 3,962
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Периану, Удриштоју 4 (8–18) 8 Сасаки
  1×  Извештај
11 декември 2019
20:30
Црна Гора   26–23   Шведска Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 1,926
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Мехмедовиќ 7 (12–12) 7 Блом
  3×  Извештај  

Нокаут фаза

уреди

Жреб и резултати

уреди
 
ПолуфиналеФинале
 
      
 
13 декември
 
 
  Русија32
 
15 декември
 
  Холандија33
 
  Шпанија29
 
13 декември
 
  Холандија30
 
  Норвешка22
 
 
  Шпанија28
 
Third place
 
 
15 декември
 
 
  Норвешка28
 
 
  Русија33

Полуфинале

уреди
13 декември 2019
17:30
Русија   32–33   Холандија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 4,240
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Вјахирева 11 (16–16) 9 Полман
  2×  Извештај  

13 декември 2019
20:30
Норвешка   22–28   Шпанија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 4,261
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Ауне 5 (13–13) 7 Кабрал
  3×  Извештај   2× 

Натпревар за седмо место

уреди
13 декември 2019
11:30
Германија   24–35   Шведска Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,860
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Штоле 6 (13–18) 7 Гулден
  1×  Извештај   1× 

Натпревар за петто место

уреди
13 декември 2019
14:30
Србија   26–28   Црна Гора Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 5,690
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Стоиљковиќ 6 (12–13) 4 Раичевиќ, Рамусовиќ
 1×  Извештај   3× 

Натпревар за трето место

уреди
15 декември 2019
17:30
Норвешка   28–33   Русија Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 8,664
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Арнцен, Офтедал 7 (15–18) 9 Вјахирева
  1×  Извештај  

Финале

уреди
15 декември 2019
20:30
  Шпанија 29–30 Холандија   Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 9,624
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Кабрал 7 (13–16) 9 Полман
  2×  1×  Извештај   2× 

  Шпанија : М. Лопес 6, Нуњес, Ардериус, Сесарео, Наваро, Гутиерес, Ечеберија, Пена 3, Ортега 1, С. Лопес 2, Фернандес 5, Родригес, Ернандес 3, де Паула, Кабрал 7, Гонсалес 2. Тренер: Карлос Вивер

  Холандија : Крамер, ван дер Хејден 3, Бонт 2, Абинг 7, Нусер, Снелдер 5, ван Ветеринг 1, Дулфер, Фрерикс, Сметс, Малештајн 3, Дујиндам, Вестер (12 одбрани), Хушер, Полман 9. Тренер: Емануел Мајонад

Освојувачи на медали

уреди
 
2° место

 
Шпанија
 
Победник на Светско првенство во ракомет за жени 2019


 
Холандија
1° титула
 
3° место

 
Русија

Табела

уреди
Поз. Репрезентација
    Холандија
    Шпанија
    Русија
4   Норвешка
5   Црна Гора
6   Србија
7   Шведска
8   Германија
9   Данска
10   Јапонија
11   Јужна Кореја
12   Романија
13   Франција
14   Унгарија
15   Ангола
16   Аргентина
17   Бразил
18   Сенегал
19   Словенија
20   ДР Конго
21   Куба
22   Казахстан
23   Кина
24   Австралија
Шампион и се квалификува директно за Летните олимписки игри 2020

Состав на екипата победник и Ол-стар тимот на првенството

уреди

Состав на екипата победник

уреди
Светско првенство во ракомет за жени 2019

 
Холандија
Прва титула

Состав: Џеси Крамер, Лаура ван дер Хејден, Деби Бонт, Лоис Абинг, Лариса Нусер, Даник Снелдер, Бо ван Ветеринг, Делаила Амега, Кели Дулфер, Мерел Фрерикс, Ингер Смитс, Мартине Сметс, Анџела Малештајн, Ринка Дујиндам, Тес Вестер, Дионе Хушер, Еставана Полман.
Тренер: Емануел Мајонад.

Ол-стар тим

уреди

Ол-стар тимот и МВП играчот на турнирот биле објавени на 15 декември 2019.[33]

Позиција Играч
МВП   Еставана Полман (ХОЛ)
Голман   Тес Вестер (ХОЛ)
Десно крило   Јованка Радичевиќ (ЦГР)
Десен бек   Ана Вјахирева (РУС)
Среден бек   Еставана Полман (ХОЛ)
Лев бек   Александрина Кабрал (ШПА)
Лево крило   Камила Херем (НОР)
Пивот   Лин Блом (ШВЕ)

Статистика

уреди

Најдобри стрелци

уреди
Мес Име Репрезентација Голови Шутеви %
1 Лоис Абинг   Холандија 71 114 62
2 Риу Еун-хи   Јужна Кореја 69 114 61
3 Тјаша Станко   Словенија 62 98 63
4 Александрина Кабрал   Шпанија 60 95 63
5 Еставана Полман   Холандија 58 107 54
Јованка Радичевиќ   Црна Гора 82 71
7 Стине Бредал Офтедал   Норвешка 51 82 62
8 Кристина Њагу   Романија 49 82 60
9 Јарослава Фролова   Русија 48 69 70
10 Сејли Потоцки   Австралија 47 100 47

Извор: IHF

Најдобри голмани

уреди
Мес Име Репрезентација % Одбрани Шутеви
1 Катерини Габриел   Франција 42 34 81
2 Викторија Калинина   Русија 39 42 107
Сандра Тофт   Данска 90 229
4 Хатаду Сако   Сенегал 37 85 228
5 Дина Екерле   Германија 36 103 290
6 Бланка Биро   Унгарија 35 43 123
Амандин Лејно   Франција 46 133
Сиље Солбер   Норвешка 113 321
9 Барбара Аренхарт   Бразил 34 49 146
Филипа Иден   Шведска 88 256

Извор: IHF

Најдобри асистенти

уреди
Мес Име Репрезентација Асистенции
1 Ана Вјахирева   Русија 62
2 Милена Раичевиќ   Црна Гора 51
3 Стине Бредал Офтедал   Норвешка 47
4 Еставана Полман   Холандија 43
5 Емили Хег Арнцен   Норвешка 40
Јуи Сунами   Јапонија
7 Кристина Лишчевиќ   Србија 37
8 Александрина Кабрал   Шпанија 33
9 Јелена Лавко   Србија 31
Риу Еун-хи   Јужна Кореја

Извор: IHF

Наводи

уреди
  1. „Japan and Denmark/Germany are the hosts of the 2019 World Championships“. 28 октомври 2013.
  2. „Netherlands take first world title with last-second penalty“. ihf.info. 15 December 2019.
  3. „Japan will host Women´s World Cup 2019“. handball-world.com. 28 October 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 9 May 2015.
  4. „Draw for 24th IHF Women's World Championship“. ihf.info. 1 February 2019.
  5. „Groups for Women's World Championship set“. ihf.info. 21 June 2019.
  6. „2019 IHF Women's World Championship draw“. ihf.info. 19 June 2019.
  7. „Referee couples for 24th IHF Women's World Championship 2019“. ihf.info. 5 September 2019.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Сензација на стартот на Мундијалот: Светскиот првак Франција поразен од Јужна Кореја“. sportmedia.mk. 30 ноември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  9. „Корејанките го изненадија шампионот, Норвежанките немилосрдни“. kajgana.com. 30 ноември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 „СП во Јапонија: Французинките стартуваа со неочекуван пораз, Норвежанките најубедливи“. derby.mk. 30 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-14. Посетено на 14 декември 2019.
  11. „Србија безмилосна кон Куба, први бодови за „лалињата". gol.mk. 2 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  12. „Норвешка одигра неверојатно второ полувреме и ја декласира Словенија“. gol.mk. 2 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  13. „Ангола ја прегази Словенија“. vesti.mk. 3 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.[мртва врска]
  14. 14,0 14,1 „Србија падна од Норвешка, Црногорките ја преживеаја Унгарија“. topsport.mk. 3 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  15. 15,0 15,1 „Норвешка се намачи со Ангола, Шведска лесно до нокаут-фаза на Мундијалот“. gol.mk. 5 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  16. „Словенија го наполни голот на Куба и против Србија ќе решава за втора фаза на СП“. gol.mk. 5 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.[мртва врска]
  17. „Холанѓанките ја декласираа Србија“. kajgana.com. 5 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-14. Посетено на 14 декември 2019.
  18. „СП ракомет жени: Србија преку Словенија до втора фаза, трилер-победа на Шпанија над Црна Гора“. ekipa.mk. 6 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  19. „„Лалињата" ја решија Норвешка и како водачи одат во втора фаза“. gol.mk. 6 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  20. „Франција се извлече и откина реми против борбените Бразилки“. gol.mk. 1 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  21. „Корејките редат изненадувања, големо реми против фаворизираната Данска“. gol.mk. 1 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  22. „Германските ракометарки ја победија Австралија, Франција повтоно не победи“. a1on.mk. 1 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 „Важни победи за Норвешка и Германија, Словенија изненадена од Ангола“. kajgana.com. 3 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  24. „Крај за светските шампионки, Данска слави наредна фаза на Мундијалот“. gol.mk. 6 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  25. „Шпанија ја демолира Романија, Холанѓанките на колена пред Словенија“. gol.mk. 31 ноември 2019. Посетено на 15 декември 2019. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  26. Светското првенство за ракометарките започна со сензационален пораз на шампионките slobodenpecat.mk
  27. 27,0 27,1 „Шпанија изненадувачки лесно ја среди Унгарија, Романките со прва победа на СП“. gol.mk. 1 декември 2019. Посетено на 15 декември 2019.
  28. 28,0 28,1 „Црна Гора и Шпанија во нокаут фазата, рутина за Корејките во двобојот со Австралија“. gol.mk. 4 декември 2019. Посетено на 15 декември 2019.
  29. Србија ја доби драмата против Словенија, Шпанија за гол подобра од Црна Гора sportmanija.mk
  30. „Њагу со пенал во последните секунди ја елиминира Унгарија, Кореја и Германија поделија по бод“. gol.mk. 6 декември 2019. Посетено на 15 декември 2019.
  31. Холандија е нов светски шампион во ракомет за жени frontline.mk
  32. 32,0 32,1 32,2 „Драма каква што не е видена: Холандија е нов светски шампион!“. sportklub.mk. 15 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-16. Посетено на 16 декември 2019.
  33. „Japan 2019 All-star Team“. ihf.info. 15 December 2019.

Надворешни врски

уреди