ЖРК Подравка Копривница

Женски ракометен клуб Подравка Копривница или скратено ЖРК Подравка Копривница е хрватски женски ракометен клуб од Копривница. Моментално се натпреварува во 1. ХРЛ жени.

ЖРК Подравка Копривница
RK Podravka Vegeta logo.png
Целосен називЖРК Подравка Копривница
Основан1955
ИгралиштеФран Галовиќ, Копривница
Приемност2,000
ПрестедателКрунослав Бешви
Главен тренерХрватска Жарко Сарачевиќ
Лига1. ХРЛ жени
2018–20191ви
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

Подравка Копривница е најуспешниот хрватски женски ракометен клуб од основањето на хрватската лига во 1992, со освоени 25 првенствени титули и 23 национални купови. Покрај тоа, клубот во својата историја има забележано и меѓународни успеси како освојувањето на Лигата на шампионите во ракомет за жени во сезоната 1995-1996 и Суперкупот на ЕХФ во 1996.

Својте домашни натпревари ракометарките на Подравка ги играат во салата "Фран Галовиќ" во Копривница, која собира околу 2000 гледачи. Обично настапуваат во црвени или во бели дресови. Клубот има и навивачки клуб кој е формиран уште во 2002 година и го носи името Red Roosters.

ИсторијаУреди

Клубот е основан во 1955 година под името Иво Маринковиќ и својот прв пријателски натпревар го одиграл против Графичар од Бјеловар во декември истата година. Првиот официјален натпревар клубот го одиграл во август 1956 против Славија Чаковец. Во 1956, клубот го променил името во РК Партизан. Bo сезоните 1960-1961 и 1962-1963 клубот бил аматерски шампион во првенството на СР Хрватска. Во 1964 година, клубот го променил името во денешното ЖРК Подравка, бидејќи бил спонзориран од истоимената фабрика.

Истата 1964 година клубот се квалификувал во првата лига на Југославија. Во 1966 година, Подравка ја освоила својот прв национална титула и истата ја задржала две години по ред. Во 1972 година, клубот испаднал во втората лига, но успеал да се врати повторно во првата во 1975 година. До 1991 година, кога југословенската лига престанала да постои, клубот повеќепати се враќал во првата лига и испаѓал.

Во 1991 година Подравка го постигнала својот најголем успех во Купот на Југославија, во кој стигнале до финалето во кое сепак биле поразени од Раднички.[1] Со овој успех тие избориле учество во европските купови за првпат после 24 години. Сепак, поради големата српска агресија надлежното европски ракометно тело не им дозволило во следната сезона натпреварите од Купот на победниците на куповите да ги играат на домашен терен, па морале двата натпревари да ги играат на гости: против Сајпрус Колеџ на Кипар, против Фемине Висе во Белгија и два натпревари против унгарскиот Дебрецин кој се одиграле во два унгарски града, Бекешчаба и Дебрецин.

Клубот се натпреварува во првата хрватска женска ракометна лига од нејзиното основање. Во првата сезона 1991-1992, која се играла за време на војната и во скратен формат, клубот го освоил третото место. Првата титула Подравка ја освоила веќе во следната сезона 1992-1993, а оттогаш до денес ги освоиле сите шампионски титули со исклучок на сезоните 2003-2004 и 2013-2014, кога шампиони биле нивните најголеми ривалки Локомотива Загреб. Клубот исто така е победник на Купот на Хрватска секој пат од 1993 година, освен во сезоните 2004-2005, 2006-2007, 2013-2014 и 2017-2018 кога сите тие наслови и припаднале на Локомотива.

Најголемиот успех на Подравка на ракометната сцена се случил во 1996 година, кога ја освоиле Лигата на шампионите за жени совладувајќи го австрискиот Хипо во финалето со 38-37 вкупен резултат во двата натпревари. Така, му се реванширале на австрискиот клуб за поразот во финалето една сезона претходно, кога Хипо бил подобар со 40-36 (по два натпревари). Истата 1996 година Подравка го освоила и Суперкупот на ЕХФ.

СопернициУреди

Подравка има големо соперништво со Локомотива Загреб. Од основањето на хрватската лига тоа се единствените две екипи којшто биле шампиони во првенството и во купот на земјата.

ТитулиУреди

1966, 1967
1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019
1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2006, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2017, 2019
1996
1996

ИграчиУреди

Моментален составУреди

Состав за сезоната 2019-2020

Голмани
Крила
Леви крила
Десни крила
Пивоти

Бекови
Леви бекови
Средни бекови
Десни бекови

Познати поранешни играчиУреди

НаводиУреди

  1. Zadnji kup u Beogradu donio Europu nakon 24 godine. Autor Ivo Čičin Mašansker, Nedjelja, 26. veljače 2012.

Надворешни врскиУреди