ЖРК ЧСМ Букурешт е женски ракометен клуб од Букурешт, Романија. Моментално се натпреварува во романската прва лига Лига Национала.

ЧСМ Букурешт
Целосен називЖенски Ракометен Клуб ЧСМ Букурешт
ПрекариТигрици
Основан2007
ИгралиштеПоливалентна сала, Букурешт
Приемност5.300[1]
ПрестедателРоманија Габриела Шабо
Главен тренерРоманија Адријан Василе
ЛигаЛига Национала
2018–20192ри
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

Клубот е основан во 2007 година и оттогаш четири пати бил Шампион на Романија (2014-2015, 2015-2016 и 2016-2017, 2017-2018), четири пати освојувач на купот (2016, 2017, 2018 и 2019), и трипати на Суперкупот на Романија (2016, 2017, 2019). Исто така клубот бил и европски шампион во сезоната 2015-2016 кога во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите стигнале до финалето и таму го совладале унгарскиот Ѓер.

Својте домашни натпревари ЧСМ ги игра во Поливалентната сала во Букурешт која има капацитет од 5.300 седечки места.

Историја

уреди

2007-2014

уреди

Клубот е основан со Одлука на Генералниот совет на Букурешт бр.153/19.06.2007,[2] како женска ракометена екипа во асоцијацијата на полиспортското друштво, ЧСМ Букурешт. Тимот се активирал во ниските ракометни лиги во наредните две сезони, без забележителни резултати. По завршувањето на сезоната 2008-2009, екипата на Рапид Букурешт се соочила со сериозни финансиски проблеми по повлекувањето на главниот спонзор, а 11 од ракометарките на клубот заедно со тренерот Василе Маргалеску, се преселиле во ЧСМ Букурешт.[3] Со неколку искусни играчи како Алина Добрин, Кристина Николае и Андреа Кручеану, ЧСМ Букурешт освоил 18 победи во Дивизијата А (втора лига на Романија во ракомет за жени) и изборил промоција во Лига Национала.[4]

Почнувајќи од 2010 година, ЧСМ Букурешт станал постојан член на Лига Национала, а во својата прва официјална сезона во првата лига, тимот успева да ја заземе третата позиција, зад Олчим Валеа и Универзитатеа Клуж. Овој резултат му донел можност на клубот за првпат да учествува во европските натпреварувања : во сезоната 2011-2012 ЧСМ Букурешт дебитирал во Купот на ЕХФ, каде што го поразиле полскиот Селгрос Лублин во двомеч.[5] Тимот стигнал до шеснаесттина финалето од ова натпреварувања, каде што бил поразен од Залау.[6] ЧСМ Букурешт се одржил во Лига Национала, но без којзна какви резултати; почнувајќи од 2012 година, нивото на игра на клубот е намалено, а сезоната 2012-2013 ја завршиле на 8. место.

Реорганзиација

На почетокот на 2014 година, како резултат на лошите резултати на ЧСМ Букурешт, тренерот Василе Марулеску бил отпуштен и на негово место била доведена Данкињата Мете Клит.[7] Веднаш потоа се огласиле и претставниците на клубот кој изјавиле дека имаат намера да го претворат ЧСМ Букурешт во екипа што ќе се бори за освојување на националната титула, а потоа да игра и во Лигата на шампионите.[8] Почнувајќи од февруари 2014 година, клубот започнал трансфер кампања, која имала за цел да донесе играчи од висока класа во тимот со кои раководството на клубот се надевало дека саканата цел ќе може да се постигне. Во пролетта 2014 година, меѓу останатите кој потпишале за букурешкиот клуб биле: Патриција Визиту, Јулија Куреа, Мајса Песоа, Ана Паула Родригес, Оана Манеа, Талида Толнаи, Деонис Кавалеиро, Фернанда да Силва, Кармен Мартин и Линеа Торстенсон.[9][10][11][12]

Сезона 2014-2015; Првата национална титула

уреди

Во рамките на подготовките за новата сезона, од 21 до 24 август 2014 година, клубот бил домаќин на првото издание на пријателскиот турнир Трофеј Букурешт.[13] Настанот, најавен од романскиот медиуми како "најпрестижниот пријателски турнир кој се играл во Романија", се одржал во друштво на врвни екипи од Европа, вклучувајќи го и ЖРК Будуќност (финалист во 2014 година во Лигата на шампионите).[14] ЧСМ Букурешт победил во сите свои натпревари и го освоил трофејот, откако во финалето на турнирот го поразиле токму Будуќност, со резултат 24-20.[15]

На 30 август, новиот тим на ЧСМ дебитирал во Лига Национала, во натпреварот против Залау.[16] Натпреварот завршил со победа за клубот од главниот град на Романија, а по неа следела серија од седум победи едноподруго.[17] Во еден од овие натпревари, претставници на клубот настапувале без официјалните значки, а Романската ракометна федерација (FRH) одлучила да му ја додели победата на спротивниот тим и да го казни ЧСМ Букурешт со одземање на еден бод.[18] Првиот пораз на клубот на домашната сцена се случил, на гостувањето кај екипата на Баја Маре, главниот конкурент за титулата таа сезона,[19] со 24-21.[20] Сепак "Тигриците", предводени од бразилскиот среден бек Ана Паула Родригес, останале без пораз во националната лига до крајот на натпреварувањето за таа сезона. ЧСМ исто така и се реванширал на екипата на Баија Маре за поразот во првиот дел од сезоната, победувајќи ја на домашен терен во март 2015 година, со резултат 29-23,[21] за време на кој посебно се истакнале Родригес, Линеа Торстенсон, Кармен Мартин и голманката Мајса Песоа.[22] Иако на крајот од регуларниот дел од сезоната ЧСМ Букурешт завршил на второто место во Лига Национала, во пролетта 2015 година, клубот триумфирал во Лига Национала освојувајќи ја првата своја титула во романското првенство.[23] Во плејофот на Лига Нациоанала, ЧСМ Најпрво ги елиминирал екипите на Дунареа Браила и Корона Брашов,[24][25] а потоа во финалето со две последователни победи биле подобри од соперникот Баија Маре.[26] Така по серијата одлични резултати во плејофот (6 победи без ниту еден пораз), екипата на ЧСМ предводена од Мете Клит на 26 мај 2015 година била крунисана за шампион на Романија, за првпат во својата историја.[27] Соперништвото на ЧСМ Букурешт и Баија Маре продолжило и во финалето на другите две натпреварувања: Купот и Суперкупот на Романија, каде и двата трофеи и припаднале на екипата од Марамуреш.[28][29]

Сезона 2015-2016; Освојувањето на Лигата на шампионите и домашна доминација

уреди

Со освојувањето на националната титула во 2015 година, ЧСМ Букурешт добил право да игра во Лигата на шампиони, најпрестижното меѓународно натпреварување.[30] Во желбата да предложи што подобар настап, со цел да има подобар тим за новата сезона клубот направил голем број важни трансфери како: швеѓанката Изабел Гулден (МВП на Европското првенство 2014)[31] искусниот среден бек Мика Брадеану, и Данкињите Лине Јоргенсен и Марија Фискер му се приклучиле на тимот,[32] додека неколку играчи кој го напуштиле клубот биле: Талида Толнај, Ирина Глибко и Патриција Визитиу.[30] Помеѓу 20 и 23 август ЧСМ Букурешт бил домаќин на второто издание на пријателскиот турнир во Букурешт. Овој пат, "тигриците" ги совладале екипите на Корона Брашов и ЖРК Вардар[33] а во финалето во многу избалансиран натпревар повторно како и пред една година го совладале Будуќност (победник на Лигата на Шампионите 2015), со резултат 26-27.[34] Во септември 2015 година имало промена на тренерското место, каде Мете Клит била заменета од страна на друг данец Ким Расмусен како главен тренер.[35]

Под раководството на тренерот Ким Расмусен, ЧСМ Букурешт имал серија од 25 последователни победи во домашното првенство, вклучувајќи ја и победата на домашен натпревар над Баија Маре, екипа која и во оваа сезона останала главен против кандидат за титулата.[36] Така, клубот ја освоил својата втората титула шампион на Романија во април 2016 година.[37] Единствениот пораз дошол на гостувањето кај Баија Маре, во последното коло од првенството, кога ЧСМ веќе математички ја имал обезбедено титулата.[38] Исто така, сезоната 2015-2016 донела уште други два успеха за клубот од Букурешт: освојувањето на Купот на Романија (против Баија Маре во полуфиналето и Роман во финалето),[39] како и Суперкупот на Романија (против Роман).[40] Така, на крајот од сезоната ЧСМ Букурешт ги освоил сите три можни трофеи во Романија, како прв клуб од главниот град на Романија кој успеал да го постигне ова.[41]

На европската меѓународна сцена, ЧСМ Букурешт го имал своето деби во Лигата на шампионите во прелиминарната група заедно со Будуќност, ИК Савехоф и МКС Селгорос Лублин.[42] Двете победи против екипите од Шведска и Полска, но и ремито против црногорскиот тим, му донеле на клубот второ место во оваа група и плсаман понатаму.[43] Во следната фаза на натпреварувањето, соочен со повреди на некој од ракометарките,[44] како и со финансиската нестабилност,[45] ЧСМ не можел да се спротивстави на силните екипи како Ѓер и Вардар забележувајќи четири порази по два од двете споменати екипи. Сепак, "тигриците" имале акумулирано доволен број на бодови за да се квалификуваат во четвртфиналето на турнирот, од четвртото место во групата што автоматски значело дека ќе играат со најдобрата екипа од другата група, рускиот Ростов-Дон кој бил непоразен оваа сезона во Лигата на шампионите и се сметал за еден од најголемите фаворити за титулата. Сепак, ЧСМ успеал да направи големо изненадување совладувајќи го Ростов со еден гол разлика во двата натпревари (26-25 во Букурешт и 29-28 во Русија), и така се пласирале на фајналфорот.[46] На фајналфорот на кој учетвувале четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите за сезоната, одржани во Будимпешта на 7 и 8 мај 2016 година, екипата на ЧСМ Букурешт во полуфиналето го победила Вардар со 27-21 и се квалификувала за првпат во големото финале на натпреварувањето.[47] На крајот, во финалето клубот го совладал Ѓер со 29-26 во многу изедначен натпревар, чиј исход бил одлучен дури по две продолженија и изведување на удари од 7 метри (по кои било 4-1 за ЧСМ), во кои Мика Бредеану го постигнала победничкиот гол за екипата од Букурешт.[48] Во финалето, значителен придонес за победата имала швеѓанката Изабел Гулден, која постигнала дури 15 од головите на ЧСМ.[48] Таа исто така бил најдобар стрелец на натпреварувањето за сезоната со 108 постигнати гола, додека хрватската голманка Јелена Грубишиќ била именувана за МВП на фајналфорот.[49] Со освојувањето на овој трофеј, ЧСМ Букурешт повторно ја донел титулата европски шампион во Романија по пауза од 52 години. Последната победа на некоја романската екипа во ова натпреварување пред тоа датирала од 1964 година кога европски шампион бил Рапид Букурешт.[50]

Сезона 2017-2018

уреди

ЧСМ Букурешт пристапил во натпреварувачката сезона 2017-2018 со неколку важни промени. Од клубот си заминале шпанката Кармен Мартин и швеѓанката Линеа Торстенсон, како и Кристина Варзару и Мика Брадеану кои ги завршиле нивните ракометни кариери, но ЧСМ се засилил со доаѓањето на Кристина Њагу (избрана за Најдобар играч на светот во 2016 година),[51] норвежанките Аманда Куртовиќ и Марит Малм Фрафјорд (многукратни европски, светски и олимписки шампионки),[52] и швеѓанката Натали Хагман (избрана за Ол Стар десно крило на Олимпискиот турнир 2016).[53] Исто така, функцијата тренер ја презела данкињата Хеле Томсен која исто така е тренер и на холандската репрезентација.[54]

Хронологија

уреди
Хронологија на ЧСМ Букурешт
  • 2007 - Основан и влегува во пониските лиги.
  • 2007-2008 - ?
  • 2008-2009 - ?
  • 2009-2010 - 1. место во Дивизија А   Промоција во Лига Национала.
  • 2010-2011 - 3. место во Лига Национала.
    Четвртфинале во Купот на Романија.
  • 2011-2012 - 7. место во Лига Национала.
    Осминафинале во Куп на ЕХФ.
  • 2012-2013 - 8. место во Лига Национала.
    Полуфинале во Купот на Романија.
  • 2013-2014 - 7. место во Лига Национала.
    Осминафинале во Купот на Романија.
  • 2014-2015 - 2. место во Лига Национала. Победник во плејофот на Лига Национала
      Шампиони на Романија (1. титула)
    Финале во Купот на Романија.
  • 2015-2016 - 1. место во Лига Национала.   Шампиони на Романија (2. титула)
      Победник на Купот на Романија (1. титула)
      Победник на Суперкупот на Романија (1. титула)
      Победник на ЕХФ Лигата на шампионите (1. титула)
  • 2016-2017 - 1. место во Лига Национала.   Шампиони на Романија (3. титула)
      Победник на Купот на Романија (2. титула)
      Победник на Суперкупот на Романија (2. титула)
    3. место во ЕХФ Лигата на шампионите
  • 2017-2018 - 1. место во Лига Национала.   Шампиони на Романија (4. титула)
      Победник на Купот на Романија (3. титула)
      Победник на Суперкупот на Романија (3. титула)
    3. место во ЕХФ Лигата на шампионите
  • 2018-2019 - 2. место во Лига Национала.
      Победник на Купот на Романија (4. титула)
    Пораз во Суперкупот на Романија
    Четвртфинале во ЕХФ Лигата на шампионите
  • 2019-2020 - учествува во Лига Национала.
    учествува во Купот на Романија.
      Победник на Суперкупот на Романија (4. титула)
    учествува во ЕХФ Лигата на шампионите

Титули

уреди

Домашни натпреварувања

уреди
 
Ракометарките на ЧСМ Букурешт го слават освојувањето на Трофеј Букурешт 2014 по победата над ЖРК Будуќност

Европски натпреварувања

уреди

Останати натпреварувања

уреди

Играчи

уреди

Моментален состав 2019-2020

уреди
Обновено на 24 декември 2019

Голмани
Крила
Десни крила
Леви крила
Пивоти

Бекови
Леви бекови
Средни бекови
Десни бекови

Познати поранешни играчи

уреди

Статистика на играчите

уреди

Последно ажурирана на 12 февруари 2018

Топ 10 стрелци на клубот во Лигата на шампионите

уреди
  • (На сите времиња).
Место Име Сезони Голови
1   Изабел Гулден 3 266
2   Кристина Њагу 2 159
3   Мајда Мехмедовиќ 3 115
4   Кармен Мартин 3 105
5   Оана Манеа 4 94
6   Јулија Куреа 2 82
7   Јованка Радичевиќ 2 80
8   Андреа Лекиќ 2 73
9   Аманда Куртовиќ 2 70
10   Њонсиан Њомбла 2 69
  Сè уште игра за клубот.

Топ 10 стрелци во домашните натпреварувања

уреди
  • (2014-денес).
Место Име Сезони Голови
1   Изабел Гулден 3 306
2   Кармен Мартин 3 300
3   Ана Паула Родригес 2 277
4   Линеа Торстенсон 3 244
5   Јулија Куреа 4 242
6   Оана Манеа 4 190
7   Кристина Варзару 3 177
8   Бјанка Базалиу 4 160
9   Аурелија Брадеану 2 146
10   Фернанда да Силва 2 144

Поединечни награди во Лигата на шампионите

уреди
Сезона Име Награда
2015–16   Изабел Гулден Најдобар стрелец (108 гола)
  Јелена Грубишиќ МВП на Фајналфор
2016–17   Кармен Мартин Ол-стар тим (десно крило)
2017–18   Кристина Њагу Најдобар стрелец (110 гола)
2018–19   Јованка Радичевиќ Ол-стар тим (десно крило)

Поединечни награди во Лига Национала

уреди
Година Име Награда
2015   Изабел Гулден Најдобра странска ракометарка
2016   Изабел Гулден Најдобра странска ракометарка
  Паула Унгуреану Најдобра романска ракометарка
2017   Изабел Гулден Најдобра странска ракометарка
  Кристина Њагу Најдобра романска ракометарка

Галерија на ракометарки

уреди

Тренери

уреди
 
Ким Расмусен, тренерот кој ја освоил Лигата на шампионите со клубот.
Период Тренер
јуни 2007 — 4 февруари 2014[55]   Василе Маргулеску
4 — 18 февруари 2014   Лучијан Гиулаи
19 февруари 2014[56][57] — 16 септември 2015   Мете Клит
16 септември 2015 — 30 мај 2016   Ким Расмусен
30 мај 2016[58] — 7 ноември 2016   Јакоб Вестергор
7 ноември 2016[59] — 1 април 2017[60]   Аурелиан Рошка
1 април 2017 — јуни 2017   Пер Јохансон
јуни 2017[61] — 16 март 2018[62]   Хеле Томсен
29 март 2018[63] — 16 мај 2018[64]   Пер Јохансон
6 јули 2018[65] — 17 октомври 2018[66]   Магнус Јохансон
18 октомври 2018[66] — мај 2019   Драган Ѓукиќ
јуни 2019[67] — 1 октомври 2019[68]   Томас Риде
1 октомври 2019[68]   Адријан Василе

Производител на дресови и спонзори

уреди
Сезона Производител на дрес Бренд Спонзор
2014-2015 Kempa
2015-2016 Electromontaj S.A / Diangi Bak 2 €400,000[69] / €250,000[70]
2016-2017 Electromontaj S.A / Diangi Bak 2 / Borsec €400,000 / €250,000 / N/A
2017-0000 Engie €280,000[71]
2017-2018 Engie / MicroFruits / Borsec / Novatik N/A

Наводи

уреди
  1. „Technical Data“ (германски). SAP Arena official website. Архивирано од изворникот на 2013-05-31. Посетено на 17 January 2012.
  2. „HOTĂRÂREA Nr. 156 din 19.06.2007 privind înființarea Clubului Sportiv Municipal București, instituție publică în subordinea Consiliului General al Municipiului București“ (PDF). MONITORUL OFICIAL AL MUNICIPIULUI BUCUREȘTI Nr.6/2007, Vol.I. јуни 2007. Посетено на 23 март 2013.
  3. eurohandbal.ro. „Un nou proiect feminin de viitor: CSM București!“. Архивирано од изворникот на 2017-02-11. Посетено на 9 февруари 2017.
  4. Adi Dobre (27 април 2010). „CSM București a promovat în Liga I de handbal“. Evenimentul Zilei. Посетено на 23 март 2013.
  5. eurohandbal.ro. „CSM Bucuresti elimina pe SPR Lublin (Pol) in Cupa EHF gratie unei evolutii superbe!“. Архивирано од изворникот на 2017-02-11. Посетено на 9 февруари 2017.
  6. (англиски)eurohandball.com. „EHF: CSM Bucuresti, club info“. Посетено на 9 февруари 2017.
  7. mediafax.ro. „Mette Klit, noul antrenor al echipei CSM București: M-am întors în România pentru atmosfera de aici“. Посетено на 9 февруари 2017.
  8. prosport.ro. „EXCLUSIV: "Vestergaard vine la discuții pe 15 февруари". CSM București anunță o nouă revoluție în handbal“. Посетено на 9 февруари 2017.
  9. „Oficial: Manea, Tolnai și Torstenson, doi ani la CSM București“. Pagina oficială a CSM București. 25 февруари 2014. Посетено на 25 февруари 2014.
  10. „Patru campioane mondiale au semnat pe doi ani cu CSM București“. Pagina oficială a CSM București. 26 февруари 2014. Посетено на 26 февруари 2014.
  11. „Se adună stelele!“. Pagina oficială a CSM București. 27 февруари 2014. Посетено на 27 февруари 2014.
  12. Marius Huțu (21 февруари 2014). „Tolnai și Manea vor juca de săptămâna viitoare la CSM București. [...]“. ProSport. Посетено на 21 февруари 2014.
  13. gsp.ro. „Turneu de 80.000 de euro » CSM București organizează cel mai important turneul amical din ultimii ani“. Посетено на 9 февруари 2017.
  14. prosport.ro. „Final 4-ul Ligii Campionilor se "mută" în București. CSM București aduce Buducnost în România și așteaptă o confirmare și de la Gyor“. Посетено на 9 февруари 2017.
  15. gsp.ro. „Aer de Ligă » CSM București a învins aseară finalista Ligii Campionilor, 24-20, la Bucharest Trophy 2014“. Посетено на 9 февруари 2017.
  16. digisport.ro. „HC Zalău - CSM București 19-26. Început cu dreptul pentru noua echipă a CSM-ului“. Посетено на 9 февруари 2017.
  17. digisport.ro. „CSM București - Corona 25-19. Gazdele, la un punct de liderul Baia Mare“. Посетено на 9 февруари 2017.
  18. digisport.ro. „CSM București contestă pierderea la masa verde a meciului cu SCM Craiova. "A fost caz de forță majoră". Посетено на 9 февруари 2017.
  19. gsp.ro. „Duelul sezonului în handbalul feminin: HCM Baia Mare și CSM București, prima luptă pentru titlu“. Посетено на 9 февруари 2017.
  20. gsp.ro. „HCM s-a impus în duelul cu CSM București și își securizează prima poziție, scor 24-21“. Посетено на 9 февруари 2017.
  21. digisport.ro. „CSM București - HCM Baia Mare 29-23. Gazdele au relansat lupta pentru titlu“. Посетено на 9 февруари 2017.
  22. hcmbaiamare.ro. „CSM București - HCM Baia Mare 29-23 (15-12)“. Архивирано од изворникот на 2017-02-11. Посетено на 9 февруари 2017.
  23. digisport.ro. „HCM Baia Mare – U Cluj 38-27. Campioanele au câștigat sezonul regulat în Liga Națională“. Посетено на 9 февруари 2017.
  24. hcdunareabraila.ro. „H.C. Dunarea Braila - C.S.M. Bucuresti 20 - 28 (9 - 13)“. Архивирано од изворникот на 2017-02-11. Посетено на 9 февруари 2017.
  25. newsbv.ro. „Handbal: Corona a pierdut în semifinală, în fața CSM București“. Архивирано од изворникот на 2016-05-05. Посетено на 9 февруари 2017.
  26. digisport.ro. „HCM Baia Mare - CSM București 17-20. Echipa pregătită de Mette Klit a câștigat titlul“. Посетено на 9 февруари 2017.
  27. gsp.ro. „S-a schimbat regina! » Care au fost atuurile CSM București comparativ cu rivala din Baia Mare“. Посетено на 9 февруари 2017.
  28. digisport.ro. „CSM București a pierdut finala Cupei cu Baia Mare, dar vrea să-și ia revanșa în campionat“. Посетено на 12 февруари 2017.
  29. hcmbaiamare.ro. „Supercupa României: CSM București – HCM Baia Mare 25-31“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 9 февруари 2017.
  30. 30,0 30,1 gsp.ro. „Următorul obiectiv al CSM București după ce a cucerit titlul național » Liga Campionilor în 2017 sau 2018!“. Посетено на 9 февруари 2017.
  31. prosport.ro. „Isabelle Gullden vine la CSM București. Cum va arăta echipa din Capitală începând din vară“. Посетено на 9 февруари 2017.
  32. prosport.ro. „Transferuri importante anunțate de CSM București de sărbători: "Line Jorgensen și Maria Fisker vin în ianuarie la București pentru vizita medicală". Cristina Neagu, în capul listei de achiziții“. Посетено на 9 февруари 2017.
  33. bucharest-trophy.ro. „Finala de vis: CSM București – Buducnost. Tigroaicele, calificare strălucitoare în ultimul act“. Архивирано од изворникот на 2017-08-23. Посетено на 9 февруари 2017.
  34. bucharest-trophy.ro. „Tigroaicele castiga pentru al doilea an consecutiv Bucharest Trophy. In finala: CSM – Buducnost 27-26“. Архивирано од изворникот на 2017-08-23. Посетено на 9 февруари 2017.
  35. digisport.ro. „Kim Rasmussen, noul antrenor de la CSM București“. Посетено на 9 февруари 2017.
  36. csmbucuresti.ro. „Derby respectat: CSM Bucuresti – HCM Baia Mare 24-21. Tigroaicele, neinvinse la finele turului“. Посетено на 9 февруари 2017.
  37. gsp.ro. „Titlul rămâne pe loc! CSM București a câștigat din nou campionatul la handbal feminin“. Посетено на 9 февруари 2017.
  38. agerpres.ro. „Handbal feminin: HCM Baia Mare a câștigat derby-ul cu campioana CSM București“. Архивирано од изворникот на 2017-02-11. Посетено на 9 февруари 2017.
  39. gsp.ro. „Trofeu în premieră! CM București a cucerit prima Supercupă a României din istorie“. Посетено на 9 февруари 2017.
  40. gsp.ro. „Triplă istorică pentru CSM București » Azi a câștigat și Cupa României“. Посетено на 9 февруари 2017.
  41. prosport.ro. „CSM București a realizat tripla istorică Liga Campionilor - Liga Națională - Cupa României“. Посетено на 9 февруари 2017.
  42. dolce-sport.ro. „Victorie extraordinară pentru CSM București. A câștigat în deplasare cu Savehof la 11 goluri“. Архивирано од изворникот на 2017-02-11. Посетено на 9 февруари 2017.
  43. digisport.ro. „CSM București - Savehof 27-22. Campioana a terminat grupa pe locul 2“. Посетено на 9 февруари 2017.
  44. prosport.ro. „Pierdere mare pentru CSM București înaintea debutului în Liga Campionilor. Line Jorgensen s-a accidentat și va lipsi cel puțin 5 luni de pe teren“. Посетено на 9 февруари 2017.
  45. gsp.ro. „Probleme la CSM București! Liderul a pierdut o campioană mondială pentru o zi de întîrziere la plata salariului“. Посетено на 9 февруари 2017.
  46. gsp.ro. „Final 4 Bucharest » CSM București a învins-o pe Rostov Don și în retur și s-a calificat în Final Four-ul Ligii“. Посетено на 9 февруари 2017.
  47. digisport.ro. „CSM București - Vardar Skopje 27-21. Calificare în premieră în finala Ligii Campionilor pentru CSM“. Посетено на 9 февруари 2017.
  48. 48,0 48,1 republika.mk. „На фајналфор нема аутсајдери, ЧСМ Букурешт цела година ќе ужива во европската титула“. Посетено на 28 февруари 2018.[мртва врска]
  49. vecer.mk. „Грубишиќ МВП, Гулден најдобар стрелец“. Архивирано од изворникот на 2016-05-10. Посетено на 28 февруари 2018.
  50. stirileprotv.ro. „Trofeul la handbal feminin revine in Romania dupa 52 DE ANI. CSM Bucuresti a castigat finala cu Gyor“. Посетено на 9 февруари 2017.
  51. (англиски)ehfcl.com. „BIG NAMES CHANGE CLUBS; FRANCE ATTRACTS TOP STARS“. Посетено на 30 март 2017.
  52. csmbucuresti.ro. „MARIT FRAFJORD SI AMANDA KURTOVIC SE ALATURA TIGROAICELOR – HANDBAL FEMININ“. Посетено на 30 март 2017.
  53. prosport.ro. „Nathalie Hagman vine la CSM București!“. Посетено на 30 март 2017.
  54. csmbucuresti.ro. „HELLE THOMSEN, ANTRENOAREA TIGROAICELOR PENTRU URMATOARELE DOUA SEZOANE – HANDBAL FEMININ“. Посетено на 30 март 2017.
  55. „Comunicat“. Pagina oficială a CSM București. 4 февруари 2014. Посетено на 4 февруари 2014.
  56. „Capitala se pregătește de Champions League“. Pagina oficială a CSM București. 11 февруари 2014. Посетено на 12 февруари 2014.
  57. „Conferință de presă - prezentare Mette Klit“. Pagina oficială a CSM București. 19 февруари 2014. Посетено на 19 февруари 2014.
  58. „Jakob Vestergaard, noul antrenor al campioanei Europei“. Pagina oficială a CSM București. 30 мај 2016. Посетено на 30 мај 2016.
  59. „Handbal feminin. Aurelian Rosca, noul antrenor al echipei campioane CSM Bucuresti“. Pagina oficială a CSM București. 7 ноември 2016. Посетено на 7 ноември 2016.
  60. „Aurelian Roșca, tehnicianul lui CSM București, nu a acceptat să rămână doar formal la campioana Europei“. Gazeta Sporturilor. 1 април 2017. Посетено на 1 април 2017.
  61. „Helle Thomsen, antrenoarea tigroaicelor pentru urmatoarele doua sezoane – Handbal Feminin“. Pagina oficială a CSM București. 1 април 2017. Посетено на 1 април 2017.
  62. „EXCLUSIV - Helle Thomsen a fost demisă de la CSM București. Cine este favorit să-i ia locul“. Telekom Sport. 16 март 2018. Посетено на 16 март 2018.
  63. Marius Huțu (30 март 2017). „Al 2-lea "descălecat" al lui Per Johansson la CSM București!“. ProSport. Посетено на 30 март 2018.
  64. „ULTIMA ORA! CSM cauta antrenor! Per Johansson PLEACA pentru a doua oara de la Bucuresti“. sport.ro. 16 мај 2017. Посетено на 16 мај 2018.
  65. „Magnus Karl Johansson va pregăti echipa feminină de handbal în următoarele două sezoane!“. Pagina oficială a CSM București. 6 јули 2018. Посетено на 6 јули 2018.
  66. 66,0 66,1 „CSM București încheie colaborarea cu Magnus Johansson“. Pagina oficială a CSM București. 17 октомври 2018. Посетено на 17 октомври 2018.
  67. „Un fost selecționer al României o preia pe CSM București!“. ProSport. 28 февруари 2019. Посетено на 28 февруари 2019.
  68. 68,0 68,1 „Echipa de handbal feminin a CSM București se desparte de tehnicianul Tomas Ryde“. Pagina web oficială a CSM București. 1 октомври 2019. Посетено на 1 октомври 2019.
  69. http://csmbucuresti.ro/parteneriat-electromontaj-sa-400-000-de-euro-pentru-csm-bucuresti/
  70. http://csmbucuresti.ro/handbal-feminin-valoare-stabilitate-si-un-partener-nou-diangi-bak-2-se-alatura-proiectului-csmb/
  71. http://www.prosport.ro/alte-sporturi/handbal/csm-bucuresti-si-a-prezentat-oficial-un-nou-sponsor-care-va-sustine-financiar-clubul-cu-280-000-de-euro-pana-in-vara-visul-lui-petrache-cel-putin-15-000-de-copii-legitimati-la-club-peste-3-4-ani-16134459

Надворешни врски

уреди