Ерик Артур Блер (англиски: Eric Arthur Blair; Мотихари, 25 јуни 1903Лондон, 21 јануари 1950), познат под писателското име Џорџ Орвел (англ. George Orwell)англиски романописец, есеист, новинар и критичар.[2][3] Неговата работа е забележителна поради рационалната проза, социјалната критика, противење на тоталитаризмот и отворената поддршка на демократскиот социјализам.[4][5][6][7]

Џорџ Орвел
Портрет на Орвел, 1943
Роден/аЕрик Артур Блер
25 јуни 1903
Мотихари, Бенгалско Претседателство, Британска Индија
Починат/а21 јануари 1950 (воз. 46)
Болница универзитетски колеџ, Лондон, Англија
ПочивалиштеЦрква „Сите светци“, Сатон Кортни, Англија
ПсевдонимЏорџ Орвел (George Orwell)
ЗанимањеРоманописец и есеист, новинар и книжевен критичар
Апсолвент наЕтон Колеџ
Жанрдистопија, сатира
Предметантифашизам, антисталинизам, анархизам,[1] демократски социјализам, книжевна критика, полемика
Значајни дела
Години на активност1928 — 1950
Сопруг/а
ПотписЕрик Блер („Џорџ Орвел“)

Како писател, Орвел создал книжевна критика и поезија, фикција и полемично новинарство. Орвел е најпознат по алегоричниот роман „Животинска фарма“ (1945) и дистопискиот роман „1984“ (1949). Неговите дела кои не се фикција вклучуваат „Патот за Виганскиот док“ (1937), каде е документирано неговото искуство со животот на работничката класа во Англија и романот „Во чест на Каталонија“ (1938), која всушност е негов запис за неговото искуство како активен учесник во Шпанската граѓанска војна. Покрај овие, Орвел има објавено бројни есеи со политичка и книжевна тематика, кои се забележителни во неговото творештво. Во 2008 година, весникот „Тајмс“ (The Times) го рангирал Џорџ Орвел на второто место на списокот на „50 најголеми британски писатели од 1945 па до денес“.[8]

Делата на Орвел остануваат влијателни во популарната и политичката култура во светот. Неговото влијание резултирало со создавањето на придавката „орвеловски“ (Orwellian), која, предимно, се користи во англискиот јазик за да се опише тоталитарно и автократско општество и практики. Дополнително, тој и неговите дела вродиле голем број неологизми во англискиот јазик, кои и денес се користат. Еден од светските најпознати зборови или изрази кои Орвел ги создал, и кој и денес се користи, е „Големиот брат“ (The Big Brother).[9][10]

Биографија

уреди

Ран живот

уреди
 
Домот на Блер во Шиплејк.

Ерик Артур Блер е роден на 25 јуни 1903 година во Мотихари, Бихар, Британска Индија.[11] Неговиот прапрадедо, Чарлс Блер, бил богат поседник во Дорсет кој се оженил со Мери Фејн, ќерка на Томас Фејн, 8. ерл на Вестморленд, и имал приход како сопственик на плантажи во Јамајка.[12] Неговиот дедо, Томас Ричард Артур Блер, бил свештеник.[13] Ерик Блер го опишал неговото семејство како „долно-средна средна класа“.[14] Неговиот татко, Ричард Валмесли Блер работел во Одделот за опиум на Индискиот граѓански сервис.[15] Неговата мајка, Ида Мабел Блер пораснала во Моламјин, Мјанмар (тогаш Бурма). Ерик имал две сестри: Марџори, пет години постара, и Аврил, пет години помлада. Кога Ерик имал една година, неговата мајка го однела него заедно со неговата сестра во Англија.[16][n 1] Неговото родно место и дом во Мотихари денес е историски споменик.[17]

Во 1904 година, Ида Блер се доселила со децата во Хенли-на-Темза во Оксфордшир. Ерик израснал со неговата мајка и сестрите, и освен мала посета во 1907,[18] тој не го видел неговиот татко сè до 1912.[13] На пет годишна возраст, Ерик бил испратен на училиште во Хенли-на-Темза, каде учела и неговата сестра Марџори. Училиштето било католичко и имало интернат, но Ерик не го користел интернатот. Училиштето било раководено од француски калуѓерки.[19] Неговата мајка сакала тој да има стекнато образование од државните училишта, но семејството не можело да ги подмири трошоците. Преку социјалните врски кои ги имал неговиот вујко, Чарлс Лимузин, Блер се стекнал со стипендија во училиштето Сент Сипријан во Истборн, Источен Сасекс.[13] Таму пристигнал во септември 1911, каде престојувал пет години, а се враќал дома само за време на празници. Иако не знаел ништо за намалените давачки, тој „набрзо увидел дека потекнува од посиромашно семејство“.[20] Блер не го сакал училиштето[21] и многу години подоцна напишал есеј „Такви и такви беа радостите“, кој бил објавен посмртно, а е напишан основајќи се на неговите искуства во училиштето. Во тоа училиште, Блер прво го запознал Сирил Коноли, кој станал писател и кој како уредник на списанието Хоризон, објавил неколку од есеите на Орвел.[22]

Пред Првата светска војна, семејството се преселило во Шиплејк, Оксфордшир, каде Ерик се спријателил со семејството Бадиком, особено нивната ќерка Џакинта Бадиком. Кога за прв пат се запознале, тој стоел на исправен на глава, а кога таа го прашала за овој подвиг, Ерик одговорил дека „подобро ќе бидеш забележан ако стоиш на глава одошто исправен“.[23] Џакинта и Ерик читале и пишувале поезија и сонувале да станат писатели. Тој тогаш напоменал дека можеби тој ќе напише книга налик книгата „Современа утопија“ од Х. Џ. Велс. За време на овој период, тој исто така обожувал пукање, риболов и набљудување на птици.[23]

 
„Сент Сипријан“ — колеџот каде учел Орвел и инспирација за неговиот есеј.

Додека учел во Сент Сипријан, Блер напишал две поеми кои биле објавени во „Хенли Стандард“.[24][25] На доделувањето на наградата „Историска награда на Хароу“, тој бил рангиран на второ место веднаш зад Коноли. Неговиот труд бил признат и ценет од испитувачите и се стекнал со стипендија на Колеџот Велингтон во Беркшир и Колеџот Етон. Немало место во тој момент во колеџите, па сè до дека не се отворело место Блер останал во Сент Сипријан до декември 1916.[13]

Во јануари Блер започнал во Велингтон, каде го поминал пролетниот семестар. Во мај 1917 година, се отворило место во Колеџот Етон. Блер останал во Етон сè до декември 1921 година, кога го напуштил пред да наполни 19 години. Орвел кажал на неговата пријателка Бадиком дека Велингтон бил „ѕверски“, а додека во Етон бил „заинтересиран и среќен“..[26] Негов главен тутор бил А. С. Ф. Гау, кој подоцна му давал и совети за неговата кариера.[13] Сирил Коноли исто така се префрлил во Етон, но бидејќи биде одделени поради годините, не станале многу блиски.

Според извештаите за успехот на Блер, тој ги запоставил неговите академски студии, но додека бил во Етон тој работел со Роџер Мајнорс при создавањето на списанието на колеџот (The Election Times), а се здружиле и при создавањето и на други публикации: „Колеџ Дејс“ (College Days) и „Бабл и Скуик“ (Bubble and Squeak).[27] Неговите родители не можеле да го испратат на факултет без да добие стипендија и тие заклучиле дека според неговите слаби резултати тој нема да има можност да се стекне со стипендија. Рансиман забележал дека Ерик имал романтични идеи за Истокот, и семејството одлучило Блер да се приклучи на Империјалната полициска служба.[27] За да го стори тоа, Ерик требало да помине приемен испит. Во декември 1921 тој го напуштил Етон и отпатувал кон неговото семејство.[28]

Служба во Мјанмар

уреди

Бабата на Блер, по мајкина линија, живеела во Моламјин во Мјанмар (тогаш Бурма), па така тој избрал да врши служба во оваа држава (тогаш покраина на Британска Индија). Во октомври 1922 година, тој отпловил за Бурма преку Суецкиот Канал и Цејлон (денес Шри Ланка) сè со цел да се приклучи на Индиската империјалната полиција во Бурма. Еден месец откако отпловил за Британска Индија, Блер пристигнал во Јангон (тогаш Рангун) и отпатувал во Мандалеј. Бил назначен за помошниот на окружниот началник (на проба) на 29 ноември 1922 година, со делотворен датум на почеток на 27 ноември и плата од 525 индиски рупии месечно.[29][30] По краток престој во Мејмјо, главна полициска британска станица, тој бил префрлен во Мјаунгмја во 1924.[31]

Работата како службеник му задала значителни одговорности, во период кога голем број од неговите современици биле по англиските универзитети. Подоцна бил префрлен источно во Бурма каде неговата единица била одговорна за безбедноста на околу 200.000 луѓе. Кон крајот на 1924 година бил префрлен во Танлин, место кое бил поблиску до Јангон. Иако местото било загадено поради нафтената индустрија, сепак градот бил блиску до Јангон, метропола и космоплитенско пристаниште. Блер често одел до градот „да ги разгледа книжарниците, да јаде добро зготвена храна, да избега од досадната рутина на полицискиот живот“.[32] Во септември 1925 отишол во Инсејн, гратче во кое се наоѓал вториот најголем затвор во Бурма. Во Инсејн имал „долги разговори на секоја тема“ со Елиса Марија Лонгфорд-Рае.[33] Во овој период тој ја завршил обуката и примал месечна плата од 740 рупии.[34]

Во Бурма Блер имал репутација на „аутсајдер“. Повеќето од времето бил сам, читал или вршел активности кои не биле за отмената класа („пука сахиб“ е поим за отмени активности во Британска Индија). Таквите активности на пример биле одење во црква на Карените. Негов колега, Роџер Бидон (во интервју дадено за ББЦ во 1969 година) изјавил дека Блер брзо успеал да го научи јазикот и пред да ја напушти Бурма тој „умеел течно да зборува со бурманските свештеници на многу течен бурмански“.[35] Во овој период Блер направил и одредени физички промени, односно од овој период започнал да носи мустаќи во вид на линии и го заменил стариот стил на мустаќи. Исто така имал и одредени тетоважи, односно на секој зглоб од прстите има по едно сино крукче. Голем број од месните Бурманци сè уште имаат такви тетоважи.[36]

Во април 1926 година тој се преселил во Мулмејн, каде се наоѓала неговата баба. Кон крајот на годината тој бил преместен со служба во Ката во Горна Бурма, каде се разболел од треска во 1927 година. Имал одобрение да ја напушти привремено службата и да се врати во Англија истата таа година, но поради болеста заминал дома во јули. Додека бил на боледување и на одмор со неговото семејство во Корнвел во септември 1927 година, тој размислувал за неговиот животен тек. Одлучил да не се врати во Бурма, дал отказ во службата и се одлучил да стане писател.[37] Неговите искуства во Бурма биле инспирација за книгата „Бурмански денови“ (1934) и есеите „Бесење“ (1931) и „Пукање слон“ (1936).[38]

Лондон и Париз

уреди
 
„Ри д Пот д Фер“ во Париз, местото каде престојувал Орвел.

Во Англија се вратил во семејната куќа во Саутволд, кога ги обновил познанствата со локалните пријатели. Го посетил неговиот тутор Гау во Кембриџ од кого побарал совет за тоа како да стане писател.[39] Во 1927 се преселил во Лондон.[40] Рут Пител, семеен пријател, му помогнал да најде сместување и кон крајот на 1927 година се вселил во куќа на улица „Портобело“.[41] Денес има сина плакета која е поставена како комеморација на неговиот престој во тој дел од Лондон.[42] Вмешувањето на Питер при преселбата „би оставила осигурителна почит во очите на Блер“. Питер имал симпатичен интерес кон пишувањата на Блер, посочувајќи слабости во неговата поезија и го советувал да пишува за тоа што го знаел. Всушност тој одлучил да пишува за „одредени аспекти на сегашноста за кои ги знаел“ и ризикувал во Ист Енд во Лондон — еден од неколкуте подвизи кои ќе ги направи за да се открие себеси и светот на сиромаштијата и најниската класа која ги населува тие делови. Тој пронашол тема на пишување. Овие приказни, истражувања, ескпедиции и тури биле направени во период од пет години.[43]

Како емитација на Џек Лондон, чии дела тој ги обожувал, Блер започнал да ги истражува сиромашните делови на Лондон. За почеток се одлучил за Лајмхаус Козвеј, каде првата вечер ја поминал во обично преноќевалиште, најверојатно евтино преноќевалиште на Џорџ Леви. За краток период успеал да се претвори во „тамошен локален“, облекувајќи се како бездомник, го користел името П.С. Бартон и успеал да не се поврзе или делува во никој случај со начинот на живот на средната класа и очекувањата кои следат со неа. Овие искуства ги искористил за есејот „Клинец“ (The Spike), неговиот прв објавен есеј на англиски, како и вториот дел од книгата „Никој и ништо во Париз и Лондон“ (Down and Out in Paris and London) (1933).

Во 1928 година Блер се преселил во Париз. Тој живеел во „Ри ди Пот де Фер“ (Rue du Pot de Fer), работнички округ во Париз.[13] Неговата тетка Нели Лимузин исто така живеела во Париз и му дала социјална и, ако имало потреба, финансиска помош. Почнал да пишува романи, вклучително и раната верзија на романот „Бурмански денови“, но денес ништо не е сочувано од тие записи.[13] Тој бил поуспешен како новинар во тој период и објавувал статии во Монд (Monde), политичко-книжевно списание чиј уредник бил Анри Барбис. Три парчиња биле објавени во „Граѓански прогрес“ (Le Progrès Civique), каде пишувал за невработеноста, дневниот живот на бездомникот, питачот во Лондон. Сиромаштијата била во фокусот на неговите пишувања сè до моментот кога почнал да го пишува романот „Во чест на Каталонија“.[44]

Тој сериозно се разболел во февруари 1929 година и бил пренесен во болницата Кошин во Париз. Оваа болница била бесплатна каде се обучувале студенти по медицина. Неговите искуства таму биле основа за неговиот есеј „Како умираат сиромашните“, објавен во 1946. Наскоро сите негови пари биле украдени од неговиот стан каде престојувал. Дали поради потреба или поради материјални добра, тој започнал да работи разни работи, како мијач на садови во хотелот Риволи, кој подоцна го опишал во романот „Никој и ништо во Париз и Лондон“. Во август 1929, испратил копија од есејот „Клинец“ до списанието Аделфи (Adelphi) на Џон Мидлтон Мари во Лондон. Списанието го прифатило есејот.

Во Париз Орвел престојувал скоро две години.

Саутволд

уреди
 
Норт Парејд, Саутволд.

Во декември 1929 година, после скоро две години во Париз, Блер се вратил во Англија и веднаш заминал во куќата на неговите родители во Саутволд, крајбрежно гратче во Сафолк. Саутволд бил дом на Блер наредните пет години од неговиот живот. Семејството било со добро реноме во градот, а неговата сестра водела чајџилница во градот. Тој се запознал со голем број мештани, вклучително и Бренда Салкелд, ќерка на свештеник која работела како наставник во женското училиште Сент Феликс. Иако ја одбила неговата понуда за брак, таа останала негов пријател со години. Исто така Блер ги обновил пријателствата со старите познаници, како што бил на пример Денис Колингс.[13]

Во 1930 година тој кратко време престојувал во Брамли, Лидс со неговата сестра Марџори и нејзиниот сопруг Хамфри Дакин. Блер пишувал прегледи за „Аделфи“ и работел како приватен тутор на едно дете со физичка попреченост во развојот во Саутволд. Потоа станал тутор на три млади браќа, еден од нив бил познатиот академик Ричард Стенли Питерс.[45] Неговата историја во овие години е означена со дуализам и контрасти. Го имаме Блер кој води сериозен живот во куќата на неговите родители каде пишува, но тука е и Блер како Бартон (име кое го користи кога се преоблекува како бездомник) кој е во потрага на искуство во куќите за бездомници во Ист Енд и во Кент.[46] Цртал и се бањал на плажите, а токму таму ги сретнал Мабел и Франсис Фирз, кои имале влијание врз неговата кариера. Низ годините ги посетил во Лондон и често го посетувал нивниот пријател Макс Плауман. Исто така често престојувал во домовите на Рут Питер и Ричард Рис, каде се пресоблекувал за неговите епизоди како бездомник. Една од неговите работи била домашни работи во преноќевалиште за два шилинга и шест пени на ден.[47]

Во овој период Блер редовно објавувал статии во „Аделфи“ и есејот „Бесење“ се појавил во август 1931. Од август до септември 1931 година неговите истражувања со сиромаштијата продолжиле и како протагонистот во „Ќерката на свештеникот“, тој ја следел традицијата на Ист Енд за работа во полињата. Тој видел дневник за неговите тамошни искуства. После тоа, преноќевал во преноќиштето за бездомници на улицата „Тули“, но не можел да издржи долго и со финансиската помош на неговите родители се преселил на улицата „Виндзор“ каде престојувал сè до Божиќ. Наскоро Мабел Фирз го поврзала Блер со Леонард Мур, кој станал негов книжевен агент.

Во тој период Џонатан Кејп го одбил текстот „Дневникот на еден слуга“, прва верзија на „Никој и ништо во Париз и Лондон“. По совет на Ричард Рис, тој го понудил текстот на „Фејбер и Фејбер“, но уредникот Т. С. Елиот исто така го одбил текстот. Крајот на годината Блер ја завршил со неговото (намерно, самоволно) апсење,[48] за да може да го искуси Божиќ во затворски услови, но сепак службите не го сметале неговото јавно однесување како причина за апсење. Блер се вратил дома во Саутволд откако поминал само два дена во притворска ќелија.

Блер: Наставник

уреди

Во април 1932 година Блер станал наставник во средното училиште „Хоторнс“ — училиште за момчиња во Хејс, Хилингдон во Западен Лондон. Ова било мало училиште кое овозможувало приватно образование за дека на месните трговци и имало само од 14 до 16 деца на возраст од десет до шеснаесет години.[49] Додека бил во училиштето тој се спријателил со вработен во локалната парохиска црква и зел активно учество во нивните активности. Во меѓувреме, Мабел Фирз се грижела за работите со Мур и кон крајот на јуни 1932 година Мур му соопштил на Блер дека Виктор Голанц бил подготвен да го објави „Дневникот на еден слуга“ за аванс од 40 фунти преку неговата новооснована издавачка куќа.

Кон крајот на летниот семестар во 1932 година, Блер се вратил во Саутволд кога неговите родители воделе постапка за откупување на куќата каде живееле. Блез и неговата сестра Аврил го поминале одморот уредувајќи го домот, а во меѓувреме работел и врз романот „Бурмански денови“.[50] Дополнително, тој поминувал време и со Елинор Жак, но поради Денис Колингс неговите желби за посериозна врска не се оствариле.

 
Псевдонимот „Џорџ Орвел“ бил инспириран од реката Орвел во Сафолк.[51]

Ѕвекот“, есеј кој го опишува неговиот неуспешен обид да биде затворен, се појавил во август 1932 година во „Аделфи“. Повторно се вратил да предава во училиштето во Хејс и се подготвувал за објавување на неговата книга, сега со нов наслов, „Никој и ништо во Париз и Лондон“ (Down and Out in Paris and London). Тој сакал да ја објави книгата под друго име за да не го засрамува неговото семејство со фактот дека живеел одреден период како бездомник.[52] Во едно писмо кое го испратил до Мур (со датум 15 ноември 1932), изборот за неговиот псевдоним го оставил на Мур и Голанц. Четири дена подоцна, тој му пишал на Мур и му ги предложил псевдонимите П. С. Бартон (P. S. Burton), Кенет Мајлс (Kenneth Miles), Џорџ Орвел (George Orwell) и Х. Луис Олвејс (H. Lewis Allways).[53] На крај го избрал псевдонимот „Џорџ Орвел“ бидејќи „сè на сè, тоа било добро англиско име“.[54] „ Никој и ништо во Париз и Лондон“ бил објавен на 9 јануари 1933, а паралелно Орвел работел и врз „Бурмански денови“. „Никој и ништо“ имал среде успех и следно бил објавен од „Харпер“ во Њујорк.

Во 1933 година Блер го напуштил Хоторнс и заминал за колеџот Фрејс во Мидлсекс. Ова било поголемо училиште со над 200 ученици и целосен наставен кадар. Во тој период купил мотоцикл и со него ја шетал околината на Мидлсекс. Додека патувал со мотоциклот, еден ден го фатило бура, па поради дождот и ладното се разболел од пневмонија. Бил однесен во болницата „Аксбриџ Котиџ“. Еден момент лекарите верувале дека нема да се спаси. Но, Блер бил пуштен на домашно лекување во јануари 1934 година, се вратил во Саутволд и тогаш целосно се откажал од предавање.

Блер се разочарал кога Голанц му го одбил „Бурмански денови“, но Харпер биле подготвени да го објават романот. Во меѓувреме, Блер започнал да работи врз романот „Ќерката на свештеникот“, осврнувајќи се на неговите денови како наставник и животот во Саутволд. Елинот Жак сега била веќе мажена и заминала за Сингапур, а Бренда Салкелд заминала за Ирска. Така, Блер бил релативно изолиран во Саутволд. Сепак, во октомври, откако испратил копија од книгата „Ќерката на свештеникот“ до Мур, тој заминал за Лондон каде неговата тетка Нели Лимузин му пронашла работа.

Хемпстед

уреди
Поранешниот дом на Орвел во Хампстед
Сина плакета во чест на Орвел.

Новата работа на Блер била во една продавница за употребувани книги во Хемпстед, Лондон. Продавницата била во сопственост на семејството Вестроп, кои биле пријатели на Нели Линузин и активни приврзаници на движењето есперанто. Тие биле пријателски настроени кон Блер и му овозможиле удобно сместување во „Ворик Меншнс“ на улицата „Понд“. Блер работел со неговиот нов колега Џон Кимче. Работел во продавницата попладне, а наутро бил слободен па така можел да пишува. Овие искуства биле основа за пишување на неговиот роман „Да живее фикусот“ (Keep the Aspidistra Flying) (1936). Во тој период не бил политички активен, иако работодавците и Кимче биле активисти на Независната лабуристичка партија. Блер пишувал за „Аделфи“, а ги подготвувал за објавување „Ќерката на свештеникот“ и „Бурмански денови“.

На почетокот на 1935 година морал да се исели од „Ворик“, но Мабел Фирз му пронашла стан во „Парламент Хил“. „Ќерката на свештеникот“ била објавена на 11 март 1935 година. На почетокот на 1935 година тој се запознал со Ајлин Ошогнеги, која ќе биде негова идна сопруга.[55] Во овој период Блер почнал да пишува прегледи за „Њу Инглиш Викли“ (The New English Weekly).

Во јуни „Бурмански денови“ била објавена и прегледот на Сирил Коноли за „Њу Стејтсмен“ го поттикнало обновувањето на пријателството на Блер со Коноли. Во август се преселил во стан на улица „Лофорд“ и живеел со Мајкл Сајерс и Рајнер Хепенстал. Иако биле пријатели, сепак не биле во добри односи, особено Блер и Хепенстал. Подоцна работеле заедно за ББЦ.[56] Во тој период Блер работел на „Да живее фикусот“, а исто така неуспешно работел и на серијал за „Њус кроникл“ (News Chronicle). Во октомври 1935 неговите цимери се иселиле и имал проблем со целосното плаќање на станарината. Таму останал до јануари 1936 година, кога престанал да работи во продавницата.

Во 1980 година била поставена сина плакета како комеморација на делувањето на Блер во тој дел од градот.[57]

„Патот до Виганскиот док“

уреди
 
Местото каде престојувал Орвел додека бил во Валингтон.

Во овој период од Блеровиот живот, Виктор Голанц му предложил да помине некое време истражувајќи ги социјалните услови во економски запуштената Северна Англија. Две години претходно, Џ. Б. Пристли пишувал за северниот дел на Англија, северно од реката Трент, со што се зачнала желбата за репортажи. Оваа економска положба резултирала со јавно читање на бројни писатели од работничка класа од Северна Англија. Орвел во барал Џек Хилтон за совет, писател токму од таква позадина. Орвел му пишал на Хилтон каде му објаснил дека бара сместување и побарал препораки за неговата мисија. Хилтон не можел да му пронајде сместување, но му препорачал да отпатува за Виган наместо за Рочдејл.[58]

На 31 јануари 1936 година, Орвел со јавен транспорт и пеш, пристигнал во Манчестер. Во Манчестер пристигнал во период кога не работеле банките, па така морал да престојува во обично преноќевалиште. Следниот дел добил список на контакти, кој патем бил испратен од Ричард Рис. Еден од нив бил Франк Мид, кој го препорачал Виган, каде Орвел го поминал февруари престојувајќи во нечисто преноќиште. Во Виган посетил бројни домови за да види како живеат луѓето, детално ги забележувал условите во кои живееле и примањата со кои живееле. Потоа заминал за рудник за јаглен, а за неговите потреби ја искористил и јавната библиотека, денес Вигански Музеј.

Оваа негова Виганска мисија била попречена од грижите поврзани за книгата „Да живее фикусот“. За кратко заминал во Ливерпул и во март престојувал со Јоркшир, а потоа и во Шефилд и Барнсли. Покрај посетување на рудници и набљудување на социјалните услови, тој учествувал на состаноци на Комунистичката Партија и на собири на Освалд Мосли, каде ја увидел тактиката на Британската Унија на Фашисти.[59] Покрај тоа, тој ја посетил и неговата сестра во Хедингли, кога го посетил и музејот на сестрите Бронте во Хаворт.[60]

Орвел имал потреба од место каде ќе може да се сконцентрира на пишувањето, и повторно од помош му била неговата тетка Нели, која живеела во Валингтон, Хертфордшир. Таа живеела во мала куќа од 16 век. Валингтон било мало село северно од Лондон и куќата немала никакви, за тоа време, современи елементи. Таму тој престојувал, односно се доселил на 2 април 1936 година.[61] Започнал со пишување на „Патот за Виганскиот док“ кон крајот на април, но паралелно поминувал време работејќи во градината и се обидувал да отвори месна продавница. „Да живее фикусот“ бил објавен од Голанц на 20 април 1936 година.

Резултат на неговото патување во Северна Англија бил романот „Патот за Виганскиот док“, кој бил објавен од Голанц во 1937 година. Првиот дел од книгата е неговото социјално истражување во Ланкашир и Јоркшир, каде има и опис на животот на рударите. Вториот дел од книгата е долг есеј за неговата политичка свест, кој вклучува аргументи за социјализмот. Во однос на вториот дел, Голанц се плашел дека ќе предизвика бурни реакција во британската јавност, па поради тоа (додека Орвел веќе бил заминат за Шпанија) тој додал и предговор на книгата.

Поради ваквото истражување, Орвел бил под постојано набљудување на безбедносните структури цели 12 години, почнувајќи од 1936 година, па сè до една година пред објавувањето на романот „1984“.[62]

На 9 јуни 1936 година Орвел се оженил со Ајлин. Многу набрзо почнала политичката криза во Шпанија, што го привлекло вниманието на Орвел. Кон крајот на годината, загрижен поради подемот на Франциско Франко во Шпанија (поддржан од Нацистичка Германија и Италија), Орвел се одлучил да замине за Шпанија и да учествува во Шпанската граѓанска војна како борец во редовите на републиканската страна. Предводен од грешните претпоставки дека му требаат левичарски документи за да премине на фронтот, тој се обратил на Хери Полит, лидер на Британската комунистичка партија (по препорака на Џон Стречи). Побарал безбедно да биде префрлен во Шпанија преку британската амбасада во Париз.[63]

Шпанска граѓанска војна

уреди
 
Плоштад „Џорџ Орвел“ во Барселона.

Орвел заминал за Шпанија на 23 декември 1936. Во Париз се сретнал со Хенри Милер, со кого разговарал додека ручале во еден ресторан. Милер му кажал на Орвел дека борењето во граѓанската војна поради некое чувство на обврска или грижа била „глупост“ и дека идеите на Англичаните за „борбата против фашизмот, бранење на демократијата, итн., итн. била глупост“.[64] Неколку дена подоцна во Барселона, Орвел се сретнал со Џон Мекнер, член на Независната лабуристичка партија, на кого повторно му изјавил: „Дојдов да се борам против фашизмот.“[65] Орвел се вклучил во сложена полтичка ситуација во Каталонија. Републиканската влада била поддржана од бројни фракции со конфликтни идеи. Бидејќи Независната лабуристичка партија била поврзувана со Работничката партија за марксистичко обединување (ПОУМ), тој се приклучил во редовите на ПОУМ.

По кратко време во Лениновите бараки во Барселона, тој бил испратен во релативно тивкиот фронт во Арагон, под водство на Гоергес Коп. Во јануари 1937 година бил испратен во Алкубиере (место со надморска висина од 1.500 метри) во среде зимно време. Тука имало многу мала воена акција и Орвел бил изненаден од недостигот на муниција, храна, дрва и други основни работи.[66] Со неговиот кадетски корпус и полициската обука, тој многу брзо се воздигнал во чин на десетар. По три недели пристигнал британски контигент (од НЛП) и тие заедно со Орвел биле испратени во Монте Оскуро, а потоа пратени во Уеска.

Во меѓувреме, во Англија, Ајлин се грижела за работите поврзани со објавување на „Патот за Виганскиот док“, пред и самата таа да замине за Шпанија. Ајлин волонтирала кај Џон Мекнер и со помош на Жорж Коп го посетила нејзиниот сопруг, кога му донела чај, чоколада и цигари.[67] Одреден период Орвел престојувал во болница (затруена рака)[68] каде му биле украдени сите негови работи. Се вратил на фронтот и учествувал во напад на националистичките редови.

Во април, Орвел се вратил во Барселона.[68] Бидејќи сакал да биде испратен на фронтот во Мадрид, тој сметал дека треба да се приклучи на меѓународните бригади и така се зближил со еден шпански комунист и му ја објаснил ситуацијата. Иако не бил на исто мислење со комунистите, тој сепак ги сметал за пријатели и сојузници. Тоа негово мислење набрзо ќе се промени.[69] За време на Мајските денови во Барселона, Орвел се нашол во борби помеѓу различните фракции. Голем дел од времето го поминал на покриви. Лажните кампањи предводени од комунистичкиот печат,[70] го обвиниле ПОУМ за соработка со фашистите и тоа имало драматични ефекти врз Орвел. Наместо да се приклучи на Меѓународните бригади, тој се одлучил да се врати на фронтот во Арагон. Штом завршиле мајските борби, неговиот пријател го прашал дали сè уште сака да се приклучи на Меѓународните бригади. Тој се изненадил од фактот дека сè уште го сакаат во нивните редови, бидејќи според комунистичкиот прес тој бил фашист.[71]

Откако се вратил на фронтот, тој бил повреден во грлото од снајперист. За разлика од шпанските борци тој бил повисок[72] и бил предупреден да не се исправа. Тоа неслушање резултирало со повреда. Не можел да зборува одреден период и обилно крварел. Бил пренесен во болница во Лјеида. Доволно закрепнал за да може да 27 мај 1937 година да биде испратен во Тарагона, а подоцна и во Барселона. Поради повредата бил прогласен за воено неспособен.[73]

До средината на јуни политичката состојба во Барселона се влошила и ПОУМ била дискредитирана. Членовите на ПОУМ почнале да се апсат. Орвел и жена му биле под опасност од апсење и поради тоа морале да се кријат,[n 2] иако еднаш дури и се обиделе да му помогнат на Коп.

Кога нивните пасоши биле спремни, тие пребегнале од Шпанија во Франција. Во јули 1937 Орвел пристигнал во Валингтон, а на 13 јули било објавено дека Орвел бил обвинет за агент на ПОУМ и троцкист.[74] Ова обвинение било објавено во Барселона во негово отсуство. За ова Орвел тврдел дека тоа се руско-троцкистички судења и дека од почетокот до крајот сè било лага и измислица на комунистичкиот печат.[75] Овие искуства во Шпанија резултирале со романот „Во чест на Каталонија“ (1938).

Одмор

уреди

По војната Орвел се вратил во Англија во јуни 1937 година и престојувал во домот на неговата сопруга во Гринич. Две од неговите дела за таа тема биле одбиени од Кингсли Мартин, а Голанц бил исто така претпазлив. Во меѓувреме, комунистичкиот весник „Дејли Воркер“' (Daily Worker) вршел напади на книгата „Патот за Виганскиот док“, вадејќи ги од контекст пишувањата на Орвел дека „работничката класа смрдела“. Нашол соработка со Фредрик Барбург за објавување на неговите дела. Орвел се вратил во Валингтон, каде чувал коза, петел (по име Хенри Форд) и пудла по име Маркс.[76][77][78] Во таква семејна и мирна атмосфера, Орвел почнал да ја пишува „Во чест на Каталонија“.

Одредени моменти се мислел да замине за Индија за да работи за весникот „Пионир“ (The Pioneer). Сепак во март 1938 година здравјето на Орвел се влошило. Бил примен во санаториум Престон Хал во Кент, болница за поранешни службеници. Првично се мислело дека боледува од туберкулоза и седел во болницата сè до септември. „Во чест на Каталонија“ бил објавен од Секер и Варбург и имал комерцијален успех.

Романописецот Лео Мајерс тајно финансирал пативање до Мароко за Орвел за да ја избегне англиската зима и да го подобри своето здравје. Орвелови отпатувале во септември 1938 година преку Гибралтар и пристигнале во Маракеш. Изнајмиле вила на патот за Казабланка и тогаш ја напишал „Борејќи се за воздух“. Се вратиле во Англија на 30 март 1939 година и во јуни била објавена книгата. Орвел поминал одредено време во Валингтон и Саутволд и работел на есеј за Чарлс Дикенс. Во јуни 1939 година неговиот татко починал.[79]

Воен период

уреди

Кога започнала Втората светска војна, сопругата на Орвел започнала да работи во Одделот за цензура при Министерството за информации на Велика Британија во Лондон. За време на работните денови престојувала во куќа на нејзини родници во Гринич. Орвел исто така се пријавил за работа во Централниот регистар на Велика Британија, но неуспешно. Се вратил во Валингтон и во 1939 година напишал материјали за неговата прва збирка на есеи „Внатре во китот“. Следните години тој бил преокупиран со пишување прегледи за драми, филмови и книги за списанијата „Лисенер“ (The Listener), „Тајм и Тајд“ (Time and Tide) и „Њу Делхи“ (New Adelphi). На 29 март 1940 започнала долгогодишната соработка со „Трибун“ (Tribune).[80] На почетокот на 1940, се појавило првото издание на списанието „Хоризон“ и дал други можности за делата на Орвел, како и други книжевни контакти. Во мај, Орвелови се преселиле во стан во Лондон. Во текот на целиот овој период Орвел водел дневник.[81]

 
Фотографија на Орвел во студио на ББЦ. За жал, денес не е зачувана ниту една снимка од овој период.

Орвел бил прогласен за „неспособен за секој вид на воена служба“ од страна на Медицинскиот борд на Велика Британија. Сепак, наскоро пронашол начин како да биде инволвиран во воени активности со тоа што се приклучил на Британската волонтерска гарда.[82] Тој ги делел социјалистичките визии на Том Винтрингем за Гардата како револуционерна народна милиција. Додека престојувал во Валингтон, тој работел врз „Англија твоја Англија“, а во Лондон пишувал прегледи за различни списанија. На 19 февруари 1941 година била објавена „Лавот и еднорогот: социјализмот и англискиот гениј“.[83]

Во почетокот на 1941 започнал да пишува за американското списание „Партизан Ривју“ (Partisan Review), кое го поврзало Орвел со интелектуалците од Њујорк, кои патем биле антисталинисти,[84] а придонесувал и за антологијата на Голенц „Предавството на левицата“ (The Betrayal of the Left).[85] Исто така неуспешно аплицирал за работа во Министерството за авијација на Велика Британија. Во меѓувреме, продолжил да пишува прегледи за книги и драми и во овој период се запознал со романописецот Ентони Пауел. Исто така учествувал и во радио сервисите на ББЦ.

Во август 1941 конечно се стекнал со „воена работа“ кога бил ангажиран за Источниот сервис на ББЦ. Кога бил на интервју за работата, тој потенцирал дека тој апсолутно ја прифаќа потребата за пропаганда да биде предводена од владата“ и потенцирал дека во време на воена состојба дисциплината при извршување на владините политики е неопходна.[86] Ова било за прв пат кога Орвел работел во канцелариски услови.

Здравјето на Орвел сè повеќе се влошувало. Во октомври имал бронхитис и почесто се разболувал. Во тој период Дејвид Астор има потреба од дописник за „Обзервер“ (The Observer) и го поканил Орвел да пишува за него. Неговата прва статија се појавила во март 1942 година. Наскоро Ајлин се префрлила во Министерството за храна и со тоа семејството се преселило во поголем стан. Неговата мајка и сестра се преселиле поблиску до Блер и неговата сопруга.[87]

Додека работел во ББЦ, Орвел ја вовел емисијата „Глас“, книжевна програма наменета за сервисите во Индија. Во тој период водел активен книжевен и социјален живот со своите современици, особено оние од политичката левица. Во 1942 започнал да пишува за лево-ориентираното списание „Трибун“[88] Во март 1943 година починала мајката на Орвел, во период кога започнал да работи врз својата најпозната книга „Животинска фарма“.

Во септември 1943 година Орвел дал отказ од ББЦ. Тој работел во радиото две години.[89] Неговиот отказ бил проследен со извештај со кој се потврдиле неговите грижи дека мал број на Индијци ги слушале емисиите.[90] Сепак, тој повеќе сакал да се фокусира на својата „Животинска фарма“. Само шест дена пред целосно да ја напушти работата, на 24 ноември 1943 година била емитувана неговата адаптација на бајката „Новата облека на Императорот“.[91] Исто така во тој период дал отказ и од Доброволната гарда поради медицински причини.[92]

Во ноември 1943 година Орвел бил назначен за книжевен уредник на „Трибун“, каде негов асистент бил неговиот стар пријател Џон Кимче. Орвел работел таму до 1945 година, и напишал над 80 прегледи за книги[93] и на 3 декември 1943 ја започнал неговата лична редовна колумна „Како што јас сакам“, во која пишувал најчесто за три или четири теми.[94] Тој сè уште пишувал прегледи за други списанија иако работел како уредник. Стекнал почит меѓу левичарските кругови, но и одредени блиски пријатели од десницата. Во април 1944 година „Животинска фарма“ била спремна за објава. Голенц одбил да ја објави, сметајќи дека е напад врз СССР, кој бил клучен сојузник во Втората светска војна. Слично мислеле и другите издавачи. Сепак, Џонатан Кејп не мислел така.

Во мај Орвел и неговата сопруга имале можност да посвојат дете, благодарение на контактите на сестрата на Ајлин, која тогаш била лекар во Њукасл-на-Тајн. Поради бомбардирањата во текот на војната, Орвелови морале да пронајдат нов дом. Низ рушевините на неговиот стар дом ги пронашол сите свои книги и ги пренел во Валингтон.

Наскоро Орвел претрпел уште едно разочаривање. Иако Кејп првично прифатил да ја објави „Животинска фарма“, сепак тој го сменил мислењето. Оваа одлука следела по неговата посета на Питер Смолет, службеник во Министерството за информации. Подоцна, сепак, се утврдило дека Смолет бил советски агент и влијаел врз одлуката на Кејп.[95][96]

Одреден период Орвелови живееле во близина на Карлтон, каде се занимавале со посвојувањето на детето. Тие го добиле својот син Ричар Хорацио Блер.[97] Во септември 1944 се доселиле во Ислингтон.[98] Ајлин ја оставила работата и се грижела за семејството. Издавачката куќа „Секер и Варбург“ се сложила да ја објави „Животинска фарма“. Издавањето го закажале за следниот март, но книгата била издадена во август 1945 година. Во февруари 1945 година Орвел бил повикан да биде воен известувач за „Обзервер“.

Ајлин починала како резултат на хистеректомија на 29 март 1945.

Поствоен период

уреди

„Животинска фарма“ одлично се вклопила во поствоената политичка сцена во светот и имала светки успех, а Орвел станал „баран писател“. Следните четири години Орвел мешал од една страна новинарска работа, воглавно за „Трибун“, „Обзервер“ и „Манчестер Ивнинг Њус“, но пишувал и за малотиражни весници и списанија, а од друга страна работел врз неговата идна книга „1984“ (која била издадена во 1949 година). Тој бил водечки лик во т.н. „Шангајски клуб“ (именуван по еден ресторан во Сохо), група на левичарски новинари.[99]

 
Барнхил, Џура. Местото каде престојувал Орвел и каде ја напишал „1984“.

Една година по смертта на Ајлин тој објавил околу 130 статии и избор на неговите „Критички есеи“, а бил активен и во различни лобирачки кампањи. Тој вработил и куќна помошничка, Сузан Ватсон, која покрај другото требало да се грижи и за неговиот син. Во септември тој поминал едно деноноќие на островот Џура во Шкотска, место кое го сметал за прибежиште од брзиот живот во Лондон Дејвид Астор му помогнал околу подготовките за патувањето до Џура.[100]

Во 1945 и 1946 година Орвел имал неколку неуспешни понуди за брак. Во 1946 година имал белодробно крварење, но успешно ја криел болеста. Неговата сестра Марџори умрела од болест на бубрези во мај, а веќе на 22 мај 1946 Орвел одлучил да живее на островот Џура, на местото именувано Барнхил.[101]

Местото каде се доселил Орвел всушност била напуштена фарма во северниот дел на островот, на 8 км оддалеченост од сопственикот на фармата. Условите во фармата биле примитивни, но предизвикот да ги подобри условите за живот бил примамлив. Неговата сестра Аврил го придружила. Во јули на островот пристигнала Сузан Ватсон со неговиот син. Во овој период Орвел започнал да ја пишува познатата книга „1984“.

Кон втората половина на 1946 година Орвел се вратил во Лондон. Сега веќе во овој период бил познат писател и имал многу работа. Во 1946/ 47 година имало економска и енергетска криза во Англија, па така добар дел од дрвениот мебел бил искористен за огревно дрво. Дополнително, загаденоста на воздухот уште повеќе му го отежнувало неговото здравје. Поради успехот на „Животинска фарма“, Орвел очекувал голем приход, па така стапил во контакт со сметководствено претпријатие. Претпријатието го советувало да основа компанија која ќе ги побарува неговите авторски права и да може да прима месечни примања преку компанијата. Орвел ја основа „Џорџ Орвел Продакшнс Лтд („George Orwell Productions Ltd“) на 12 септември 1947.[102]

Орвел повторно заминал за Џура на 10 април 1947 година.[13] Во јули истекол договорот за закуп за куќата во Валингтон.[103] Во Џура тој работел врз „1984“ и имал добар напредок. Во тоа време семејството на неговата сестра го посетила, а токму тогаш Орвел имал несреќа со брод на 19 август,[104] кога за малку ќе го изгубел животот поминувајќи го заливот Кориврекан. Во декември имал преглед од специјалист во Глазгов кој соопштил дека Орвел е сериозно болен и една недела пред Божиќ 1947 тој бил примен во болницата Хејрмајерс во близина на Глазгов. Му била дијагностицирана туберкулоза.[105] Веќе кон јули 1948 година Орвел можел да се врати во Џура, а веќе во декември го завршил ракописот на „1984“. Во јануари 1949 година, со кревко здравје и без сила, заминал за санаториумот во Кранхам.

Романот „1984“ бил објавен во јуни 1949 година и веднаш постигнал успех.

Последните Орвелови денови

уреди

Здравјето на Орвел сè повеќе се влошувало поради туберкулозата. Во 1949 година започнал да се гледа со Соња Браунел и двајцата објавиле дека во септември таа година ќе се свршат. Соња ги презела работите од Орвел и се грижела за него во болница. Во септември 1949 година Орвел побарал од неговиот сметководител Харисон да биде директор на неговата компанија, но за ова нема сведоци.[102] Орвел и Соња се венчале во болничка соба на 13 октомври 1949.[106] Сепак како директори на компанијата биле сопружниците Блер.[102]

Џорџ Орвел не успеал да ја надмине болеста и на 21 јануари 1950, на само 46 годишна возраст, англискиот писател се упокоил.[107]

Книжевна кариера

уреди

Во текот на поголемиот дел од својата кариера, Орвел бил најпознат по своето новинарство, есеите, рецензиите, колумните во весниците и списанијата и во неговите репортажни книги: „Никој и ништо во Париз и Лондон“ (опишувајќи го периодот на сиромаштијата во овие градови), „Патот до Виганскиот док“ (опишувајќи ги условите за живот на сиромашните во северна Англија и генерално поделбата на класите во Англија) и „Во чест на Каталонија“. Според Ирвинг Хоу, Орвел бил „најдобриот англиски есеист од Хазлит па навака“.[108]

Современите читатели најмногу го знаат Орвел како романописец, особено поради неговите многу успешни наслови „Животинска фарма“ и „1984“. Првиот честопати се смета дека рефлектира дегенерација во Советскиот Сојуз по Руската револуција и подемот на сталинизмот; вториот, живот под тоталитарно владеење. „1984“ често се споредува со Храбриот Нов Свет од Олдос Хаксли; двата се моќни дистописки романи кои го предупредуваат идниот свет каде што државната машина врши целосна контрола врз општествениот живот. Во 1984 година, „1984“ и Фаренхајт 451 на Реј Бредбери биле добитници на наградата „Прометеј“ за придонесот во дистописката литература. Во 2011 година повторно ја добил наградата за „Животинска фарма“.

Борејќи се за воздух“, неговиот последен роман пред Втората светска војна, е „најанглискиот“ од неговите романи; алармите за војна се мешаат со сликите на идиличното детство од Едвардовиот период покрај Темза, преку протагонистот Џорџ Боулинг. Романот е песимистички; индустријализмот и капитализмот го убиваат најдоброто од Стара Англија. Во домашна смисла, неговиот протагонист Џорџ Боулинг ги поставува тоталитарните хипотези на Франц Боркенау, Орвел, Игнацио Силоне и Костлер.[109]

Влијание

уреди

Во автобиографско дело што Орвел им го испратил на уредниците на „Автори на дваесеттиот век“ во 1940 година, тој напишал: „Писателите за кои најмногу се грижам и од кои никогаш не се заморувам се: Шекспир, Свифт, Филдинг, Дикенс, Чарлс Рид, Гистав Флобер и меѓу модерните писатели, Џејмс Џојс, Т.С. Елиот и Д.Х. Лоренс. Но, верувам дека модерниот писател кој најмногу влијаеше на мене е Вилијам Сомерсет Мом, кому му се восхитувам неизмерно за неговата моќ да раскажува приказна директно и без уважување”. На друго место, Орвел силно ги пофалил делата на Џек Лондон, особено неговата книга Патот. Истрагата на Орвел за сиромаштијата во „Патот до Виганскиот док“ многу наликува на онаа на „Луѓето од бездната“ на Лондон, во која американскиот новинар се маскира како морнар без работа за да ги испита животите на сиромашните во Лондон. Во својот есеј „Политика наспроти литературата: Испитување на патувањата на Гуливер“ (1946) Орвел напишал: „Ако требаше да направам список со шест книги што требаше да бидат зачувани кога сите други ќе бидат уништени, сигурно ќе ги ставам „Гуливеровите партувања“ меѓу нив“.

Други писатели кои ги почитувал Орвел се: Ралф Валдо Емерсон, Џорџ Гисинг, Грахам Грин, Херман Мелвил, Хенри Милер, Тобијас Смолет, Марк Твејн, Џозеф Конрад, and Евгениј Замјатин.[110] Исто така го почитувал и критикувал Радјард Киплинг.[111][112]

Книжевна критика

уреди

Низ текот на неговиот живот Орвел се издржувал преку неговите книжевни критики. Неговите прегледи се добро познати и имаат влијание врз книжевната критика како правец. Како заклучок на неговиот есеј од 1940 за Дикенс, тој напишал[113]:

Кога некој чита можно поединечно дело, има впечаток дека гледа лице некаде зад страницата. Не мора да е вистинското лице на писателот. Ова го чувствувам многу силно со Свифт, со Дефо, со Филдинг, Стендал, Такери, Флобер, иако во неколку случаи не знам како изгледаа овие луѓе и не сакам да знам. Она што некој го гледа е лицето што писателот треба да го има. Па, во случајот на Дикенс гледам лице кое не е лицето на фотографиите на Дикенс, иако наликува на тоа. Тоа е лице на човек од околу четириесет години, со мала брада и боја. Тој се смее, со допир на лутина во смеата, но нема триумф, нема малигнитет. Тоа е лице на човек кој секогаш се бори против нешто, но кој се бори на отворено и не се плаши, лице на човек кој е великодушно лутo - со други зборови, на либерал од деветнаесеттиот век, слободна интелигенција, тип кој гi мрази со еднаква омраза сите миризливи мали правилности кои сега се борат за нашите души.

Јазично влијание

уреди

Во неговиот есеј „Политиката и англискиот јазик" (1946), Орвел пишувал за важноста на точниот и јасниот јазик, тврдејќи дека нејасниот јазик може да се искористи како моќна алатка за политичка манипулација бидејќи тоа го оформува начинот на кој мислиме. Во есејот Орвел наведува шест правила за писателите:

  1. Никогаш не користи метафора, едноставна или каква било стилска фигура која си ја забележал во книгите.
  2. Никогаш не користи долг збор кога може да се искористи краток.
  3. Ако е можно да се скрати некој збор, секогаш скрати го.
  4. Никогаш не користи пасивен залог кога можеш да користиш активен.
  5. Никогаш не користи странски израз, научен збор или жаргонски збор ако можеш да пронајдеш секојдневен англиски еквивалент.
  6. Подобро прекрши кое било од правилата одошто да кажеш нешто целосно свирепо.[114]

Ендру Н. Рубин тврди дека „Орвел тврди дека треба да бидеме внимателни кон тоа како употребата на јазикот го ограничи нашиот капацитет за критичка мисла исто како што треба подеднакво да се грижиме за начините на кои доминантните начини на размислување го преобликуваа самиот јазик што ние го користиме“.[115]

Орвел можеби е првиот што го употребил изразот „студена војна“, поим кој се однесува на тензичната состојба помеѓу силите на Западот и Истокот по Втората светска војна. Го употребил во есејот „Ти и атомската бомба“, објавен во „Трибун“ на 19 октомври 1945 година. Тој напишал:

Можеби се движиме не кон општ распад, туку кон една епоха толку ужасно стабилна како ропските империи на антиката. Теоријата на Џејмс Бурнхам многу се дискутираше, но малкумина сè уште ги имаат разгледано нејзините идеолошки импликации - ова е видот на гледиштето на светот, видот на верувања и социјалната структура што веројатно би преовладувала во една држава која била еднаш непобедлива и во трајна состојба на „студена војна“ со соседите.[116]

Книжевно творештво

уреди

Орвел почнал да пишува во Индија, а првото дело, автобиографската проза „Никој и ништо во Париз и во Лондон“, го објавил во 1933 година во Европа. Следната година ја објавил книгата „Бурманските денови“, а во 1935 година и романотЌерката на свештеникот“. Во 1938 година ги објавил своите забелешки од Граѓанската војна во Шпанија, со наслов „Во чест на Каталонија“. Во 1940 се појавила збирката со есеи, „Во внатрешноста на китот“, во 1945 излегла сатиричната бајкаЖивотинска фарма“, а потоа и неговото најпознато дело, романот „1984“. Во 1946 година, Џорџ Орвел го напишал познатиот есеј „Зошто пишувам?“ во кој навел четири мотиви за пишувањето: чистиот егоизам, естетскиот ентузијазам, историскиот мотив и политичката цел.[117] Неколку дена пред смртта, Орвел примил порака од Дезмонд Мек Карти (Desmond MacCarthy) со зборовите: „Ти остави трајна трага во англиската книжевност... ти си еден од ретките писатели на својата генерација кои ќе се паметат.“[118]

Романи

уреди

Есеи

уреди

Некои од познатите Орвелови есеи се:

Поезија

уреди

Белешки

уреди
  1. Стански и Абрахамс наведуваат дека Ида Блер се преселила во Англија во 1907, базирајќи се на информациите даде од нејзината ќерка Аврил, кога зборувала за времето пред да биде родена. Ова е спротивно на тврдењата на Ида Блер, и фотографијата на Блер сликана во градината во Англија кога имал само три години.[16] Пораниот датум се совпаѓа со потешкотиите на таткото во однос на работното место, како и потребата на Марџори (на 6 години) од отпочнување во англиско училиште.
  2. Авторот наведува дека доказите откриени во Националниот историски архив во Мадрид во 1989 година, за извештајот на безбедносната полиција до Трибуналот за шпионажа и велепредавство ги опишале Ерик Блер и неговата сопруга Ајлин Блер, како „познати троцкисти“ и како „агенти на ИЛП“ и ПОУМОТ “. Њусингер продолжува со изјавата дека со оглед на несигурното здравје на Орвел, „може да има малку сомнеж дека ако бил уапсен, тој ќе умрел во затворот.

Наводи

уреди
  1. George Orwell, a "Tory anarchist", The Unesco Courier. UNESCO.org. Retrieved 18 November 2020
  2. „George Orwell“. The British Library. Архивирано од изворникот на 2021-01-16. Посетено на 4 October 2019.
  3. „George Orwell“. UCL Orwell Archives. Архивирано од изворникот на 27 February 2009. Посетено на 7 November 2008.
  4. "Why I Write" in The Collected Essays, Journalism and Letters of George Orwell Volume 1: An Age Like This 1945–1950 p. 23. (Penguin)
  5. Orwell, George (1968) [1958]. Bott, George (уред.). Selected Writings. London: Heinemann. стр. 103. ISBN 978-0435136758. Every line of serious work that I have written since 1936 has been written, directly or indirectly, against totalitarianism and for democratic socialism, as I understand it. [italics in original]
  6. Gale, Steven H. (1996). Encyclopedia of British Humorists: Geoffrey Chaucer to John Cleese, Volume 1. Taylor & Francis. стр. 823.
  7. „George Orwell | Books | The Guardian“. The Guardian (англиски). Посетено на 4 October 2019.
  8. „The 50 greatest British writers since 1945“. The Times. 5 January 2008. Посетено на 7 January 2014.
  9. Robert McCrum, The Observer, 10 May 2009
  10. „Home : Oxford English Dictionary“. www.oed.com. Посетено на 2 September 2017.
  11. Crick, Bernard (2004). „Eric Arthur Blair [pseud. George Orwell] (1903–1950)“. Oxford Dictionary of National Biography. Oxford, England, United Kingdom: Oxford University Press.
  12. Stansky, Peter; Abrahams, William (1994). „From Bengal to St Cyprian's“. The unknown Orwell: Orwell, the transformation. Stanford, California, United States: Stanford University Press. стр. 5–12. ISBN 978-0804723428.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 13,7 13,8 Taylor, D.J. (2003). Orwell: The Life. Henry Holt and Company. ISBN 978-0805074734.
  14. Orwell, George (February 1937). „8“. The Road to Wigan Pier. Left Book Club. стр. 1.
  15. Haleem, Suhail (11 August 2014). „The Indian Animal Farm where Orwell was born“. BBC News.
  16. 16,0 16,1 Crick (1982), p. 48
  17. „Renovation of British Author George Orwell's house in Motihari begins“. IANS. news.biharprabha.com. Архивирано од изворникот на 29 June 2014. Посетено на 26 June 2014.
  18. A Kind of Compulsion 1903–36, xviii
  19. Bowker, Gordon. „George Orwell“: 21. Наводот journal бара |journal= (help)
  20. Bowker p. 30
  21. Jacob, Alaric (1984). „Sharing Orwell's Joys, but not his Fears“. Во Norris, Christopher (уред.). Inside the Myth. Lawrence and Wishart.
  22. The Oxford Companion to Twentieth-century Literature in English. Oxford University Press. 1996. стр. 517.
  23. 23,0 23,1 Buddicom, Jacintha (1974). Eric and Us. Frewin. ISBN 978-0856320767.
  24. „Henley and South Oxfordshire Standard“. 2 October 1914. Наводот journal бара |journal= (help)
  25. „Henley and South Oxfordshire Standard“. 21 July 1916. Наводот journal бара |journal= (help)
  26. Jacintha Buddicom, Eric and Us, p. 58
  27. 27,0 27,1 Wadhams, Stephen (1984). „Remembering Orwell“. Penguin. Наводот journal бара |journal= (help)
  28. Binns, Ronald (2018). Orwell in Southwold. Zoilus Press. ISBN 978-1999735920.
  29. The Combined Civil List for India: January 1923. The Pioneer Press. 1923. стр. 399.
  30. The India Office and Burma Office List: 1927. Harrison & Sons, Ltd. 1927. стр. 514.
  31. The Unknown Orwell: Orwell, the Transformation. Stanford University Press. 1994. стр. 176.
  32. Stansky & Abrahams, The Unknown Orwell, pp. 170–71
  33. Michael Shelden Orwell: The Authorised Biography, William Heinemann, 1991
  34. The Combined Civil List for India: July–September 1925. The Pioneer Press. 1925. стр. 409.
  35. A Kind of Compulsion, 1903–36, p. 87
  36. Emma Larkin, Introduction, Burmese Days, Penguin Classics edition, 2009
  37. The India Office and Burma Office List: 1929. Harrison & Sons, Ltd. 1929. стр. 894.
  38. „Exploring Burma Through George Orwell“. NPR. Посетено на 14 January 2021.
  39. Crick (1982), p. 122
  40. Stansky & Abrahams, The Unknown Orwell, p. 195
  41. Ruth Pitter BBC Overseas Service broadcast, 3 January 1956
  42. Плакета бр. 2825 на Open Plaques (англиски)
  43. Stansky & Abrahams, The Unknown Orwell, p. 204
  44. Stansky & Abrahams, The Unknown Orwell, p. 216
  45. R.S. Peters (1974). A Boy's View of George Orwell Psychology and Ethical Development. Allen & Unwin
  46. Stansky & Abrahams, p. 230 The Unknown Orwell
  47. Stella Judt "I once met George Orwell" in I once Met 1996
  48. „Discovery of 'drunk and incapable' arrest record shows Orwell's 'honesty'. ucl.ac.uk. 4 December 2014. Архивирано од изворникот на 6 January 2015. Посетено на 25 February 2015.
  49. Crick (1982), p. 221
  50. Avril Dunn My Brother George Orwell Twentieth Century 1961
  51. Voorhees (1986: 11)
  52. Leys, Simon (6 May 2011). „The Intimate Orwell“. The New York Review of Books. Посетено на 6 May 2011.
  53. Orwell, Sonia and Angus, Ian (eds.)Orwell: An Age Like This, letters 31 and 33 (New York: Harcourt, Brace & World)
  54. „George Orwell: from Animal Farm to Zog, an A–Z of Orwell“. The Telegraph. 20 March 2018.
  55. Stansky & Abrahams, Orwell:The Transformation pp. 100–01
  56. A Kind of Compulsion, p. 392
  57. „George Orwell's Blue Plaque in Kentish Town, London NW5“. English Heritage. Посетено на 27 February 2021.
  58. Clarke, Ben. "George Orwell, Jack Hilton, and the Working Class." Review of English Studies 67.281 (2016) 764–85.
  59. A Kind of Compulsion, p. 457
  60. A Kind of Compulsion, p. 450. The Road to Wigan Pier Diary
  61. A Kind of Compulsion, p. 468
  62. "Freedom of Information, National Archives" Архивирано на 8 декември 2011 г.)
  63. "Notes on the Spanish Militias" in Orwell in Spain, p. 278
  64. Haycock, I Am Spain (2013), 152
  65. John McNair – Interview with Ian Angus UCL 1964
  66. Article by Iain King on Orwell's war experiences
  67. Letter to Eileen Blair April 1937 in The Collected Essays, Journalism and Letters of George Orwell Volume 1 – An Age Like This 1945–1950 p. 296 (Penguin)
  68. 68,0 68,1 Hicks, Granville (18 May 1952). „George Orwell's Prelude in Spain“. New York Times.
  69. Bowker, p. 216
  70. "The accusation of espionage against the P.O.U.M. rested solely upon articles in the Communist press and the activities of the Communist-controlled secret police." Homage to Catalonia p. 168. Penguin, 1980
  71. „Newsinger, John "Orwell and the Spanish Revolution" International Socialism Journal Issue 62 Spring 1994“. Pubs.socialistreviewindex.org.uk. Архивирано од изворникот на 2018-10-17. Посетено на 21 October 2010.
  72. „Harry Milton – The Man Who Saved Orwell“. Hoover Institution. Архивирано од изворникот на 20 June 2015. Посетено на 23 December 2008. Наводот journal бара |journal= (help)
  73. Taylor (2003: 228–29))
  74. Facing Unpleasant Facts, p. xxix, Secker & Warburg, 2000
  75. Facing Unpleasant Facts, pp. 31, 224
  76. „Another piece of the puzzle – Charles' George Orwell Links“. Netcharles.com. Архивирано од изворникот на 19 June 2010. Посетено на 21 October 2010.
  77. „George Orwell Biography“. Paralumun.com. Архивирано од изворникот на 27 April 2011. Посетено на 21 October 2010.
  78. „The Orwell Prize“. Orwelldiaries.wordpress.com. 16 August 2010. Посетено на 21 October 2010.
  79. Connelly, Mark (2018). George Orwell: A Literary Companion. McFarland. стр. 17.
  80. A Patriot After All, 1940–41, p. xvii 1998 Secker & Warburg
  81. Churchwell, Sarah. „Diaries“. New Statesman. Архивирано од изворникот на 2021-03-08. Посетено на 22 October 2018.
  82. „About George Orwell“. www.theguardian.com – Newsroom. Посетено на 2 September 2017.
  83. A Patriot After All, p. xviii
  84. Frances Stonor Saunders, Who Paid the Piper?, p. 160.
  85. The Collected Essays, Journalism and Letters of George Orwell Volume 2 – My Country Right or Left 1940–1943 p. 40 (Penguin)
  86. Walsh, John (6 April 2016). „BBC proposes 8ft tall bronze statue in honour of George Orwell“. The Independent. Посетено на 19 May 2020.
  87. Crick (1982), pp. 432–33
  88. Rodden (1989)
  89. Crick, Bernard R. (1980). George Orwell: A Life. Boston: Little, Brown and Company. ISBN 978-0316161121.
  90. Muggeridge, Malcolm (1962). „Burmese Days (Introduction). Time Inc. Наводот journal бара |journal= (help) Muggeridge recalls that he asked Orwell if such broadcasts were useful, "'Perhaps not', he said, somewhat crestfallen. He added, more cheerfully, that anyway, no one could pick up the broadcasts except on short-wave sets which cost about the equivalent of an Indian labourer's earnings over 10 years"
  91. Two Wasted Years, 1943, p. xxi, Secker & Warburg, 2001
  92. I Have Tried to Tell the Truth, p. xv. Secker & Warburg, 2001
  93. Orwell, G.; Davison, P. (1999). I Have Tried to Tell the Truth. London: Secker & Warburg. ISBN 978-0436203701.[мртва врска]
  94. I Have Tried to Tell the Truth, p. xxix
  95. Garton Ash, Timothy (25 September 2003). „Orwell's List“. The New York Review of Books. Архивирано од изворникот на 5 March 2016. Посетено на 26 April 2016.
  96. Caute, David (2009). Politics and the Novel during the Cold War. New Brunswick, NJ: Transaction Publishers. стр. 79. ISBN 978-1412811613.
  97. "He had led a quiet life as Richard Blair, not 'Richard Orwell'": Shelden (1991: 398; 489)
  98. Orwell: Collected Works, I Have Tried to Tell the Truth, p. 283
  99. Koutsopanagou, Gioula (2020). The British Press and the Greek Crisis, 1943–1949: Orchestrating the Cold-War 'Consensus' in Britain. London: Palgrave Macmillan. стр. 52–53. ISBN 1137551550.
  100. „Remembering Jura, Richard Blair“. Theorwellprize.co.uk. 5 October 2012. Архивирано од изворникот на 2017-01-31. Посетено на 14 May 2014.
  101. „Barnhill“. is located at 56°06′39″N 5°41′30″W / 56.11083° СГШ; 5.69167° ЗГД / 56.11083; -5.69167 (British national grid reference system NR705970)
  102. 102,0 102,1 102,2 „Tim Carroll 'A writer wronged'. The Sunday Times. Timesonline.co.uk. 15 August 2014. Архивирано од изворникот на 2020-04-08. Посетено на 14 May 2014.
  103. Crick (1982), p. 530
  104. Orwell: Collected Works, It Is What I Think, p. xx, Daily Telegraph, 2 December 2013.
  105. It Is what I Think, p. 274
  106. Ingle, Stephen (1993). George Orwell: a political life. Manchester, England: Manchester University Press. стр. 90. ISBN 978-0719032332.
  107. „George Orwell, author, 46, Dead. British Writer, Acclaimed for His '1984' and 'Animal Farm,' is Victim of Tuberculosis. Two Novels Popular Here Distaste for Imperialism“. The New York Times. 22 January 1950.
  108. Howe, Irving (January 1969). „George Orwell: 'As the bones know'“. Harper's Magazine.(reprinted in Newsweek). Howe considered Orwell "the finest journalist of his day and the foremost architect of the English essay since Hazlitt".
  109. The Penguin complete novels of George Orwell. Penguin. 1976. стр. 523.
  110. Letter to Gleb Struve, 17 February 1944, Orwell: Essays, Journalism and Letters Vol 3, eds. Sonia Brownell and Ian Angus
  111. „Malcolm Muggeridge: Introduction“. Посетено на 23 December 2008.
  112. „Does Orwell Matter?“. Архивирано од изворникот на 5 July 2008. Посетено на 23 December 2008.
  113. Orwell, George. „Charles DIckens“. george-orwell.org. Посетено на 17 January 2019.
  114. Orwell, George (април 1946). „Politics and the English Language“. mtholyoke.edu. Horizon. Архивирано од изворникот на 15 July 2010. Посетено на 15 July 2010.
  115. Rubin, Andrew N. „The Rhetoric of Perpetual War“. Архивирано од изворникот на 23 January 2012. Посетено на 11 October 2011.
  116. Orwell, George (19 October 1945). „You and the Atom Bomb“. Tribune. Посетено на 15 July 2010.
  117. Vladimir Arsenijević, U potpalublju: Cloaca maxima, Sapunska opera, Knjiga 1. Beograd: Laguna, 2016, p. 31.
  118. George Orwell, Animal Farm. London: Penguin Books, 2008, p. 2.

Извори

уреди
  • Anderson, Paul (ed). Orwell in Tribune: 'As I Please' and Other Writings. Methuen/Politico's 2006. ISBN 1842751557
  • Azurmendi, Joxe (1984): George Orwell. 1984: Reality exists in the human mind, Jakin, 32: 87–103.
  • Bounds, Philip. Orwell and Marxism: The Political and Cultural Thinking of George Orwell. I.B. Tauris. 2009. ISBN 1845118073
  • Bowker, Gordon. George Orwell. Little Brown. 2003. ISBN 0316861154
  • Buddicom, Jacintha. Eric & Us. Finlay Publisher. 2006. ISBN 0955370809
  • Caute, David. Dr. Orwell and Mr. Blair, Weidenfeld & Nicolson. ISBN 0297814389
  • Crick, Bernard George Orwell: A Life. Penguin. 1982. ISBN 0140058567
  • Flynn, Nigel. George Orwell. The Rourke Corporation, Inc. 1990. ISBN 086593018X
  • Haycock, David Boyd. I Am Spain: The Spanish Civil War and the Men and Women who went to Fight Fascism. Old Street Publishing. 2013. ISBN 978-1908699107
  • Hitchens, Christopher. Why Orwell Matters. Basic Books. 2003. ISBN 0465030491
  • Hollis, Christopher. A Study of George Orwell: The Man and His Works. Chicago: Henry Regnery Co. 1956.
  • Larkin, Emma. Secret Histories: Finding George Orwell in a Burmese Teashop. Penguin. 2005. ISBN 1594200521
  • Lee, Robert A, Orwell's Fiction. University of Notre Dame Press, 1969. LCCN 74-75151-{{{3}}}
  • Leif, Ruth Ann, Homage to Oceania. The Prophetic Vision of George Orwell. Ohio State U.P. [1969]
  • Meyers, Jeffery. Orwell: Wintry Conscience of a Generation. W.W. Norton. 2000. ISBN 0393322637
  • Newsinger, John. Orwell's Politics. Macmillan. 1999. ISBN 0333682874
  • Orwell, George, The Collected Essays, Journalism and Letters, 1 – An Age Like This 1945–1950, Penguin.
  • Rodden, John (1989). George Orwell: The Politics of Literary Reputation (2002 revised. изд.). New York: Oxford University Press. ISBN 978-0765808967.
  • Rodden, John (ed.) The Cambridge Companion to George Orwell. Cambridge. 2007. ISBN 978-0521675079
  • Shelden, Michael. Orwell: The Authorized Biography. HarperCollins. 1991. ISBN 0060167092
  • Smith, D. & Mosher, M. Orwell for Beginners. 1984. London: Writers and Readers Publishing Cooperative.
  • Taylor, D. J. Orwell: The Life. Henry Holt and Company. 2003. ISBN 0805074732
  • West, W. J. The Larger Evils. Edinburgh: Canongate Press. 1992. ISBN 0862413826 (Nineteen Eighty-Four – The truth behind the satire.)
  • West, W. J. (ed.) George Orwell: The Lost Writings. New York: Arbor House. 1984. ISBN 0877957452
  • Williams, Raymond, Orwell, Fontana/Collins, 1971
  • Wood, James "A Fine Rage." The New Yorker. 2009. 85(9):54.
  • Woodcock, George. The Crystal Spirit. Little Brown. 1966. ISBN 1551642689

Литература

уреди
  • Morgan, W. John, 'Pacifism or Bourgeois Pacifism? Huxley, Orwell, and Caudwell'. Chapter 5 in Morgan, W. John and Guilherme, Alexandre (Eds.), Peace and War–Historical, Philosophical, and Anthropological Perspectives, Palgrave Macmillan, 2020, стр. 71–96. ISBN 978-3-030-48670-9.
  • Orwell, George. Diaries, edited by Peter Davison (W. W. Norton & Company; 2012) 597 pages; annotated edition of 11 diaries kept by Orwell, from August 1931 to September 1949.
  • Ostrom, Hans and William Haltom, Orwell's "Politics and the English Language" in the Age of Pseudocracy (New York: Routledge, 2018) ISBN 978-1138499904

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Џорџ Орвел“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).