Дистопија (од грчки δυσ- и τόπος, алтернативно, какотопија[1] [2] или антиутопија) — измислено општество кое е антитеза на утопијата. Обично се одликува со угнетувачка социјална контрола, како во авторитарните или тоталитарните влади.

Објаснувања

уреди

Некои академски кругови прават разлика помеѓу антиутопија и дистопија. Дистопијата е замислен свет во кој лошите страни на денешната цивилизација се доведени до максимум.[3]

Дистопија во книжевноста

уреди

Како и во Орвеловата Осумдесет и четвртата и во Хакслиевиот Храбар нов свет, дистопијата не претендира дека е добра, додека антиутопијата се претставува како утопија или е планирана како таква, но поради некоја причина утопискиот свет е уништен или искривен.[4] Романот Ние е еден од првите дистописки романи во светската книжевност напишан во 1920 година и првпат објавен во 1924 година.[5][6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Какотопија (κακό, како = лошо) израз кој го користел Џереми Бентам во текот на 19 век во своите трудови ([1], [2] Архивирано на 26 март 2006 г.
  2. Rüsen, Fehr & Rieger 2005.
  3. Клајн, Иван; Шипка, Милан (2006.). Велики речник страних речи и израза. Нови Сад: Прометеј. стр. 370. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Разјашњавање техничких разлика између дистопије и антиутопије.
  5. Замјатин, Јевгениј (1969.). Ми : роман. Београд: Просвета. стр. 5–11. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. Замјатин, Јевгениј; Лалић, Мира (1963). Север : приповетке. Београд: Нолит. стр. 9–24.

Литература

уреди