Во чест на Каталонија

Во чест на Каталонија (Homage to Catalonia) е политички роман на Џорџ Орвел. Романот е личен запис за неговото лично искуство и видувања за Шпанската граѓанска војна и Орвеловото активно учество во милицијата на Работничката партија на марксистичко обединување (POUM), која пак била дел од републиканската армија. Оваа војна е еден од клучните настани кои го дефинираат неговиот политички поглед и имала големо влијание врз неговите дела.[1]

Во чест на Каталонија
АвторЏорџ Орвел
Изворен насловHomage to Catalonia
ЗемјаВелика Британија
Јазиканглиски
Жанрполитички
ИздавачSecker and Warburg (Лондон)
Издадена
април 1938
Медиумпечатено издание
Страници368 (меки корици)
248 (тврд повез)
ПретходнаПатот за Виган Пир 
СледнаБорејќи се за воздух 

Првото издание било објавено во Велика Британија во 1938 година. Оваа книга не била издадена во САД сè до февруари 1952, кога била објавенаа со влијателниот предговор на Лајонел Трилинг. За време на животот на Орвел, книгата била преведена само на италијански, во декември 1948.[2] Денес, книгата е преведена на голем број светски јазици, меѓу кои и на македонски.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Rodden, John (2007). The Cambridge Companion to George Orwell. Cambridge University Press. стр. 133. ISBN 978-0-521-67507-9. Недостасува |author1= (help)
  2. Omaggio alla Catalogna, translated by Giorgio Monicelli (Mondadori, Verona, December 1948), The Lost Orwell, p. 124.

Надворешни врски

уреди