Работничка партија за марксистичко обединување

Работничка партија за марксистичко обединување (шпански: Partido Obrero de Unificación Marxista, каталонски: Partit Obrer d'Unificació Marxista) или позната под матичната кратенка ПОУМ била шпанска комунистичка политичка партија создадена за време на Втората Шпанска Република и воглавно била активна за време на Шпанската граѓанска војна. Партијата била создадена со спојување на троцкистичката Комунистичка левица на Шпанија и Работничкиот и земјоделски блок. Англискиот писател Џорџ Орвел бил активист на, односно служел во, партиската милиција и бил сведок на сталинистичката репресија врз движењето, настани кои му ги формирале неговите анти-тоталитарни ставови.[2]

Работничка партија за марксистичко обединување
Partido Obrero de Unificación Marxista
каталонски namePartit Obrer d'Unificació Marxista
ВодачХоакин Маурин (1935–1936)
Андеру Нин (1936–1937)
Хулијан Горкин (1937–1939)
Вилебалдо Солано (1947–1980)
Основана1935
Распуштена1980 (неофицијално)
Припоена конЛев блок за национално ослободување
Членови  (1936)~30,000-70,000[1][2]
Идеологијамарксизам
централистички марксизам
антисталинистичка левица
троцкизам
Полит. положбакрајна левичарска политика
Државна припадностНароден фронт
Политика на Шпанија
Политички партии
Избори

Создавање

уреди
 
Знамето на партијата

Во 1935, ПОУМ била создадена како комунистичка опозиција на сталинистичката форма на комунизам која била промовирана од СССР, од револуционерите Андрес Нин и Хоакин Маурин. Нин бил под силно влијание на идеите на Лав Троцки, особено неговата теза за „постојана револуција“. Партијата се создала со спојување на Комунистичка левица на Шпанија и Работничкиот и земјоделски блок на Шпанија.

Позиција

уреди

Партијата пораснала дури и поголема од официјалната Комунистичка партија на Шпанија, и во рамките на целата Шпанија и во Каталонија и Валенсија. ПОУМ била голем критичар на Народниот фронт на Шпанија и неговата стратегија режирана од Сталин и Коминтерната. Сепак, партијата учествувала во Шпанскиот народен фронт кој бил под иницијатива на Мануел Азања, лидер на Републиканската акција. ПОУМ се обидела да спроведе некои радикални политики како дел од Народниот фронт, но тие биле одбиени од централистичките фракции.

Џорџ Орвел, кој се борел во редовите на партиската милиција, изјавил дека членството на партијата изнесувало околу 10 000 во јули 1936 година, 70 000 во декември 1936 и 40 000 во јуни 1937 година. Сепак, Орвел напоменува дека изворите на партијата можеби се претерани.[2]

Меѓународни врски

уреди

ПОУМ бил член на Лондонското Биро на социјалисти и централни марксисти, кои ги одбиле и реформизмот и Втората интернационала, како и про-московските ориентации на Третата интернационала.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. John Simkin. „The Workers Party of Marxist Unification (POUM)“. Посетено на 12 August 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 Orwell, George (1980). „V“. Homage To Catalonia. introd. by Lionel Trilling. New York, New York: Harcourt Brace & Company. стр. 60. ISBN 978-0-15-642117-1. OCLC 9517765. The figure for P.O.U.M. membership are given as: July 1936, 10,000; December 1936, 70,000; June 1937, 40,000.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди