Јоркшир

поранешна грофовија во Северна Ирска

Јоркшир, формално познат како Грофовија Јорк, е историска област од Северна Англија и истовремено најголемата во Велика Британија. Името е добро познато низ цела Велика Британија и често се користи во медиумите и војската, а исто така се појавува во насловите на денешните области на цивилните администрации, како: Северен Јоркшир, Јужен Јоркшир, Западен Јоркшир и Источен Јоркшир.

Неофицијалното знаме на Јоркшир

Во границите на историската област Јоркшир се наоѓаат најзелените области во Англија, поради многуте недопрени земјишта. Јоркшир некогаш бил именуван како „Божја област“ или „Божја земја“. Амблемот на Јоркшир е белата роза на Англиската кралска куќа на Јорк, а најчесто употребуваното знаме на Јоркшир е белата роза со сина позадина, кое по педесет години уотреба, е прифатен од Институтот за знамиња на 29 јули 2008. Денот на Јоркшир е 1 август и претставува прославување на општата култура на Јоркшир, од неговата историја сè до нивниот дијалект.

Јоркшир денес е поделен помеѓу разни официјални региони. Повеќето од областа спаѓа под Јоркшир и Хамбер. Најсевернот дел, кој ги опфаќа Грејт Ајтон, Рунсвик Беј, Мидлсброу и Далтон-он-Тис, спаѓа во границите на североисточна Англија. Со промената на границите во 1974 година, мали области на западниот дел на Јоркшир сега се дел од северозападна Англија.

Јоркшир како мотив во популарната култура

уреди
  • „За среќа, не живеам во Јоркшир, не важи“ (англиски: Thankfully Not Living In Yorkshire It Doesn't Apply) - песна на англиската рок-група Dexys Midnight Runners од 1980 година.[1]

Наводи

уреди