Црква „Св. Константин и Елена“ - Вратница

црква во селото Вратница

Свети Константин и Елена е манастирска црква во тетовското село Вратница.[1] Се наоѓа во долниот дел на селото, на брегот на Вратничкото Езеро во месноста Честодубје, каде се наоѓа и средновековното археолошко наоѓалиште Црквиште.[2] Црквата е дел од манастирскиот комплекс кој е во изградба. Неколкупати била цел на вандализам.[3]

Свети Константин и Елена

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Вратничка
Местоположба

Карта

Место Вратница
Општина Јегуновце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Константин Велики и Елена
Изградба 6, 12 и на 23 јули 2000
Осветување 3 јуни 2012
Зограф Венко Цветковски
Архитектонски опис

Храмот е обновен на стари темели од 12 век. Според пишаните записи и тој храм бил граден на поранешни темели што потекнувале од 6 век. На обновувањето на некогашниот манастир стар најмалку осум векови се работело десетина години. Црковсниот двор зафаќа вкупна површина од над 2,5 хектари. Камен-темелникот бил осветен на 23 јули 2000 година. Поради воениот конфликт во 2001 година извесен период изградбата била во застој. Црквата има површина од стотина квадратни метри. Фрескоживописот е дело на Венко Цветковски од Скопје.[4] Црквата е осветена на патрониот празник на 3 јуни 2012 година.[5]

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. „Оштетена црквата „Св.Константин и Елена" во Вратница“. Сител. 28 март 2011. Посетено на 2012-09-08.
  4. Ефтоски, Гојко (3 јуни 2011). „Вратница го прослави патрониот празник“. Утрински Весник. Посетено на 2012-09-08.
  5. „Осветена возобновена црква во тетовска Вратница“. Нова Македонија. Посетено на 2012-09-08.[мртва врска]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди