Симче Настевски
Симче Настевски ( 1925 во Вратница, Тетовско — 21 октомври 1943 во Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. Татко му заминал на печалба, поради што уште млад работел како момок, а подоцна ѝ како рудар во рудникот Радуша. Од февруари 1944 година организирано работел за целите на Народноослободителното движење. Поради примерната револуционерна активност, пролетта 1943 година бил примен за член на СКОЈ. По формирањето на партизанскиот одред на Шар Планина, станал еден од најсигурните партизански курири. Зачленувал нови партизани во одредот, носел доверлива пошта, ги снабдувал партизаните со храна и други материјали. Особено бил активен во работата со младината во своето и соседните села. По тешкото предавство, поради што бил разбиен Шарпланинскиот одред, на 21 октомври 1943 година бил затворен и стрелан од страна на бугарскиот окупатор, тој со други родољуби, три дни пред закажаното венчавање со избраната девојка.[1]
Поврзано
уредиПартизани и селани стрелани после првата провала на Шарпланинскиот одред биле ѝ:
Основното училиште во неговото родно село Вратница,[2] како и една улица во скопската населба Радишани,[3] го носат токму неговото име.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 99. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „ОУ „Симче Настевски" - Вратница“. Википедија.
- ↑ „Улица Симче Настевски“. wikimapia.org.