Љуботен (планински врв)
Љуботен или Љуботрн — планински врв висок 2.498 метри[1], прв на главното било и срт на Шар Планина, сместен на самата македонско-косовска граница.
Љуботен | |
---|---|
Поглед на врвот Љуботен и карпата Козја Стена | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.498 м |
Координати | 42°12′24.65″N 21°7′8.43″E / 42.2068472° СГШ; 21.1190083° ИГД |
Географија | |
Земја | Македонија и Косово/Србија[a] |
Матичен венец | Шар Планина |
Искачување | |
Прво освојување | непознато |
Најлесен пат | од кај селата Вратница и Рогачево |
Географија
уредиИако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка и еден од најубавите врвови на Шара.
Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети.
Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта.
На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, до кој се наоѓа впечатливата Козја Карпа.
Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река и други.
Под самиот врв се наоѓа планинарскиот дом „Љуботен“. Од овој дом, искачувањето до самиот врв трае околу 1,5 часа.
Галерија
уреди-
Планинарската патека кон врвот
-
Поглед на врвовите Љуботен и Пирибег (десно) по главниот срт и било на Шар Планина, од Езерски Врв
-
Поглед одблизу на Љуботен и Козја Стена
-
Поглед на врвот Љуботен од Доброшки Врв
-
Поглед на Љуботен од косовската страна
-
Поглед на врвот Љуботен и Козја Стена (десно), слика од минеролошката истражувачка експедиција од 1932 година
-
Постамент на врвот
Забелешки
уредиа. | Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН. |
Наводи
уреди- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 96. Посетено на 16 јануари 2024.
Надворешни врски
уреди- Љуботен (планински врв) на Ризницата ?
- Љуботен @ Vratnica.net
42°12′24.65″N 21°7′8.43″E / 42.2068472° СГШ; 21.1190083° ИГД