Ракита

река во Македонија

Ракита (на месниот дијалект: Раќита) — река во Полог (Долен Полог), северозападна Македонија. Се наоѓа во подножјето на планинскиот врв Љуботен, во близина на населеното место Вратница.

Ракита
Вратничка Река
Поглед на реката Ракита крај селото Вратница
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоШар Планина
Устие 
 • место
Вардар
 • координати
42°6′1″N 21°9′11″E / 42.10028° СГШ; 21.15306° ИГД / 42.10028; 21.15306
Должина14 км[1]
Големина на сливот30,51 км2
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Ракита (позната и како Вратничка Река) е составена од две притоки: Ливадичка и Љуботенска Река. Додека Ливадичката притока се формира од изворите на областа Ливадица на Шар Планина, Љуботенска Река го започнува својот пат од многубројните извори на Љуботен. И двете помали реки се составуваат во месноста Средорек и ја создаваат Ракита.[2]

После својот тек кој поминува во близина на населените места Вратница и Орашје (Горно и Долно), Ракита се влева во реката Вардар, веднаш пред неговиот влез во Дервенската Клисура.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Природни ресурси“. Општина Јегуновце. Општина Јегуновце. Посетено на 4 февруари 2016.
  2. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 45. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

уреди