Атанас Крстевски
Атанас Крстевски ( 1903 во Вратница, Тетовско — 30 април 1944 во Беловиште (Тетовско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во почетокот на 1943 година работел активно и организирано за народно ослободителното движење. Членовите на целото негово семејство биле активни соработници на Шарскиот одред. Во јули 1944 година, кога една ноќ навлегле партизанските курири со цел да ги информираат за движењето на бугарските фашистички единици и да им ги наполни раниците со брашно, неговата воденица бил блокирана од контрачетниците (локални бугаромани). Така отпочнала нерамна борба во која партизаните се повлекле без загуби. Утредента контрачетниците својот бес го истуриле врз Атанас, стрелајќи го на сред село.[1]
Поврзано
уредиСтрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ: