ОУ „Симче Настевски“ - Вратница
Основно училиште „Симче Настевски“ (официјално: Основно општинско училиште „Симче Настевски“ - Вратница“; скратено: ООУ „Симче Настевски“) — централно основно училиште во тетовското село Вратница, Општина Јегуновце.[1][2]
Симче Настевски
| |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Јегуновце |
Наречено по: | Симче Настевски |
Нас. место: | Вратница |
Адреса: | с. Вратница |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1893 |
Директор: | Дијана Петровска |
Број на ученици: | 252 |
Настава на: | македонски и албански |
Контактни информации | |
Мреж. место | ousimcenastovski.weebly.com/ |
Телефон | 044/451-008 |
Факс | 044/451-008 |
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски партизан и првоборец од НОБ, кој бил од овој крај, Симче Настевски, кој загинал во 1943 година.
Местоположба
уредиУчилиштето е сместено во средишниот дел на селото.
Историја
уредиУчилиштето постои од 1893 година и има долга и богата традиција. Од 1981 година во училиштето се образуваат и деца со лесни пречки во психичкиот развој во посебни паралелки, а кои престојуваат во училишниот интернат.
Подрачни училишта
уредиВо рамките на општинското основно училиште „Симче Настевски“ се наоѓаат и пет подрачни основни училишта. Сите подрачни училишта се петгодишни, освен подрачното училиште во селото Јажинце кое е деветгодишно. Овие училишта се:
- ПУ „Симче Настевски“ - Долно Орашје, подрачно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Симче Настевски“ - Јажинце, подрачно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Симче Настевски“ - Рогачево, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Симче Настевски“ - Старо Село, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Симче Настевски“ - Орашје, подрачно училиште на албански наставен јазик.
Организација
уредиВо учебната 2013/2014 година биле запишани вкупно 252 ученика распоредени во 25 паралелки.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-07.
- ↑ „Основни училишта“. Општина Јегуновце. Архивирано од изворникот на 2022-02-09. Посетено на 2022-02-15.