Стефан Димовски ( 1904 во Вратница, Тетовско21 октомври 1943 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Основното училиште го завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. Пролетта 1943 година веќе организирано рзботел за напредното движење. По формирањето на Шарпланинскиот одред, станал негов активен соработник. Се грижел за снабдување на одредот со храна и друго. Бил активен во селото во придобивање на нови приврзаници за напредното движење. Неговото и соседните села биле сигурна партизанска база. Во провалата на Шарпланинскиот одред, бугарската фашистичка полиција заедно со други македонски патриоти и заднински работници, го затвориле и го стрелале на 21 октомври 1943 година.[1]

Други жртви

уреди

Партизани и селани стрелани после првата провала на Шарпланинскиот одред биле и:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 56. На |first= му недостасува |last= (help)