Столе Ацевски
Столе Ацевски ( 1915 во Вратница, Тетовско — 21 октомври 1943 во Шар Планина, Тетово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште и изучил столарски занает. Во 1942 година се поврзал со партизаните и материјално ги помагал. Во 1943 година, кога бил формиран партизанскиот одред на Шар Планина станал активен заднински соработник на одредот. Напоредно со материјалната помош, редовно ги известувал партизаните за движењето на фашистичките сили. На 21 октомври 1943 година силни бугарски фашистички единици го блокирале Шарпланинскиот одред. Предводени од еден предавник (бугароман), бугарските фашисти го сретнале во планина, го фатиле ѝ го стрелале. Партизанската група што останала на Шар Планина, за ова предавство го осудила шпионот на смрт и го стрелала во декември 1943 година.[1]