Википедија:Викисредба (31 јануари 2009)
Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) · Потребни статии · Инкубатор · Кандидати за избрана статија (Ревизија) · ВикиПроекти · Викисредби · Facebook
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
Скопје, 31 јануари 2009
Потребата за вики-средба мислам дека е очигледна, иако може да се каже дека заедницата добро преброди една непријатна епизода. Добро е да се видиме и да се "преброиме", да дискутираме околу најразлични теми. Доколку ви одговара, сабота, 31.01.2009, 19:00 во Пјаца Либертас, спроти средното училиште Јосип Броз Тито. Има ли кворум (кворум = минимум 5 души) или да презакажеме за друг термин? --FlavrSavr (разговор) 15:12, 29 јануари 2009 (UTC) Планираат да дојдатуреди
Не планираат да дојдатуреди
Сум за Вики-средба и навистина сакам да дојдам, но ве молам за другпат да презакажеме! Навистина неможам! Некаде во Февруари! --Макс(разговор) 19:26, 29 јануари 2009 (UTC) Коментариуреди
Читај ја содржината погоре. Една кандидатура.--Raso mk (разговор) 22:23, 29 јануари 2009 (UTC)
Епа дечки се гледаме вечер! Запишете го мојот број за секој случај - 070/364960. Макс, сигурно ова не е последна средба на Википедија! :) --FlavrSavr (разговор) 13:06, 31 јануари 2009 (UTC)
FlavrSavr си зеде за обврска да го напише извештајот од средбата, ама најверојатно утре. Виолетова (разговор) 23:01, 31 јануари 2009 (UTC) Извештај за Викисредба на 31.01.2009уредиЕдно предупредување: ова ќе биде еден подолг текст! (поделен во подделови) Тоа е така, бидејќи и има што да се каже! Мојот впечаток дека ова беше една извонредно добра Викисредба, која траеше дури 4 часа, а дојдоа и повеќе од најавените горе - плус беше присуството на еден пензиониран ветеран - Ivica83. Се изнаприкажавме подоста, се испи извесно количество пиво, се изедоа доста кикирики, а јас си заборавив чадор. Значи, во продолжение ќе започнам да ги редам поглавните заклучоци на оваа историска (:D) средба, слободно коментирајте ги дополнете ги откако ќе ги запишам. --FlavrSavr (разговор) 14:08, 1 февруари 2009 (UTC) 1. Формирање на НВО или друг правен обликуредиЕдна од идеите која фигурира уште од поодамна е да се формира правно лице кое на македонската Викизаедница ќе ѝ овозможи полесно прибирање на финансии и организирање на најразлични настани низ земјава. Заклучивме дека прибирањето на средства за основање на ваква организација е помал проблем. Нешто поголем проблем можеби би било снаоѓањето низ македонските бирократски лавиринти и добивањето на дозвола од Викимедија Фондацијата, меѓутоа мислам дека и двата проблеми се решливи на краток рок. Главната иницијатива ја носи brest кој од нас секако ќе добие поддршка (што нема да се сведува само на тапкање по рамо! :D) Исто така, можни се средби во блиска иднина кои би биле исклучиво на оваа тематика. --FlavrSavr (разговор) 14:25, 1 февруари 2009 (UTC) 2. Квантитативно и квалитативно подобрување на македонската ВикипедијауредиЗа ова веројатно и највеќе се зборуваше. Имено, со функционирањето на ботовите за масовен внес за статии постои реална можност бројот на статии нагло да порасне. Конкретно, во рамките на ВикиПроектот Астрономски објекти се планира внесување на 18.000 кратки статии за ѕвезди, метеори, итн. Меѓутоа покрај очигледната бројчена предност што ќе ни го донесе ова во однос на другите Википедии и промотивната вредност, надвиснуваат и две, да речеме, опасности. Првата е дека наглото внесување на толкав број на статии би можело да ги демотивира оние корисници кои редовно пишуваат нови статии, во смисла дека се релативизира напорот кои овие корисници го прават за реално подобрување на македонската Википедија. Втората опасност е дека со ова би можело да се намали таканаречениот Depth параметар (ве молам прочитајте што е ова), кој се пресметува по формула и донекаде е важен индикатор за квалитетот на една Википедија. Се согласивме дека не треба да дозволиме намалување на Depth параметарот (моментално е 25, вчера беше 26), туку напротив, да работиме на негово зголемување. Затоа се договоривме новите статии за астрономски објекти да не се пуштаат одеднаш, туку по одредена динамика во текот на целата наредна година. --FlavrSavr (разговор) 14:52, 1 февруари 2009 (UTC) Во пакетот мерки за квалитативно подобрување на македонската Википедија, спаѓа и иницијативата на Kiril Simeonovski за 500 избрани статии. Јас нагласив дека е важно да се започне и со пополнување на статиите кои што се и сега празни предлошки, особено на оние кои се со македонска тематика (селата во РМ). --FlavrSavr (разговор) 14:52, 1 февруари 2009 (UTC) 3. Промоција на македонската ВикипедијауредиСе разговараше и за промоцијата на македонската Википедија. Википедија:Банери и копчиња ќе се збогати за по уште некој банер (тоа е главно задача за мене и Ivica83), бидејќи се оцени дека банерот на Wikimk со показалецот, иако сам по себе е добар, може да ни создаде проблеми во оваа изборна година бидејќи може да нѐ стави во некој политичко-партиски кош, во кој, верувајте, не сакаме да бидеме. Исто така, ќе се работи и на поголем публицитет на нашата Википедија, со цел привлекување на нови уредници и корисници по весници, телевизии итн. --FlavrSavr (разговор) 15:22, 1 февруари 2009 (UTC) 4. Нови политики на уредувањеуредиВрз основа на некои досегашни искуства и иницијативи на Brainmachine (видете овде) заклучивме дека се потребни две нови и мислам важни политики - Википедија:Именување на статии (која што треба да се дополни) и особено битно, Википедија:Значајност (пример на англиската Википедија). Разговорите за овие политики, всушност би биле основа за договор помеѓу членовите на заедницата за тоа како сметаме дека треба да се викаат статиите, и што сочинува енциклопедиска статија, а што не. --FlavrSavr (разговор) 15:43, 1 февруари 2009 (UTC) 5. Нешто околу однесувањетоуредиГлавниот заклучок тука беше дека се очекува од сите нас (а особено од администраторите) да се придржуваме кон основните Википедија политики, особено на НГТ, да се почитува мислењето на сите конструктивни уредници - вклучувајќи ги тука и оние корисници кои не се од македонското говорно подрачје, како и да се избегнуваат избрзани одлуки и емотивни реакции. Сите треба да бидеме свесни дека Википедија е заедница и конфликтите и несогласувањата треба да се решаваат преку дијалог, разбирање и консензус. Исто така, од администраторите се бара одредена попустливост и разбирање за новите корисници, кои би требало да ги насочиме кон политиките на функционирање и уредување на Википедија. Ова е со цел, да се избегне одбивање на потенцијални нови конструктивни уредници. --FlavrSavr (разговор) 16:00, 1 февруари 2009 (UTC) Исто така, беше спомнато дека цитирањето на референци треба да се охрабрува и освен тоа, референците да бидат во оригинал, а не преведени на македонски, бидејќи едноставно така е научниот начин на цитирање извори насекаде во светот. --FlavrSavr (разговор) 16:00, 1 февруари 2009 (UTC) 6. Слики на македонската ВикипедијауредиСтана збор и за сликите на македонската Википедија, кои се во навистина голем број во однос на бројот на статии. Да се настојува корисниците да ги почитуваат авторските права како и политиката на внесување на слики на македонската Википедија. Да се настојува сликите кои што веќе се наоѓаат во Заедничката Ризница да не се подигнуваат повторно овде, а исто така, некои слики од македонски корисници кои се издадени под некоја слободна лиценца (јавна сопственост, ГЛСД), да се подигнат на Заедничката Ризница (Commons). На пример, оваа слика слободно би можела да се префрли таму. Исто така, да се започне со бришење на оние слики кои што се подигнати овде, меѓутоа не се користат во ниедна статија. Сите овие насоки во поглед на сликите се со цел да се минимизира ризикот од повреда на авторските права за кои што добивме сериозни опомени во минатото. --FlavrSavr (разговор) 16:10, 1 февруари 2009 (UTC) 7. Почести ВикисредбиуредиОва мислам дека би било последно нешто што го договоривме. Вчера беше прилично забавно, и се договоривме да ги интензивираме средбите - да бидат еднаш месечно (некаде на крајот од месецот). Добро би било да се одржуваат Викисредби и во градови надвор од Скопје, како и на алтернативни локации, како на пр., манастири (идеја на brest), а ако веќе се одржуваат во Скопје, некогаш да наминеме и до некое место како Кај Злате! :D Поздрав до сите, мислам дека со ова завршува мојот извештај, ако има нешто што пропуштив, слободно дополнете. --FlavrSavr (разговор) 16:15, 1 февруари 2009 (UTC) 8. Присутниуреди
|