Википедија:Викисредба (28 декември 2014)
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.
Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.
Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijalists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.
Викисредби |
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
XXV • XXVI • XXVII • XXVIII • XXIX • XXX • XXXI • XXXII • XXXIII • XXXIV •
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Следната викисредба ќе се одржи на 28 декември 2014 година (недела), со почеток во 18:00 ч. во „Пјаца Либерта“ во Скопје (карта).
Потврдено присуство
уреди- --Kiril Simeonovski (разговор) 13:29, 22 декември 2014 (CET)
- --M4r51n (разговор) 14:13, 22 декември 2014 (CET) Се гледаме! :)
- --Б. Јанкулоски (разговор) 15:12, 22 декември 2014 (CET)
- --Инокентиј (разговор) 22:35, 22 декември 2014 (CET)
- --Ehrlich91 (разговор) 23:05, 23 декември 2014 (CET)
- --Виолетова (разговор) 21:08, 24 декември 2014 (CET)
- --Reader139 (разговор) 13:51, 25 декември 2014 (CET)
- --Cibrev (разговор) 00:11, 26 декември 2014 (CET)
Дискусија
уредиВо изминатиов период редовно се одржуваат состаноци и средби на членовите на „Споделено знаење“, но викисредбите некако се запоставија, па оттаму сметам дека е потребно повторно да ја обновиме традицијата на нивно редовно одржување. Јас имам разговарано со неколку википедијанци и сите тие изразиле желба за организирање на викисредба. Понатаму, периодот пред празниците и временски соодветствува со планираните активности на организацијата „Споделено знаење“ во претстојниот период коишто главно се однсуваат на заедницата. Меѓу поважните теми коишто сметам дека треба да биат покриени на средбата се следните:
- уредувачки натпревар на Википедија на македонски јазик;
- прослава на роденденот на Википедија;
- Конференцијата на Средна и Источна Европа 2014;
- Википедија во образованието;
- статус на неактивни администратори;
- избрана содржина.
Вашите коментари во врска со самата средба и предожените теми за дискусија се добредојдени.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:29, 22 декември 2014 (CET)
- Јас исто така многу би сакал да присуствувам, но овој термин не ми одговара. Доколку би можело да биде од 20:00 часот, или петок/недела, би било одлично, се разбира доколку останатите членови немаат ништо против. --Ehrlich91 (разговор) 20:15, 22 декември 2014 (CET)
- Јас сум подоцна на забава од училиште. Па дури ако може и порано би било и подобро, гледам дека и на Ehrlich91 не му одговара па би можело истата да се премести во недела со што би имале поголем број на учесници. --Инокентиј (разговор) 22:50, 22 декември 2014 (CET)
- Што се однесува до мене, може и во недела во истиот термин.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:21, 23 декември 2014 (CET)
- Не знам за недела, можеби некој сака да присуствува на Протестниот предновогодишен настан за ГТЦ? --M4r51n (разговор) 16:51, 23 декември 2014 (CET)
- Мартин, затоа прашуваме, така да ако и тебе ти одговара во недела, тогаш не гледам проблем да биде во недела од 18:00 часот, а има време и ако некој сака да отиде таму и така ќе сме во Центар. --Ehrlich91 (разговор) 18:55, 23 декември 2014 (CET)
- Ја презакажав средбата за недела како што беше барано. Мартин, местото е во самиот центар на Скопје, така што мислам дека не би имал проблеми да стигнеш и на протестот.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:22, 23 декември 2014 (CET)
- Мартин, затоа прашуваме, така да ако и тебе ти одговара во недела, тогаш не гледам проблем да биде во недела од 18:00 часот, а има време и ако некој сака да отиде таму и така ќе сме во Центар. --Ehrlich91 (разговор) 18:55, 23 декември 2014 (CET)
- Не знам за недела, можеби некој сака да присуствува на Протестниот предновогодишен настан за ГТЦ? --M4r51n (разговор) 16:51, 23 декември 2014 (CET)
- Што се однесува до мене, може и во недела во истиот термин.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:21, 23 декември 2014 (CET)
Присутни
уредиВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај
уредиОбилните снежни врнежи не нè спречија по подолго време да одржиме една викисредба. Додека се движев кон „Пјаца Либерта“ се слушнав со Тони, кој ме извести дека веќе е таму, а кратко потоа пристигнавме јас и Мартин. Со оглед на тоа што ова беше прва викисредба за Мартин, најпрвин се запознавме со него и продолживме со некои општи разговори. Во меѓувреме нѝ се придружи и Cibrev, кој се вклучи во разговорот, а кратко по него дојдоа и останатите.
Пред да започнеме со планираниите теми за разговор, Жане отвори кутија со чоколатца којашто ја донеле со Цибрев од Киев, каде што присуствуваа на Конференцијата на Средна и Источна Европа 2014. Притоа, и двајцата заочнаа да нѝ раскажуваат за тоа како си поминале на конференцијата, на кои предавања присуствувале и на кои теми разговарале со учесниците од останатите земји. Откако тие завршија, во продолжение се отвори темата за воведување на критериуми при зачленувањето на нови членови и изборот на раководители на проекти во организацијата. Тони спомна дека е неопходно членовите да имаат барем основни познавања за тоа што претставува Википедија и на кој начин истата функционира или да имаат искуство со волонтерска работа со проекти. Повеќето присутни се согласија со неговиот предлог, иако се спомена дека е добро за почеток критериумите да не бараат премногу од оние кои се заинтересирани да станат членови. Дискусијата продолжи и понатаму за на крајот да заклучиме дека е добро овие работи да се утврдат посебно и на истите да им се посвети особено внимание.
Следна тема на разговор беа неактивните администратори на Википедија на македонски јазик. Сите се согласивме дека е потребно добро да ги утврдиме критериумите за одземање на правата и на тој начин да го спречиме вмешувањето на стјуардите. Имено, според новините од пред неколку месеци, стјуардите можат да ги одземаат администраторските права кај корисници кои не биле активни повеќе од две години на помалите јазични изданија на Википедија каде што не постои формален процес за одземање на правата. Меѓутоа, проблемот е што формален процес за одземање на администраторскиот статус на Википедија на македонски јазик се воспостави за време на судирот со корисникот Brest во мај 2013 година, но и покрај тоа некои администратори и бирократи беа лишени од овој статус преку инервенција од страна на стјуардите. Според тоа, најпрво го одредивме временскиот интервал од шест месеци без ниту едно администраторско дејство како мерка за активноста на администраторите. Потоа, одлучивме да ги контактираме сите неактивни администратори за тоа дали се заинтересирани и понатаму да бидат администратори. Следно, се предложи да им се даде период од околу еден месец да покажат активност пред да се поднесе формално барање за одземање на нивните права. Во случај да треба да се поднесе барање и истото да биде успешно, решено беше да се контактираат стјуардите и од нив да се побара да го одземат администраторскиот статус.
Во продолжение започнавме со разменување на предлози и идеи во врска со прославата на роденденот на Википедија на 15 јануари. Така, се предвидува на денот на прославата да се одржи уредувачки маратон, којшто би траел некаде од 17 до околу 20 часит и истиот би бил проследен со предавање и викисредба. Како можно место за организирање на настано се спомена токму „Пјаца Либерта“. Една од првичните замисли беше да се изнајмат преносни компјутери коишто би послужиле за уредување за време на уредувачкиот маратон, но откако Бојан дознал дека ценаа за изнајмување е доста висока, оваа можност беше исклучена.
Откако ги исцрпивме темите во врска со неактивните администратори и прославата на роденденот на Википедија, продолживме со образовните активности и уредувањето на статии од страна на студентите. По одржаните предавања во високообразовните институции во текот на месеците ноември и декември, во исчекување сме на зголемување на бројот на статии од областа на економијата и физиката. Цветко се надоврза дека планира да ги вклучи учениците на коишто им предава од СУ „Јосип Броз Тито“ - Скопје, кои би преведувале статии од областа на физиката и на тој начин би можело да се оствари соработка и со професорите кои предаваат странски јазициж. Јас и Тони ја нагласивме потребата од повзување со професорот од Филолошкиот факултет, кој секој јануари ангажира студенти да уредуваат статии на Википедија. Меѓутоа, искуството покажува дека квалитетот на уредените статии не се на високо ниво, па оттаму и потребата за обучување на студентите. Разговаравме и за нашите идни активности во образованието, па така постои реална можност за вклучување и на студенти од Факултетот по хемија.
Последна значајна тема којашто ја начнавме беа викиекспедициите коишто ги имаме опфатено под истоимениот проект, но исто така и како дел од проектот „Викизанаети“ и проектот за неолитот. Разговарајќи за викиекспедициите, морам да признаам дека слушнавме доста интересни предлози за тоа каде, кога и на кој начин би ги организиале истите. Еден од регионите за којшто сите се согласивме дека треба да биде покриен е Мијачијата во Западна Македонија. Другите предлози беа охридско-преспанскиот крај, градот Неготино со околината, градот Кратово со околината, демирхисарско, како и Источна Македонија вклучувајќи го градот Берово. Исто така, поради неповолните временски прилики, се сложивме да побараме одложување на проектот „Викизанаети“, кој намессто за време на зимата би се спровел во текот на пролетта.
Прв од средбата си замина Мартин, додека останатите се поделивме и продолживме со разговори на различни теми некаде до 21:20 кога групно си заминавме.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:33, 2 јануари 2015 (CET)
Викисредби низ светот | |
---|---|
Африка: | Александрија • Кејптаун |
Америка: | Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс |
Азија: | Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај |
Европа: | Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска |
Океанија: | Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј |