Википедија:Викисредба (26 март 2012)

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007

2006
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се известуваат корисниците на Википедија дека навремено ќе бидат известени за одржувањето на следната Вики-средба. Патем, доколку некој е заинтересиран сам да закаже средба, слободно може тоа да го стори.

Следната редовна вики средба ќе се одржи на 26 март 2012 година со почеток во 18:00 во кафулето Every Day, Бизнис центар Меги, Аеродром, (види како може да стигнеш до таму: http://g.co/maps/qq7q5). Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата.

Предлог дневен ред уреди

  • Што требаше да направиме, што направивме, што ќе правиме.
  • Друго

Присуството го потврдија уреди

  1.  Ок --brest (разговор) 12:32, 20 март 2012 (CET)[одговори]
  2.  Ок--Kiril Simeonovski (разговор) 01:08, 23 март 2012 (CET)[одговори]
  3.  Ок --Brainmachine (разговор) 14:44, 24 март 2012 (CET)[одговори]

Дискусија уреди

  • Се работи за редовна вики средба. Местото и часот на одржување на средбата е предмет на договор во согласност со можностите на заинтересираните.

Присутни уреди

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Brest (разговор придонеси)
  3. Brainmachine (разговор придонеси)

Извештај од средбата уреди

На средбата пристигнав заедно со Зоки, со кого се сретнав во непосредна близина на EveryDay, каде што го затекнавме Brest, кој веќе беше пристигнал. Започнавме со разговор во врска со презентацијата, со која Викимедија Македонија ќе се претстави на овогодинешната конференција на Викимедија во Берлин, којашто ќе се одржи на крајот од оваа седмица, а на неа ќе нè претставуваат Димче и Слободан. Бевме позитивно изненадени од бројот на коментари кои пристигнаа во врска со неа и заклучивме дека дури можеби е и малку пообемна за времетраење од 3 минути. Понатаму, се префливме на предавањата кои ги одржуваме во високообразовните институции, па така, со Димче споделивме дел од впечатоците од предавањето одржано на 21 март во просториите на УЈИЕ во Скопје. Притоа, ја споменав и обуката која на 30 март, со почеток во 12:00, ќе се одржи на Економскиот факултет во Скопје. Како предавач ќе присуствувам јас, но сепак е добро доколлку бидеме претставени и со барем уште еден присутен.

Откако кажавме што имаше во врска со неодамнешните настани, продолживме со анализа на работите коишто треба да се направат за моментно да се подобри Википедија. Го поздравивме спојувањето на бројните страници на селската чешма во една, што би требало да придонесе кон поефикасна дискусија на Википедија и поголемо внимание на сите најнови записи на страницата. Како многу важна работа се спомена и оживувањето на ВикиПроектите, а особено на проектот Одржување, во чии рамки се предвидува повторно обновување на дневните, седмичните и месечните задачи. Особено внимание одлучивме да обрнеме на страниците обележани со шаблоните за внимание, викификација и без извори, за чиешто подобрување планираме да организираме и седмични Виикичасови. Идејата е да се одреди временски отсек секоја седмица, во кој неколку корисници, истовремено, би работеле на средување на овие статии. По завршувањето на часот би се забележал бројот на статии кој е среден од секој учесник и на тој начин би се направил список за вреднување на трудот. Вреднувањето на работата на Википедија ја споменавме и понатаму, како начин за зголемување на поттикот за уредување кај некои корисници, па затоа во план е и започнување на доделување на Викибодови за уредувањето на „избрана статија“, создавањето на статија со интересни факти за „ДСЗ“, а исто така и учеството во изборот на „јубилејна статија“ и зголемувањето на квалитетот на уредувањето на денот на надминување на одреден јубилеен број на статии. За корисниците кои со системот би биле најдобро вреднувани, во план е да се доделат и книги како награди, кои Викимедија Македонија ќе се обиде да ги обезбеди од некои од издаавчките куќи во земјава.

Во врска со споменатите работи, извршивме и кратка анализа на причините поради коишто, воопшто, не се обрнува внимание на најновите случувања на Википедија, меѓу кои: одржувањето на Вики-средбите, гласањето за избрани и јубилејни статии, објавите на селската чешма и сл. Како основна причина се наведе недостигот од интерес за овие случувања, кој би можел да се подобри преку подобрување на употребата на некои страници на Википедија, но и преку правењето обиди за зближување на корисниците надвор од Википедија. Поради тоа, одлучивме да ја обновиме страницата на порталот на заедницата со нови содржини, кои би требало да овозможат полесен пристап кон сите важни работи во врска со Википедија на македонски јазик и нејзината заедница. Целта е да докажаме дека и ние, корисниците кои постојано присуствуваме на Вики-средбите, сме обични луѓе како и сите други и сме желни да се запознаеме со останатите корисници, а не група на луѓе која има за цел да ги набљудува работите и наметнува свои ставови отстрана.

Сите овие теми ги исцрпивме нешто по 20 часот, по што се разделивме и си заминавме.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:19, 27 март 2012 (CEST)[одговори]

Следна вики-средба уреди

На средбата беше потврдено да се воведе правило, според кое, Вики-средба да се одржува еднаш месечно и тоа секој последен понеделник во месецот, но доколку има интерес од страна на поголема група на корисници, да може да се закаже средба и во некој друг термин. Според тоа, следната Вики-средба се закажува за 30 април 2012.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:19, 27 март 2012 (CEST)[одговори]



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј