Википедија:Викисредба (15 јануари 2014)
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.
Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.
Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijalists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.
Викисредби |
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
XXV • XXVI • XXVII • XXVIII • XXIX • XXX • XXXI • XXXII • XXXIII • XXXIV •
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Следната викисредба ќе се одржи на 15 јануари 2014 година (среда), со почеток во 18:00, во кафе-книжарницата „Магор“ во Скопје (карта), по повод одбележување на 13 години од постоењето на Википедија.
Потврдено присуство
уредиДискусија
уредиПрисутни
уредиВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај
уредиВо кафе-книжарницата Магор пристигнав со мало задоцнување, каде што ги затекнав Бојан, Тони и Игор кои веќе беа пристигнати. На почетокот, Бојан отвори тема за планирана соработка со неколку институции во врска со македонскиот фолклор. Идејата е да се обезбедат аудио и видео-записи, како и фотографии коишто понатаму би можеле да бидат ставени на располагање на Заедничката Ризница и да послужат за создавање на соодветни содржини на проектите на македонски јазик.
Откако ја исцрпивме претходната тема, се префрливме на моментните активности на Википедија и важните работи коишто ни претстојат. Најпрво, сите го пофаливме трудот на корисниците кои вложуваат напори за создавањето на статии за добитници на Нобеловата награда за литература. Понатаму, се разговараше и за средувањето на статии и уредувачките натпревари коишто имаме во план да ги организираме по примерот на натпреварите организирани од страна на Викимедија Србија за средување на статиите на Википедија на српски јазик. Јас напоменав дека ќе мора многу да се внимава во врска со ваквите натпревари, бидејќи истите имаат за цел да се подобри квалитетот на содржините и главната идеја зад нив, секако, би требало да биде поголема вклученост од страна на искусните уредувачи. Бојан додаде дека од особено значење е да се организира натпревар за досоздавање на статии на општи теми, а притоа напоредно да се одржуваат обуки за заинтересирани учесници во врска со уредувањето. За крај, посветивме внимание и на можноста со бот да се создадат статии со коишто скоро би бил надминат бројот од 100.000 статии, што беше отфрлено како лошо и вештачко решение коешто би можело да има негативни ефекти. Но, создавање на нови статии со бот во разумен обем би можело да биде земено предвид. Сите заклучивме, исто така, дека ботот би бил од голема помош во подобрување на категоризацијата и извршувањето на некои техички задачи. Последователно се отвори и темата за бришење на бројните пренасочувања, а Бојан дури предложи и алгоритам според којшто би се бришеле сите пренасочувања кон статии чијшто број на пренасочувања е поголем од пет.
По завршувањето на дискусијата во врска со Википедија, започнавме разговор за претстојната конференција во Приштина, којашто овој пат ќе се одржи во два дела, на крајот на февруари и почетокот на март 2014. Јас објаснив како поминав минатата година и кои беа моите задачи на конференцијата како говорник, ментор и член ан жири-комисија, по што се согласивме дека не е проблем да се допатува и учествува на оваа конференција иако не произлеговме со конкретен предлог за тоа кои би биле наши претставници оваа година. Во продолжение на средбата разговаравме за некои други теми, како на пример несоодветните климатски типови коишто постојат според Кепеновата класификација. Си заминавме нешто по 21 часот, а со разговор останавме уште околу петнаесетина минути во непосредна близина на кафе-книжарницата, кога конечно решивме да се оддалечиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:24, 17 јануари 2014 (CET)
Викисредби низ светот | |
---|---|
Африка: | Александрија • Кејптаун |
Америка: | Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс |
Азија: | Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај |
Европа: | Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска |
Океанија: | Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј |