Википедија:Викисредба (13 мај 2019)
Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) · Потребни статии · Инкубатор · Кандидати за избрана статија (Ревизија) · ВикиПроекти · Викисредби · Facebook
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
Скопје, 13 мај 2019
Се известуваат сите корисници на Википедија на македонски јазик дека на 13 мај 2019 година (понеделник), со почеток во 19:30 ч., во Менада во Скопје (карта) ќе се одржи викисредба за одбележување на постигнатиот успех со надминување на бројот од 100.000 статии. На викисредбата ќе има дружење, разговори на разни теми, а истата претставува одлична можност за запознавање со останатите википедијанци. Потврдено присуствоуреди
ДискусијауредиПрисутниуреди
ИзвештајуредиВо Менада пристигнав околу 19:15, а на самиот влез го затекнав господинот Пеце. Започнавме краток разговор во врска со постигнатиот успех и потребата од подобрување на квалитетот на содржините, а притоа беше нагласено влошувањето на квалитетот со масовниот внес на автоматски преведени содржини од страна на голема група корисници од време на време. Кратко потоа ни се придружи професорот Горан со кого го продолживме разговорот, а по него започнаа да доаѓаат и останатите, така што со Иван и Мартин се собравме сите. Може слободно да се констатира дека ова беше најмасовната викисредба одржана досега. Поради големиот број на присутни на средбата, забележително беше дека се отворија повеќе разговори. Сепак, во еден миг се решивме да започнеме со кружно претставување на учесниците со оглед на тоа што се работеше за група сочинета од корисници кои придонесувале во различни временски периоди. Претставувањето започна со најискусните, па така Цобе, Милош и Ивица ги воведоа останатите во почетоците на Википедија на македонски јазик, ниската активност во првите неколку години, присуството на статии напишани на бугарски јазик, како и склоноста на некои корисници да придонесуваат исклучиво во спорови на жешки теми. Понатаму, претставувањето продолжи со останатите, така што секој ја раскажа својата википедијанска приказна, поточно начинот на запознавање со проектот, првото уредување и мотивацијата да се продолжи со активноста. Откако сите завршивме со претставувањето, средбата продолжи со повеќе разговори на различни теми, меѓу кои јас делумно бев вклучен во разговорот на Никола и Марио за македонска кошарка, како и на Милош и Иван за животот во Холандија. Средбата заврши со послужување на т.н. „торта на знаење“, која беше нарачана во чест на постигнатиот успех, а околу 22:00 присутните започнаа со заминување.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:40, 14 мај 2019 (CEST)
|