Википедија:Викисредба (2 септември 2009)
- Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.
Викисредби |
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
XXV • XXVI • XXVII • XXVIII • XXIX • XXX • XXXI • XXXII • XXXIII • XXXIV •
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Се закажува нова Вики средба за 29 август 2 септември во 12:00 18:00 во Скопје. На средбата ќе бидат разгледани сите новини кои настанаа во перидот од последната Вики средба. Се очекува да се обрне особено внимание на здружението Викимедија Македонија, односно да се поразговара околу сите работи коишто треба да се завршат за регистрирање на здружението на граѓани како НВО на територијата на Република Македонија. Исто така се очекува да се разговара и за идните проекти на Википедија и првите активности на здружението.
Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, доколку се во можност да присуствуваат на оваа средба и да споделат барем еден ден со оние со кои заедно работат на Википедија.
Место на одржување на средбата: трговски центар Ramstore, Скопје.
Почеток и крај
уреди- Средбата започнува во
12:0018:00 - Средбата заврши околу 21 часот.
Присуството го потврдија
уреди- --Kiril Simeonovski (разговор) 01:09, 27 август 2009 (UTC) Жал ми е за одложувањето на средбата, но сепак и покрај краткото време, попродуктивно ќе биде средбата да се одложи неколку дена подоцна и на неа да има повеќе присутни.
--Arwena (разговор) 15:50, 28 август 2009 (UTC)Чинам дека е ова посоодветен термин и се надевам дека ќе се собереме најмалку барем петмина.
--Милош (разговор) 16:46, 28 август 2009 (UTC)
Не можат да присуствуваат
уреди#--Астрион (разговор) 20:56, 24 август 2009 (UTC) Како и обично, за моја жал во сабота.
- -- LazialeStojakovo (разговор) 21:20, 24 август 2009 (UTC) Ако можам да скокнам преку океанот и да дојдам, секако би присуствувал, арно ама...
- --Р ашо 21:38, 24 август 2009 (UTC) Исто и јас. Далечина
- --Никола Стоіаноски 22:11, 24 август 2009 (UTC) Во случај да можам ќе пишам.
- -- Бојан имаш за кажување? 18:25, 25 август 2009 (UTC) Тој ден од 10 часот полагам фитоценологија и не знам до колку би се задржал. Сепак, доколку имам време да стигнам од факултет до Рамстор, би дошол на средбата.
- --DJ LoPaTa (разговор) 22:12, 25 август 2009 (UTC) Нема да бидам во скопје тој период, меѓутоа ве поддржувам во вашите напори
- --Влатко Алексов (разговор) 14:18, 26 август 2009 (UTC) За жал и мене не ми одговара викенд, но се надевам некој друг пат ке бидам во можност, а да ви кажам баш се заинтерсирав за оваа работа.
- --Arwena (разговор) 18:12, 26 август 2009 (UTC) Сметам дека е попаметно да се одложи зошто се поклопува со државен празник и многу луѓе ќе ги спојат деновите. Предлагам средбата да се одржи на истото истото место во среда на 02. Септември во 18 часот.
--Kiril Simeonovski И јас, иако ја закажав средбата нема да можам да присуствувам, бидејќи нема да бидам во Скопје, а и од горните коментари мислам дека е најдобро средбата уште сега да се одложи. Мислам дека терминот на Arwena е соодветен. Како алтернатива наведов да биде работен ден, бидејќи мислам дека редно ќе биде да започнеме со извршувањето на некои работи. Средбата ќе биде презакажана за среда (2 септември) од 18:00. Мислам дека овој датум не е премногу доцен и сè уште може навремено да се завршат некои работи.
Дискусија
уредиМожеби терминот не е соодветен, поради празникот, но сепак мислам дека што поскоро ги извршиме сите потребно работи околу здружението, тоа подобро. Сепак, со оглед на тоа дека на средбата ќе се разгледа тековната ситуација во врска со Викимедија Македонија, мислам дека не е многу паметно на оваа средба да присуствуваат помалку од петмина, бидејќи во неа се очекува да работат барем 15. Поради тоа, поставив услов, кој се надевам дека ќе најде примена и при закажувањето на другите Вики средби. Имено, доколку точно 2 дена пред времето закажано за одржување на средбата, нема доволен број на заинтересирани кои ќе го потврдат присуството, средбата ќе биде одложена. Мислам дека 2 дена пред средбата е коректен интервал и се надевам доколку средбата биде одложена, нема да биде предоцна и нема да ги уништи плановите на заинтересираните. Како алтернатива е некој работен ден од идната седмица, а како најпогодни ми изгледаат среда или четврток. Терминот на одржување ќе биде подоцна, околу 18:00. Доколку поради празниците не сте во можност да присуствувата во првично закажаниот термин, ќе Ве замолам да дадете свој предлог како алтернатива за одржување на средбата.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:58, 25 август 2009 (UTC)
Средбата е одложена за 2 септември, со почеток во 18:00. Се надевам дека ќе има заинтересирани во новиот термин.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:05, 27 август 2009 (UTC)
- Поздрав Кирил, сакав само да прашам каде точно во Рамстор ќе ја одржиме средбата? Имаме некое наше „дувло“ таму, или? :))) -Фичо (разговор) 09:19, 2 септември 2009 (UTC)
- Благодарам на прашањето Филип. Ние се среќаваме во делот за исхрана на горниот кат, односно на некоја од масичките.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:37, 2 септември 2009 (UTC)
Извештај од средбата
уредиВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Со оглед на презакажувањето, а и на откажувањето на Милош и Arwena, искрено не очекував дека на оваа средба ќе присуствуваат доволен број на луѓе за една организација каква што ќе биде Викимедија Македонија. Ова мислење ми се вртеше во главата уште пред почетокот на средбата, кога ги очекував останатите. Бев во трговскиот центар Рамстор, во исчекување на првиот Википедијанец, а бев внимателен, бидејќи за псрисуство на средбата имаше најави и од корисници кои икогаш не присуствувале. Прв ми се придружи FlavrSavr, а веднаш потоа бевме изненадени од Фичо и Revizionist, со кои се запознавме, бидејќи пред тоа не сме имале ваква можност, а впрочем и тие никогаш не присуствувале на некоја Вики средба.
По краткото запознавање, решивме да седнеме во кафе бар Мамбо, со што ја отфрливме можноста да седнеме не место на кое се служи храна. Жал ми е за оние кои беа навистина гладни, но сепак мнозинството одлучи.Откако седнавме веќе беше 18:15. Првите разговори се однесуваа на уредувачкото искуство на секој од присутните на Википедија, а веднаш се отвори разговор за историски и етнолошки теми. Кратко потоа, пристигна и Виолетова, која не изненади доведувајќи ги со неа и ..... и идниот Википедијанец Алек. Уште при претставувањето Алек соопшти дека е етнолог и антрополог, па тоа само овозможи да продолжи започнатиот разговор на овие теми.
Откако доволно се разговараше на историски и етнолошки теми, јас и FlavrSavr, во согласност со останатите решивме и да им го објасниме принципот на работа на локалните ограноци на Викимедија Фондација и нашите намери и цели во желбата за промоција на проектите на Викимедија, пред сè Википедија. Сите се согласивме дека идејата со образовните семиинари во средните училишта и факултетите во Македонија е одлична и дека со нејзина реализација е можно да се зголеми активноста на проектите. Исто така се разговараше и за веќепоставените потенцијални проекти, а како особено значаен проект се издвои поддршката на проектите на јазиците, кои говорат на малцинските јазици во Македонија. Во меѓувреме пристигна и brest, кој вклучувајќи се во разговорот ни соопшти дека овој проект може да ни овозможи и полесно да најдеме соработници кои ќе на различен начин може да ни помогнат во остварувањето на сите зацртани проекти.
Со завршувањето на разговорот за здружението, се отворија разговори на повеќе теми, кои многу и не се поврзани со Википедија. Можеби разговорот за слободните лиценци и за воведувањето на нови правила и принципи за прикажување на изворите беа од најголемо суштинско значење. всушност, се размислуваше и се даде мислење дека нема да биде лошо на статиите на Википедија на македонски јазик за спроните историски теми, да се додаваат информации од гледиштен на сите страни, кои ќе бидат поткрепени со соодветни извори.
Времето минуваше, а и бројот на луѓе во трговскиот центар полека се зголемуваше. Ова го заклучив и по зголемениот број на присутни во кафе барот, во кој присуствувавме. Поради обврски, прв не напушти Revizionist, изјавувајќи дека ќе ги подржи активностите на здружението и најавувајќи дека ќе присуствува и на некоја од следните Вики средби. Темите на разговори брзо се менуваа, па по некое време решивме и останатите да се растуриме. Веќе беше 21 часот, кога го напуштивме трговскиот центар и секој тргна по дома.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:29, 2 септември 2009 (UTC)
За следната средба
уредиВо план е враќање на стариот принцип на закажување на Вики средба секоја последна сабота од месецот. Сепак, сè уште е рано да се закаже следната Вики средба. Доколку нешто се случи во меѓувреме, можно е да се закаже и вонредна средба.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:29, 2 септември 2009 (UTC)
Викисредби низ светот | |
---|---|
Африка: | Александрија • Кејптаун |
Америка: | Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс |
Азија: | Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај |
Европа: | Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска |
Океанија: | Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј |