Википедија:ВикиПроект Одржување
Овој проект служи за организација на одржувањето на Википедија. Најголемиот дел од одржувањето на овој проект се состои во набљудувањето на промените кои секојдневно се прават и во поправка на оние промени кои се погрешни или неконструктивни. Исто така, овој ВикиПроект служи за организирање на волонтери за најразлични иницијативи за подобрување на Википедија, како на пример, расчистување на постари статии на кои им треба внимание. Иако одржувањето се подразбира како задолжение на администраторите, секој може да даде придонес. Впрочем, ни треба вашата помош! Вклучете се во одржувањето и помогнете ни да ја подобриме Википедија на македонски јазик.
Како да ја користам оваа страница?
Во продолжение на оваа страница се опишани задачи кои треба извршат. Задачите се подредени најпрво по итност на 1) секојдневни, 2) неделни и 3) долгорочни. Понатаму, задачите се поделени по важност: повеќето задачи имаат реден број, упатство за она што треба да се сработи и задебелена врска која води до некоја службена страница или категорија која помага во одржувањето. Некои задачи се ограничени за само за корисници со одредени права, па затоа се обележани вака*. Пожелно е најпрво да се средат најитните и најважните работи.
Совет: Откако ќе станете поискусен и подобро запознаен со подолните задачи, искористете ја оваа предлошка за побрз пристап: {{Вики-Одржување}} (или {{ВП:ОД}} ). Можете дури и да го ставите во вашиот кориснички простор (на пр. корисничка страница) за често да го гледате (видете ја документацијата на предлошката за повеќе информации). |
Приклучете се на заедницата! Ако редовно го вршите одржувањето, слободно ставете се во списокот на учесници. Ова ќе овозможи да добивате известувањa околу проектот и покани за одржувачки акции. Исто така, можете да го користите списокот за да ги контактирате другите учесници, а и другите да ве контактираат Вас. Можете дури и да ја покажете Вашата поддршка кон проектот со ставање на корисничката кутија {{Корисник ВП:ОД}} . |
Секојдневни задачи
уреди- Новосоздадени страници:
- Статиите кои не се проверени се обележани со жолта боја. Потребно е:
- Да се провери дали новата страница е енциклопедиска статија (напишана на кирилица) или тест-уредување/вандализам. Ако е последното (или не е на кирилица), брзо да се избрише/обележи за бришење, а создавачот да се извести:
- Предлошки за обележување за бришење:
{{бб|[[ВП:КББ#ОП1]] — Материјал без смисла}}
{{бб|[[ВП:КББ#ОП2]] — Тест страница}}
{{бб|[[ВП:КББ#ОП3]] — Чист вандализам}}
- Не заборавајате да го известите создавачот!
- Администратори: ако веднаш ја избришете страницата (без ознака), известете го создавачот преку:
{{subst:добредојде-анон-вандал2|(причина)|(вашето кор. име)}}
- за вандализам од IP-адреса;{{subst:добредојдетест|(вашето кор. име)}}
- за тест-уредување на неискусен уредувач;{{subst:првастатија|(наслов на страница)|(вашето кор. име)}}
- за избришана статија на нов корисник
- Предлошки за обележување за бришење:
- Ако е статија, дали темата е доволно значајна? Ако не е, да се обележи за бришење и да се извести создавачот;
- Обележете со:
{{бб|[[ВП:КББ#СТ3]] — Статија за вистинско лице, организација (бенд, клуб, компанија итн.), веб-содржина и слично која не индицира зошто темата е важна или позната}}
- Обележете со:
- Ако статијата е значајна, треба да се уреди така што ќе ги исполнува следниве критериуми:
- Отсуство на очигледен вандализам;
- Отсуство на јасен напад против живи личности;
- Ако има напад против жива личност, мора да се отстрани веднаш, без дискусија
- Отсуство на јасно нарушување на авторското право — копирање на заштитени текстови без дозвола;
- Ако е јасно (познат извор) дека е копиран заштитен текст, веднаш да се отстрани текстот и во описот на промената да се наведе изворот од каде е земен;
- Отсуство на очигледна пристрасност (Битола е најубавиот град во Македонија.)
- Отсуство на очигледно рекламирање, самопромовирање, пропаганда и други знаци на јасна злоупотреба на Википедија;
- Да се обележи со:
{{бб|[[ВП:КББ#ОП8]] — Страница која е можеби создадена за рекламирање/промоција}}
- и да се извести создавачот.
- Да се обележи со:
- Присуство на најосновно вики-форматирање:
- Задебелен наслов на почетокот и најосновно, воведно енциклопедиско дефинирање на темата;
- Правилна структура на пасуси (почнувајќи со ==Наслови од второ ниво ==) и правилен редослед на пасусите (на пример, наводите пред надворешните врски);
- Присуство во најмалку една родителска категорија од категорискиот систем;
- Меѓујазични врски (ако постојат за дадената тема);
- Ознаки соодветни за содржината (ако има потреба од нив):
{{внимание}}
- за статии кои имаат повеќе проблеми;{{без извори}}
- за статии кои воопшто немаат извори;{{малку извори}}
- за имање на недоволен број на извори;{{викифицирање}}
- за потреба од додавање на вики-врски;{{ажурирање}}
- за застарени информации{{контекст}}
- за статии на кои им треба подобар воведен дел;
- Ако статијата ги исполнува овие критериуми, тогаш некој од корисничката група „уредувачи“ треба да ја обележи страницата како „проверена“ (види точка 4 подолу).
- Скорешни промени од нови корисници
- —Добронамерните нови корисници се честопати неискусни и склони кон правење на грешки;
- Ако придонесот не е конструктивен или е грешен:
- Поправете ја страницата;
- Објаснете му на корисникот (на неговата страница за разговор) дека сте го поправиле и каде е грешката;
- Не однесувајте се непријателски кон останатите уредувачи, особено кон новите уредувачи. Запомнете да претпоставувате добронамероност и да одговорите на проблематичните уредување на јасен и учтив начин. (Википедија:Ве молиме не напаѓајте ги новодојденците)
-
- —Неконструктивните уредувања се најчесто правени од анонимни уредувачи;
- —Анонимните уредувачи се честопати неискусни и прават грешки при добронамерното уредување;
- Ако еден анонимен уредувач прави повеќе корисни придонеси, охрабрете го да се регистрира:
- Додадете:
{{subst:регистрирајсе|(вашето кор. име)}}
на неговата страница за разговор;
- Додадете:
- Ако уредувањето е вандализам, вратете го и предупредете го уредувачот:
- Додадете:
{{subst:добредојде-анон-вандал2|(име на страница)|(вашето кор. име)}}
на неговата страница за разговор;
- Ако уредувачот продолжи со вандализам, пишете му кратка и учтива порака во која по втор пат ќе му укажете дека неговите придонеси се неконструктивни и советувајте да прекине со таквото уредување;
- Ако вандализмот е упорен: а) контактирајте некој активен администратор ИЛИ б) оставете порака на ВП:ОТА;
- Ако сте администратор, блокирајте ја IP-адресата за 24 часа со отклучена можност за создавање на корисничка сметка (ИСКЛУЧОК: при упорен, сериозен и масовен вандализам - на повеќе страници - блокирајте ја IP-адресата на 3 дена без можност за создавање на корисничка сметка).
- (забелешка) Погорната постапка е идентична и за вандализам од регистрирани корисници.
- Додадете:
- Страници со промени во исчекување* (достапно само за корисничката група „уредувачи“)
- —Ако ги извршувате задачите 2) и 3) од погоре, пожелно е оваа задача да ја вршите веднаш по проверката на секое уредување;
- —Ако одите преку наведенава службена страница, тогаш најновите промени прегледувајте ги најпрви!
- —Врската (прв|последен) на самото дно од страницата води до најновите промени на веќе оценети страници.
- Ако направените промени се задоволителни (види критериуми), оценете ги за да станат дел од објавената верзија на статијата;.
- Ако промените не се задоволителни, вратете ја статијата на стабилната верзија.
- Подигнати слики
- Ако подигнатата слика е со слободна лиценца, уредни информации и е квалитетна и потенцијално корисна, тогаш обележете ја со
{{subst:Срб}}
- Ако гореспоменатата слика не е употребена во ниту една статија, обележете ја со
{{Слика сираче}}
- Ако гореспоменатата слика не е употребена во ниту една статија, обележете ја со
- Ако за сликата воопшто нема информација за нејзиниот извор:
- Обележете ја со
{{subst:ниб}}
; - Известете го подигнувачот на сликата;
- (еднократно во денот) Создадете ја соодветната категорија за тој ден преку врскава: Без извор: денешна категорија.
- Обележете ја со
- Ако сликата има информација за изворот, но нема избрано лиценца:
- Обележете ја со
{{subst:нлб}}
; - Известете го подигнувачот на сликата;
- (еднократно во денот) Создадете ја соодветната категорија за тој ден преку врскава: Без лиценци: денешна категорија.
- Обележете ја со
- Ако сликата нема ниту извор, ниту лиценца (што често се случува), направете ги и двете претходно спомнати постапки.
- Ако подигнатата слика е со слободна лиценца, уредни информации и е квалитетна и потенцијално корисна, тогаш обележете ја со
Неделни задачи
уреди- Неделно Вики-Чистење!
- Уредувачка акција во која волонтери се собираат на Википедија секој викенд во исто време и заеднички средуват статии кои имаат потреба од внимание. Целта е целосно да се испразни Категорија:Статии за средување (сите статии кои ја имаат предлошката
{{внимание}}
). Моментално, во категоријата има 2.207 страници! - >>Пријавете се за следната акција!<<
- Учесниците добиваат ВикиНаграда за учество, а најдобриот уредувач добива дополнително признание. Собирајте ВикиНагради за изборот на највредните корисници на крајот од годината.
- Уредувачка акција во која волонтери се собираат на Википедија секој викенд во исто време и заеднички средуват статии кои имаат потреба од внимание. Целта е целосно да се испразни Категорија:Статии за средување (сите статии кои ја имаат предлошката
- Страници за бришење* (*само за администратори)
- Страници за брзо бришење* (чие бришење не е оспорено)
- Предложени статии за бришење* (за што има консензус од заедницата)
- Расчистување на слики* (*само за администратори)
- Преместување на сите слики кои се за копирање во Ризницата* (врска до волшебникот за подигање);
- Бришење на слики:
- Без извор* со поминати седум дена;
- Без лиценца* со поминати седум дена;
- Дупликати на слика од Ризницата*;
- Неслободни слики со црвена повратна врска*;
- Неискористени слики*;
- Корисни врски: лиценци за слики и предлошки за слики.
- Преместување и преведување
- Статии за преместување (7 страници) — ако има потреба од преименување на статијата (види конвенции), тогаш таа треба да се премести во нов наслов;
- Статии за преведување (152 страници) — ако текстот кој не е на македонски јазик не се преведе за една недела, тој треба да се отстрани.
Долгорочни задачи
уреди—Извршувањето на овие задачи не е итно, но е важно повремено да се извршува за да се зголеми содржината со подобар квалитет и да се спречи натрупувањето на проблеми.
- Одржување на статии
- Страници со промени во исчекување* (*достапно само за корисничката група „уредувачи“) — со тек на времето се создава голем застој на непрегледани промени. Овие промени не се прикажуваат на страницата, иако во најголем дел се корисни. Затоа, нивната проверка е приоритетна.
- Воопшто непрегледани страници* (*достапно само за корисничката група „уредувачи“) — овие страници никогаш не биле проверени од нивното создавање;
- Статии за средување (2.207 страници)
- Статии со потреба од внатрешни врски (викифицирање) (1.077 страници) (напатствие за правење на подобри внатрешни врски);
- Правење на врски до осамени страници (страници кои немаат ниту една внатрешна врска кон нив);
- Статии кои треба да се спојат со други страници (47 страници)
- Статии на кои им треба подобар вовед (1 страници) (напатствие за стилот на воведниот дел);
- Промена на содржината на статиите со застарени информации (15 страници);
- Средување на статиите на кои им треба ажурирање (73 страници);
- Категоризирање на некатегоризираните страници;
- Одржување на категории
- Распределување на содржината во други поткатегории на категориите за распределување и многу големите категории
- Категоризирање на некатегоризираните категории;
|