Википедија:Викисредба (3 септември 2010)
Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) · Потребни статии · Инкубатор · Кандидати за избрана статија (Ревизија) · ВикиПроекти · Викисредби · Facebook
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.
Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.
Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijalists.softver.org.mk.
Викисредби |
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
XXV • XXVI • XXVII • XXVIII • XXIX • XXX • XXXI • XXXII • XXXIII • XXXIV •
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Време на одржување
уредиПредлог термини за одржување на вики-средбата:
- 3 септември 2010 година. Повеќето кои го најавиле своето присуство, го претпочитаат овој термин.
4 септември 2010 година.
Место на одржување
уредиМожно место на одржување на средбата:
- Рибен ресторан - Крез Мак, во Аеродром, Острово, близу ОУ Браќа Миладиновци
- Пјаца Либерта, Скопје
- Новоотворениот Веро, кај Народна Банка, на спрат, пицерија Амато Деновиве има многу гужва овде, така што сепак мислам дека оваа опција не е прифатлива.--brest (разговор) 22:11, 2 септември 2010 (CEST)
Почеток и крај
уреди- Средбата започнува во 19:00 часот.
- Средбата заврши во 22:10 часот.
Присуството го потврдија
уреди- Б. Јанкулоски
- brest Мене ми одговара во петок да се одржи средбата.(разговор) 15:58, 27 август 2010 (CEST)
- Виолетова (разговор) 10:42, 2 септември 2010 (CEST) Може петок, може кај сакате, само да смее да се пуши :)
- FlavrSavr (разговор) 11:39, 2 септември 2010 (CEST) Петок, Крезмак.
Милош (разговор) 11:39, 2 септември 2010 (CEST)Проблеми :( --Милош (разговор) 10:45, 3 септември 2010 (CEST)- Wikimk (разговор) 18:02, 2 септември 2010 (CEST) Добро би било некој да го фиксира местото на одржување. За секој случај :-)
- Бојан имаш за кажување? 18:35, 2 септември 2010 (CEST)
- Kiril Simeonovski (разговор) 20:55, 2 септември 2010 (CEST) Со оглед на тоа дека е 2 септември, ќе може ли некој да го потврди датумот на одржување на средбата.
Диксусија
уредиКако што насетив од разговорите, средбата ќе биде одржана во рибниот ресторан Крезмак?!? -- Бојан имаш за кажување? 17:58, 3 септември 2010 (CEST)
- Да. Разговарав со Brest и тој ми потврди дека средбата ќе се одржи токму таму.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:07, 3 септември 2010 (CEST)
Присутни
уредиВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбата
уредиВо Крезмак, каде што конечно одлучивме да се одржи средбата пристигнав на време, но таму веќе беа Bjankuloski06, Boyan и Виолетова. Очекувајќи ги и останатите, опуштено разговаравме на различни теми. Особено задоволство ми претставуваше разговорот со Bjankuloski06, кој за прв пат присуствуваше на една Вики средба.
Откако дојдоа Wikimk, а кратко потоа и Brest започнавме отворен разговор за употребата на македнскиот јазик на Интернет, особено на проектите на Викимедја. Најактивен беше Bjankuloski06, кој впрочем има огромен придонес за бројот на статии на македнски не само на проектите на Викимедија, туку воопшто. Разговорот беше долг, а во меѓувреме ни се придружи и FlavrSavr. Заклучивме дека е добро уште веднаш да се обратиме кон надлежните органи и институции и да се обидеме да добиеме дигитални бази на податоци со содржини на различни теми, кои би можеле лесно да ги претвориме во корисни содржини на Википедија. Се обрна внимание и на односите кон медиумите и останатата јавност, со забелешка за подобра подготовка при контактите со нив во иднина.
Сепак, главното нешто по што ќе е памети средбата беше тоа што присутните се согласија да пристапат во Викимедија Македонија, пополнувајќи ги пристапниците за членство. Со тоа, локалниот огранок, официјално ги доби своите први членови, а едногласно се согласивме дека е најдобро пристапницата да биде достапна и во дигитална форма, со што заинтересираните би требало само да ја отпечатат, пополнат и испратат по пошта. Во продолжение, започнавме разговор за идните планови на огранокот и констатиравме дека е добро да организираме национална конференција, која во иднина би можела да прерасне во меѓународна. Беа разгелдани и можностите за учество на различни предавања, како и организирањето на различни проекти.
На средбата пристигна и Ivica83, со кого започнавме разговор за културата на однесување меѓу членовите на мејлинг листата. Остатокот од средбата помина во знакот на краткорочните активности на Википедија, а посебен акцент се стави на пополнувањето на „празните статии“ за години, за коишто се планира покренување на иницијатива во текот на месецот и се очекува голем број на корисници да се вклучат во неа. Сите станавме и си заминавме истовремено, кога на часовникот беше 22 часот и 10 минути.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:32, 4 септември 2010 (CEST)
За следната средба
уредиСледната средба ќе се одржи на крајот на месец септември.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:32, 4 септември 2010 (CEST)
Викисредби низ светот | |
---|---|
Африка: | Александрија • Кејптаун |
Америка: | Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс |
Азија: | Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај |
Европа: | Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска |
Океанија: | Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј |