Википедија:Викисредба (25 декември 2008)
Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) · Потребни статии · Инкубатор · Кандидати за избрана статија (Ревизија) · ВикиПроекти · Викисредби · Facebook
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
Скопје, 25 декември 2008
Здраво на сите. Неодамна ме контираше Весна од Идивиди за евентуална соработка со мк.вики. Исто така не сме се виделе одамна, па мислам дека е време за вики-средба. Доколку ви одговара, четврток, 25.12.2008, 19:00 во Пјаца Либертас, спроти средното училиште Јосип Броз Тито. --Милош (разговор) 13:04, 19 декември 2008 (UTC)
21:03, 19 декември 2008 (UTC)
Извештај од одржаната средбауредиПочитувани Википедијанци, Ве известуваме дека на 25 декември 2008, во Скопје (Пјаца Либертас) се одржа викисредба на која основна тема на разговор беше постигнатиот успех на Википедија на македонски јазик, како и она што допрва треба да се постигне, во нејзиното имплементирање и запознавање на поголем број на луѓе со неа. На средбата присуствуваа:
Разговорот започна спонтано. Се претставивме со сето она што го имаме, она што мислиме дека треба да го имаме, како и најболните точки кои ги има Википедија на македонски јазик. Го посочивме проблемот со дефицитарноста на континуирани уредувачи, како и проблемот со влијанието на соседните Википедии. Се дискутираше и околу активноста на форумите, особено нивното полнење со енциклопедиска содржина, наместо тоа да се стори на Википедија. Разговаравме за можноста за помош од страна на Идивиди, на која што би биле многу благодарни, преку запознавање на Википедија на голем број на заинтересирани луѓе кои би можеле да помогнат во уредувањето на Википедија на македонски јазик. Средбата помина одлично, но сепак пред нас постои голема и напорна работа. Се надевам дека во новата 2009 ќе се организираат голем број на вакви викисредби, енциклопедијата ќе се развива со многу побрзо темпо, а со тоа сите ќе добиеме солиден извор на информациии на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:13, 25 декември 2008 (UTC) И, имаше ли средба? Ако имало не е лошо нешто да споменете.--Raso mk (разговор) 13:14, 26 декември 2008 (UTC)
|