Википедија:Викисредба (15 јануари 2013)
Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.
Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на некоја од е-поштенските листи: vikipedijalists.softver.org.mk, wikmedia-mklists.wikimedia.org или wikimk-llists.wikimedia.org или на нашите facebook и twitter профили.
Викисредби |
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
XXV • XXVI • XXVII • XXVIII • XXIX • XXX • XXXI • XXXII • XXXIII • XXXIV •
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на Вики-средбата по повод 12 години Википедија:
- Датум: 15 јануари 2013 година.
- Време: 18:00 ч.
- Место: СП Планет, Ѓорче Петров, Скопје (карта)
Потврдено присуство
уреди- --brest (разговор) 22:08, 8 јануари 2013 (CET)
- --Kiril Simeonovski (разговор) 14:06, 11 јануари 2013 (CET) Мене не ми претставува проблем да присуствувам на средбата, па макар што истата е закажана да се одржи и во населбата Ѓорче Петров, но не знам колку е добар моментот да ја направиме промената баш на денот на роденденот на Википедија, имајќи предвид дека планираме да поканиме и гости од некои други организации како што беше случај изминатите две години. Освен тоа, како што знам СП Планет претставува трговски центар и претпоставувам дека во него има повеќе локали каде што би можело да се одржи средбата. Ќе може ли да се посочи каде точно ќе се одржи средбата? Во случај да имаме план да поканиме и други гости, мора да се знае точно местото на одржување на средбата.
- Поканата овде важи за сите. Доколку користиш други канали за комуникација (facebook, twitter) тогаш веќе е време да ја постираш поканата, а не е лошо и на оваа страница да наведеш врска до таму. --brest (разговор) 16:14, 11 јануари 2013 (CET)
- --Ehrlich91 (разговор) 15:55, 11 јануари 2013 (CET) Јас исто така ќе присуствувам, што би се рекло на 50 метри од дома ми се наоѓа. Додека што се однесува за прашањето на Кирил, да ти одговорам: станува збор за склоп на продавници во СП Планет и само еден кафе-бар, кој се наоѓа на најгорниот кат, мислам дека се викаше „Наполеон“, ама не ме држете за збор. Местото е интересно, добар поглед се пружа кон градот и населбата. Можеме да се чекаме пред самиот трговски, па потоа заедно да отидеме до горе во кафулето, не мора секој посебно да доаѓа, па да се случи да се изгуби.
- Благодарам за објаснувањето. Никогаш не сум бил внатре, па затоа и бев малку љубопитен.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:06, 11 јануари 2013 (CET)
- --Вик Ретлхед (разговор) 22:44, 11 јануари 2013 (CET) Само да прашам дали стигна апликацијата, и дали ќе биде разгледана на средбава?
- Разгледана е апликацијата. Прочитај е-пошта @ymail. Или види тука. Поз. --brest (разговор) 23:42, 11 јануари 2013 (CET)
Дискусија
уреди- Сме превиделе еден настан, денес во 18 почнува Македонија - Исланд! Што прајме сега? Многу луѓе нема да ни дојдат поради тоа на забавата. :) --brest (разговор) 09:11, 15 јануари 2013 (CET)
- Мислам дека натпреварот може да го гледаме на местото на одржување на средбата. Не верувам дека ракометот нешто премногу ќе смени, особено што сега веќе е премногу доцна за некое одложување.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:48, 15 јануари 2013 (CET)
- Има ли телевизор во кафе барот? А што правиме ако и други да дошле да гледаат натпревар во кафе барот, па да нема доволно слободни маси за нас? :)
--brest (разговор) 11:11, 15 јануари 2013 (CET)
- Не знам дали има телевизор во кафе-барот, бидејќи не сум јас организатор на средбата. Моето мислење за средбата е изнесено во мојот коментар погоре, а сега сметам дека ќе биде најкорисно да се закаже маса ако сè уште има време за тоа.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 11:14, 15 јануари 2013 (CET)
- Тони е најблиску, може да не најави и да се распраша. Две поголеми маси ќе бидат доволни или потребни ни се повеќе? BTW јас ќе идам со кола од НМ до СП па ако има некој заинтересиран за превоз нека пише да се договориме.--brest (разговор) 11:20, 15 јануари 2013 (CET)
- Ќе му пренесам на Тони да се распраша и ако може да резервира. Инаку, јас сум заинтересиран за превоз.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:25, 15 јануари 2013 (CET)
- Па тогаш некаде околу 17.15 - 17.30 да се најдеме на паркинг кај НМ. Ако успееме да тргнеме порано можеби ќе најдеме доволно слободно место ако во меѓувреме Тони не направи ништо. На пресот овој пат, кој ќе даде изјава, со оглед на тоа што нашиот ПР не е најавен дека ќе присуствува на настанот? --brest (разговор) 11:36, 15 јануари 2013 (CET)
- Мене ми одговара на паркингот кај Нова Македонија некаде околу 17:30. Инаку, не ми е јасно за каков прес станува збор? Претпоставувам дека Цобе е премнгоу зафатен со работа и поради тоа не е пријавен да присуствува, но сепак нема да биде лошо доколку некој се чуе со него.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:13, 15 јануари 2013 (CET)
- OK. Јави се кога ќе пристигнеш на паркинг. Незнам Вик што планира за превоз, ако не чита нека се пријави. На медиумите ќе треба да им се даде некоја информација по повод роденденот на Википедија. Очигледно flavsvr е зафатен, треба да обезбедиме бекап за секој случај. Имам најава дека ќе дојде новинарска екипа вечерва на настанот.--brest (разговор) 14:00, 15 јануари 2013 (CET)
- Сега ја видов пораката. Ќе дојдам со автобус, веројатно ќе бидам таму нешто пред закажаниот термин.--Вик Ретлхед (разговор) 14:40, 15 јануари 2013 (CET)
Присутни
уредиВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
Извештај од средбата
уредиПрвата Вики средба во 2013 год. ја одржавме на нова локација, во СП Планет, населба Ѓорче Петров. Први на средбата пристигнаа Димче и Кирил, а јас дојдов со мало задоцнување. Формалниот дел го започнавме со доаѓањето на Тони, кој инаку живее во близина на местото каде се состанавме. Најпрво присутните ми го честитаа приемот во Викимедија Македонија, а потоа преминавме на дискусија за работите кои ни претстојат. Накусо ги дефиниравме целите и очекувањата од соработката која нѐ очекува со нашите украински колеги.
Освен за тој проект, разговаравме и за работата на терен која нѐ очекува за оваа година. Намерата ни беше повеќе да се фокусираме на средните училишта, каде планираме да предложиме основање на вики-секции, чија задача би била вклучување во активностите на Википедија. Според Тони, најдобро време за реализација на оваа замисла би било месец септември, бидејќи тогаш учениците имаат повеќе слободно време и би можеле целосно да се посветат на работата. Освен ова, се зборуваше и за организирање на помасовни Вики средби, каде би било пожелно да земат учество и останатите Википедијанци.
Преостанатото време од средбата го поминавме дебатирајќи на теми поврзани со најновите геополитички и економски случувања. Доста занимлива беше дискусијата за правото да се поседува оружје, која деновиве е актуелна во САД. Разменивме мислења и по некои лингвистички прашања, од кои најинтересно ми се виде она за застапеноста на архаичните македонски зборови во современото општество и нивната практична употреба во секојдневниот говор.
Сублимирано во една реченица, средбата мина во прилично релаксирана атмосфера. Ја завршивме нешто по 21 часот, кога четворицата си замивме од таму. Димче се понуди мене и Кирил да нѐ превезе со автомобил, додека Тони пешки си замина дома.--Вик Ретлхед (разговор) 22:50, 17 јануари 2013 (CET)
Следна вики-средба
уредиУтврдено е следната Вики средба да биде одржана на истото место кон крајот на месец февруари, како би се сумирал успехот од проектот Недела на македонско-украинска соработка.--Вик Ретлхед (разговор) 20:28, 17 јануари 2013 (CET)
Викисредби низ светот | |
---|---|
Африка: | Александрија • Кејптаун |
Америка: | Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс |
Азија: | Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај |
Европа: | Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска |
Океанија: | Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј |