Википедија:Викисредба (26 ноември 2012)
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.
Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.
Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijalists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.
Викисредби |
2024
2023
2022
2020
2019
2018
2017
2014
2013
2012
XXV • XXVI • XXVII • XXVIII • XXIX • XXX • XXXI • XXXII • XXXIII • XXXIV •
2011
2010
2009
2008
2007
2006
|
Се известуваат сите корисници дека следната Вики-средба ќе се одржи во кафе-ресторанот EveryDay, Скопје (карта), на 26 ноември 2012 година, со почеток во 18:00. Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на средбата.
Присуството го потврдија
уреди- --Kiril Simeonovski (разговор) 01:43, 23 ноември 2012 (CET)
- --FlavrSavr (разговор) 14:30, 24 ноември 2012 (CET)
- --Вик Ретлхед (разговор) 21:01, 24 ноември 2012 (CET) Само да ве известам дека ќе задоцнам бидејќи сум на часови до 18:20
- --brest (разговор) 19:32, 25 ноември 2012 (CET) Зошто да не го поместиме почетокот во 19.00 часот?
- Со оглед на тоа дека никој не одговори на оваа порака, мислам дека е премногу доцна било што да се менува. Јас ќе бидам таму во 18 часот, во колку што е и закажана средбата.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:25, 26 ноември 2012 (CET)
- Бидејќи Вик Ретлхед е на часови до 18.20 а FlavrSavr најави на мејл дека ќе доцни најмалку половина час, подобро е да се одложи за 19.00, отколку да немаме на почетокот кворум.--brest (разговор) 15:54, 26 ноември 2012 (CET)
- Јас и Тони ќе бидеме таму на време, па вие дојдете кога можете. Не би сакал да го менуваме терминот, бидејќи очекуваме да дојде и Милош.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:05, 26 ноември 2012 (CET)
- OK, Кирил. Нека биде во 18.00. Јас ќе бидам таму, планирам да се задржам околу еден час на средбата.--brest (разговор) 16:21, 26 ноември 2012 (CET)
- Бидејќи Вик Ретлхед е на часови до 18.20 а FlavrSavr најави на мејл дека ќе доцни најмалку половина час, подобро е да се одложи за 19.00, отколку да немаме на почетокот кворум.--brest (разговор) 15:54, 26 ноември 2012 (CET)
- Со оглед на тоа дека никој не одговори на оваа порака, мислам дека е премногу доцна било што да се менува. Јас ќе бидам таму во 18 часот, во колку што е и закажана средбата.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:25, 26 ноември 2012 (CET)
- --Ehrlich91 (разговор) 15:36, 26 ноември 2012 (CET)
- Што се однесува до мене може да почнеме и во 19 часот, не ми претставува некој посебен проблем --Ehrlich91 (разговор) 16:04, 26 ноември 2012 (CET)
Дискусија
уредиПрисутни
уредиВики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
- Kiril Simeonovski (разговор • придонеси)
- Ehrlich91 (разговор • придонеси)
- Brest (разговор • придонеси)
- FlavrSavr (разговор • придонеси)
- Misos (разговор • придонеси)
- Вик Ретлхед (разговор • придонеси)
- Новица (разговор • придонеси)
- Damjanc (разговор • придонеси)
- Баже од Слободен софтвер Македонија
- Стама од Слободен софтвер Македонија
Извештај од средбата
уредиНа средбата пристигнав заедно со Тони, со кого повторно се чекавме под Железничката станица. Седнавме на страна и започнавме општи разговори, не знаејќи дека во Every Day веќе се пристигнати претставниците од Слободен софтвер Македонија. По кратко време пристигна и Димче, кој веднаш го забележа нивното присуство, па потоа се придруживме и ние и средбата конечно започна.
Најпрво, јас го пренесов она што се зборуваше со колегите од Србија непосредно по завршувањето на конференцијата минатиот месец. Имено, станува збор за глобален проект којшто се заснова на размена и споделување на искуства и знаења меѓу членови на повеќе организации во регионот. Идејата е да се овозможи престој на луѓе од една во друга земја, коишто ќе имаат задача за одреден временски период да одржат средби со одредени луѓе и предавања пред одредена целна група. Во поглед на финансирањето, на кратко го објаснив процесот на обезбедување финансиски средства од страна на Фондацијата Викимедија, а се очеува барање за дотаија за овој проект да биде испратено и со него да раководат Викимедија Србија и Викимедија Македонија. Сепак, учество и поддршка во спроведувањето на проектот се очекува да дадат и други организации, а на средбата тоа беше најавено од страна на претставниците од Слободен софтвер Македонија. Мора да се напомене дека проектот сè уште постои како идеја и дека е неопходно да се работи напорно за понатамошен развој на оваа идеја. Откако завршивме со оваа тема, продолживме да разговараме за одржувањето на средби во хаклабот КИКА и причините поради коишто во последно време се немаме состанато во просториите на хаклабот.
По извесно време нѝ се придружи и Милош, со кого што сите се немавме видено многу одамна. Со него продолживме некои оошти разговори, а кратко потоа пристигна и Цобе. Малку се навративме на она што беше претходно дискутирано, со цел да го чуеме мислењето на Милош и на Цобе, коишто начелно беа за спроведувањето на еден ваков проект. Претставниците од Слободен софтвер си заминаа нешто по 19 часот, па на средбата останавме петмина, но скоро потоа нѝ се придружи и Вик Ретлхед. Одново се разговараше за најавуваниот проекто, но овој пат од аспект на тоа што ние како Викимедија Македонија и заедница на Википедија на македонски јазик би можеле да им го понудиме на луѓето во странство и која би била целната група со којашто би можеле да ги споделиме нашите искуства. Милош предложи интересен пристап, при што е добро да се види што би сакале ние да добиеме со присуството на некој странски претставник. Јас дури предложив и дека е можно присуството на гости од странство да се искористи за организирање на семинар на некој од факултетите, но на овој предлог позитивен коментар имаше само Тони. Понатаму, зборувавме и за измените во алатникот под прозорецот за уредување на Википедија, како и за тоа дали е добро параметрите во инфокутиите да бидат на македонски или на англиски јазик.
По завршувањето на темите во врска со Википедија, продолживме со неколку административни работи за Викимедија Македонија. Милош побара доколку е можно да биде отстранет од Надзорниот одбор на здружението, а воопшто во најава е и целосно укинување на ова тело на организацијата. Се зборуваше и за неопходните измени во Статутот, којшто ќе бидат предизвикани со ваквите промени, а жестока дискусија се разви во врска со активностите на Викимедија Македонија и малиот севкупен придонес на нејзините членови. Дискусијата дури доведе и до радикални предлози за замрзнување на работата на Викимедија Македонија, а дури и за нејзинорасформирање. Средбата беше завршена кратко по 21 часот.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:19, 28 ноември 2012 (CET)
Следна Вики-средба
уредиОдржувањето на следната Вики-средба се очекува да биде кон средината на месец декември 2012 година.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:19, 28 ноември 2012 (CET)
Викисредби низ светот | |
---|---|
Африка: | Александрија • Кејптаун |
Америка: | Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс |
Азија: | Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај |
Европа: | Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска |
Океанија: | Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј |