Википедија:Викисредба (7 март 2009)
Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) · Потребни статии · Инкубатор · Кандидати за избрана статија (Ревизија) · ВикиПроекти · Викисредби · Facebook
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
Скопје, 7 март 2009
Се закажува нова Викисредба за 7 март 2009 во 13.00 часот, како продолжување на претходната викисредба на која се разгледуваа идеите и предлозите во врска со формирање на Здружението. На оваа средба треба да се завршат формалностите во врска со основањето на Здружението. Од сега па натаму Вики средбите по правило ќе бидат закажувани во 13 часот за да може на нив да присуствуваат и википедијанци кои се од внатрешноста на Македонија. Средбата се закажува во работните простории на Виолетова кои се наоѓаат во истата зградата како и Прво Пензиско Друштво (за оние кои не знаат тоа е спроти зградата на Владата, близу до Јапонскиот културен центар, или спроти раскрсницата кај мостот Гоце Делчев, кај Македонска пошта. Ако има потреба од дополнителни објаснувања за локацијата слободно прашајте, а може да организираме некој и да ве пречека пред зградата пред одржувањето на средбата. Присуството го потврдијауреди
Не можат да присуствуваатуреди
Извештај од средбатауредиВикисредбата започна во предвиденото време и место. Присутни беа следните википедијанци: На средбата беше разгледуван предлог Статутот на Здружението, при што беа направени измени во текстот на предлог Статутот согласно расправата за секој член од предлог Статутот одделно. После работниот дел се продолжи со размена на идеи и предлози за подобрување на работата на википедија и здружението. Договорено е идната викисредба да се одржи наредната сабота со почеток по можност во 12.00 часот, на истото место, откако за истото ќе се информира пошироката вики заедница на страниците на мк.вики. На идната викисредба би се продолжило со разгледување на останатите документи кои треба да се усвојат а се потребни за формално основање на Викимедија Македонија. Во меѓувреме ќе се работи на превод на Статутот на Здружението на англиски јазик, со цел истиот да биде проследен до централата на Wikimedia Фондацијата во САД. Обврската за превод на Статутот ја презема MacedonianBoy. Преводот исто така ќе се разгледа на наредната викисредба.
|