Византиски титули и служби

Титулите и службите во Византија се сложен аристократски и бирократски систем што се развил во византиското царство. Многу титули и служби биле почесни и немале суштинска власт затоа што царот бил тој што владеел. Во илјадагодишната историја на Византија многу титули биле создадени или укинати, многу други добиле или, пак, го губеле угледот. Во почетокот, византиските титули и звања биле исти како во Римското Царство, бидејќи корените на Византија се во римската држава. Тоа се променило за време на владеењето на Ираклиј I (610-641) односно во текот на државните реформи од тоа време. Истото се случило и во XI век и во XII век, време кога во Византија настапила феудализацијата. Во времето на цар Алексеј I (1081—1118) многу звања биле изменети или новосоздадени, а другите останале исти или како такви сѐ до Опсадата на Цариград во 1453 година[1]Предлошка:Request quotation[2].

Аристократски титули

уреди

Виши аристократски титули

уреди
  • Василевс и автократор — василевс (βασιλέος, василеос), грчки за кралот или за врховниот владетел уште во времето на Микена, точно не е утврдено потеклото на зборот. Во времето на хеленизмот, бил назив за владетелите во земјите од Римското Царство каде што преовладувал грчкиот јазик; на пример, и за Ирод I во Јудеја. Се користел и за владетелите на Персија. Автократор (αυτοκράτωρ) значи самовладдетел, самодржец. Цар Ираклиј ги користел по 629 година за да ги замени латинските титули август (лат. augustus со значење возвишен, благороден, грчки севастос) и император (војсководец, војвода). Византијците ги користеле исклучиво за владетелите на Византија, додека, на пример, западноевропските кралеви ги викале ригас, изведено од латинското rex за кралот. Византиските цареви кои сакале да ја истакнат династичката припадност, на својата титула додале и порфирогенетос за да нагласат дека се родени во порфира, салата со пурпурен мермер која се наоѓала во царската палата и таму се раѓале децата на царевите. Во подоцнежните векови на византиското царство, царевите се титулирале и со кронократор (владетел на времето) и космократор (владетел на светот). Василиса била женската варијанта од василевс, потоа, цариците носеле титула евсевестати августа (најпобожна августа) и деспоина деспина од деспотот. Василеопатор било почесно звање за таткото на царот (не морало да му биде роден татко). Роман I ја користел оваа титула кога била регент на Константину VII Порфирогенит.
  • Деспот - титулата Деспот (δεσπότης, деспотес) ја вовел цар Манојло I Комнин во XII век. Деспот била титула за најблиските роднини, на пример, за родените браќа, но и за владетелите на некоја деспотовина. Јован VI Кантакузин (1347—1354) од 1347 година го вовел доделувањето на таа титула и на територијата на Мореја за својот втор син Манојло и за својот прв син Матија) кој бил следен на ред за наследување на престолот и истовремено бил деспот на Мореја; додека владееле Палеолозите, со тоа се обележувал идниот цар, ако царот што владел немал машко потомство. Женската варијанта деспоина (деспина) означувала женски деспот или сопруга на деспот.
  • Севастократор - титулата севастократор (σεβαστοκράτωρ, возвишен или благороден владетел) ја вовел цар Алексеј I у XII век со комбинирање на автократор и севаст. Прв севастократор бил Исак, братот на Алексеј. Титула не подразбирала никаква власт, само укажувала на блиско сродство со царот. Нејзина женска варијанта била севастократориса.
  • Цезар - цар уште во римско време била титула на совладетелите на августите и на можните наследници. Кога Алексеј I ја вовел титулата севастократор, титулата цар паднала на трето место по севастократор, а во однос на титулата деспот на четврто место. Женската варијанта била цезарица/кајсариса.
  • Панхиперсеваст и протосеваст - изведено од севаст (севастос, август). Алексеј и подоцнежните цареви содале голем број нови титули со тоа што на постоечките титули им додавале пан (сѐ), хипер (над, преку), прото (прв) и друге претставки.

Деспот, севастократор, цезар, панхиперсевастос и протосевастос по правило биле титули резервирани за царското семејство. Визуелно се разликувале според различната облека, по боите и по круните. Прв „туѓ“ деспот бил унгарскиот крал Бела III (1172—1196), што требало да значи дека византискиот цар го смета за свој вазал. Стефан Душан, по византискиот пример, на својот брат Симеон Синиша Немања му дал титула деспот, како и на своите блиски соработници, на пример, на Јован Оливер. Стефан Лазаревић во 1402 година ја добил титулата деспот од византискиот цар Јован VII, што потоа била главна владетелска титула во српската деспотовина и во сремската деспотовина до почетокот на XVI век.

Првиот „туѓинец“ со титула севастократор бил Стефан Немања кој ја добил таа титула во 1191 година. Бугарскиот цар Калојан исто така добил титула севастократор. Јустинијан II во VIII век на бугарскиот кан Тервел му ја подарил титулата кајсер што кај Словените станала цар. Во почетокот на XIV век, Андроник II го нарекол цар Роже де Флор, водачот на каталанската војска. Титулата протосеваст му била дадена на млетачкиот дужд Енрик Дандало, пред да се вмеша во Четвртата крсташка војна.

Нижи аристократски титули

уреди
  • Севаст - севаст (величество), во почетокот рамно на август (види василевс) и го носеле цареви. Во времето на Алексеј I постао, станала помалку важна од новововедената титула протосеваст. Женската варијанта била севаста.
  • Пансевастохипертат, паноикеиотат и протопроедар - се примери за новосоздадени титули со додавање на претставка. Овие титули ги носеле царските роднини после Алексеј I и немале посебни овластувања.
  • Протовестијар - обично далечен роднина на царот што се грижел за царската облека оссобено за време на воените походи. Понекогаш бил одговорен и за други членови од царската палата и за личните царси финансии. Постара титула од времето на цар Јустинијан I била куропалатес од латинскиот збор куратор, државен чиновник за финансии. Нему му бил потчинет вестиариос. Женските варијанти биле Протовестиарија и вестиарија.

Византијците имале титули и за далечните членови на царското семејство и за нижата аристократија кои обично биле преземени од латинскиот:

Нижите благородници на царскиот двор исто тка носеле титула паракоимомен (један телохранитељ), панкерн (слуга што сипа пијалак) и мега коностаул одговорен за царските коњи.

Воени титули

уреди

Копнена војска

уреди
  • Praefectus praetorio, егзарх и доместик - префект преторија, стара римска титула, во почетокот како водач на царската лична гарда, подоцна војсководец и главен воен и цивилен заповедник во префектурата. Во времето на Константин Велики му била одземена воената власт, но ја задржал цивилната власт во префектурата. Подоцна ја добива титулата егзарх (έξαρχος). Со воената и државна реорганизација во Византија за време на зарот Са војном и државном реорганизацијом у Византији за време цара Ираклиј во VII век префектите/егзарсите ја добиле цивилната и воената власт во провинциите и нов назив доместик. Во подоцнежните векови им била одземена цивилната власт и останале само генерали.
    • Мега доместик или велики доместик - велики војвода, главен војсководец.
    • Доместикос тон схолон - командант на схолае, во почетокот елитна воена дивизија, у почетку елитна војна дивизија, подоцна задолжена за засилување и за дополнување на воените сили. Таа била ценета титула со голема моќ за разлика од многу други.
    • Доместикос тоу тематес - главен командант за темама (воени и цивилни провинции по реформите на Ираклиј); имало еден за европските и еден за азиските теми.
  • Стратег - стратег (исто стратиг), воен и цивилен, подоцна воен команант на една провинција (тема). Многупати ја носел титулата дукса рамна или генерал.
  • Турмерарх - командант на посебната воена единица турм.
  • Протоспатијар - командант на царската гарда. Нему му бил потчинет спатијар.
  • Протостратор - подоцна назив за еден командант.
  • Стратопедарх - командант на војската на поле кој, можеби, имал и законска власт.
  • Хоплитарх или архегет - командант на пешадијата.
  • Протокентарх и кентарх - од латинското центурион, командант на помали воени единици.
  • Мерарх - командант на коњицата (мерос).
  • Манглавит - командант на една единица во царската гарда со плата од три фунти злато. Подоцна, норвешкиот крал Харалд III служел извесно време како манглавит у Византији.
  • Куропалат - титула слична на мерархот
  • Спатарокандидат - офицер во царската гарда.

Морнарица

уреди
  • Мега дукс – „велики војвода“ или „велики херцог“, бил главен заповедник на византиската воена морнарица. Најверојтно, бил еден од ретките што ззнаел за тајната на грчкиот оган. На крајот од владеењето на Палеолозите великиот војвода бил главен на владата и управата.
  • Катепано - од X век заповедник на приморска провинција.

Друге воени титули

уреди

Управни титули

уреди

Распространетата византиска управа имала многу титули, кои повеќе се разликувале отколку кај аристократијата и војската. Ги имало повеќе стотини ако не и илјади. Меѓу најважните биле:

  • Протоасекрет - една од раните титули за надзорникот на канцеларијата, одговорен за државните акти. Негов потчинет му бил асекрет. Други соработници биле хартоулариј (одговорен за царските документи) и еидик (службеник за државните финансии).
  • Логотет - секретар на бирократијата. Логотети биле најважни членови на византиската бирократија.

Логотети долго време имале големо влијание врз царевите, подоцна биле само почесни државници. Во подоцнежните векови мегас логотетес станало месазон, што значи посредник и е рамно на денешното менаџер.

Други служби во управата биле:

  • Префект - градска служба у престолнината, рамно на градоначалник.
  • Квестор - во почетокот правен или финансиски службеник, кој по воведувањето на логотетот ги загубил своите компетенции.
  • Тривун - од латинското трибун, бил одговорен за улиците, спомениците, зградеите и другите градби во престолнината.
  • Магистер или мајстор - магистер, грчки мајстор, стар римски назив во управата и во војската; во времето на владеењето на Ираклиј само почесно звање, а можеби и укинато.
  • Сакелариј - бил царски надзорник над другите царси службеници, логотети итн.
  • Претор - во почетокот службеник за даноците во престолнината, по владеењето на Алексеј I, цивилен гувернер на една провинција.
  • Кефалија - (кефале, глава), цивиен гувернер на еден град.
  • Хореијариј - одговорен за државните житници.

Протоасекрет, логотет, префект, претор, магистер и сакелариј, сите тие биле членови на византискиот сенат сѐ додека сенатот не ја загубил својата важност по владеењето на Ираклиј. Во средновековна Србија звањето кефалија се јавува за време на крал Милутин и останало сѐ до XV век. Кефалија бил управник на градот, а подоцна, во времето на цар Душан, и управник на мешана жупа.

Наводи

уреди
  1. Barnes, T. D. (1989-11-24), „Panegyric, history and hagiography in Eusebius' Life of Constantine“, The Making of Orthodoxy, Cambridge University Press, стр. 94–123, doi:10.1017/cbo9780511555350.007, ISBN 9780521351881, Посетено на 2022-03-02
  2. Lewis, V. Bradley (2017-04-04). „Eusebius of Caesarea's Un-Platonic Platonic Political Theology“. Polis: The Journal for Ancient Greek Political Thought. 34 (1): 94–114. doi:10.1163/20512996-12340119. ISSN 0142-257X. For Eusebius the Laws mainly shows the agreement of Christian and pagan morality, while his political theory centers on the establishment and maintenance of a Christian empire under a Christian emperor who is a philosopher-king. His view represents one of the fundamental political options in ancient Christianity, one that influenced later Byzantine political theology, but was largely rejected in the west.
Византиско Царство
Ромејска култура Историја на Римското Царство во средниот век Уредување на Римското Царство во средниот век

Архитектура
Музика
Уметност
Наука
Календар

Градови:
Цариград
Никеја
Мистра

Градби:
Света Софија

Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I
Распад на Персија (628)
Ираклиј I
Иконоборство (726)
Лав III Сириец | Константин Порфирогенит | Василиј II
Големиот раскол (1054)
Битка кај Манцикерт (Кобна 1071)
Алексиј I Комнин | Мануил I Комнин
Падот на Цариград (1204)
Теодор I Ласкарис
Обнова на Римското Царство (1261)
Михаил VIII Палеолог | Константин Драгаш
Падот на Цариград (1453)
Средновековни римски цареви
Средновековна римска дипломатија


*