Протостратор
Протостратор (грчки: Πρωτοστράτωρ, прв стратор) — византиско воено звање, што било меѓу пониските, хиерархиски, но од XII век се јавува како една од високите воени положби. Оваа титула ја имале идните цареви Михаил II (820 — 829) и Василиј I (867 — 886), а покрај царските протостратори имало и протостратори на други високи чиновници.
Звање протостратор
уредиЗа прв пат го спомнува Теофановиот Продолжувач, кога зборува за жртвите од иконоборските судири во 765 година, меѓу кои бил и извесен спатариј и протостратор Константин, син на патрикијот Варда.[б 1] Тој се наоѓа на крајот на списокот на починати, што говори за нискиот ранг што ова звање го имало во тоа време.
Тактика (IX и X век) исто така го вбројува протостраторот меѓу пониските звања, а неговата основна улога била да му биде придружник на царот додека бил на коњ. Нему му биле подредени стратори, надзорници на штали и армофилакс.[б 2] Без оглед на релативно ниското место во хиерархијата на звања, положбата протостратор, според мислењето на современите историчари, била добра основа за почеток на кариера и понатамошен напредок.[1] Покрај Михаил и Василиј што станале цареви, својата воена кариера како протостратор ја започнал и византискиот генерал Манојло од XIX век.
Византискиот историчар Јован Зонара во XII век го споменува ова звање како едно од највисоките, а Никита Хонијат, на самиот почеток на XIII век, звањето протостратор го поистоветува со западноевропското звање маршал (највисок воен командант).
По обновувањето на Византија, во времето на Палеолозите, протостратор бил едно од највисоките звања. Покрај командувањето со војската, неговите должности опфаќале и одредени церемонијални должности, а од крајот на XIII век се појавуваат неколку протостратори, наместо само еден, како дотогаш. Од истата доба, разликата помеѓу звањето протостратор и положбата мега дукс постепено се губи. Во тој период, најважни протостратори биле Алексиј Филантропен и Теодор Синедин, а последен забележан е еден од членовите на семејството Палеолози, кој бил на таа положба за време на последната опсада на Цариград во 1453 година. Командант на византиската војска во тоа време бил Џеновецот Џовани Џустинијани, кој исто така ја добил титулата протостратор од последниот византиски император Константин Драгаш (1449 — 1453).
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Водачот на иконофилското движење, игуменот Стефан Нови, во ноември 765 година бил убиен на цариградските улица, а со цел задушување на движењето, царот Константин V наредил да се погубата уште 19 високи достоинственици, меѓу кои бил и протостраторот Константин.
- ↑ Армофилакси биле задолжени за оружјето, но и за двоколките
Наводи
уредиЛитература
уреди- Kazhdan, Alexander P., уред. (1991). The Oxford dictionary of Byzantium. New York [u.a.]: Oxford Univ. Press. ISBN 978-0-19-504652-6.CS1-одржување: ref=harv (link)