Центурион
Центурион била позиција во римската војска за време на антиката, номинално командант на една центурија, воена единица од околу 80 легионери. Во римска легија, центуриите биле групирани во кохорти командувани од најстариот центурион во тој кохорт. Престижниот прв кохорт бил предводен од примус пилус, најстариот центурион во целата легија и трет командант на легијата.
Симбол на центурионот бил стап од лоза, со кој тие ги дисциплинирале дури и римските граѓани, кои пак законски биле заштитени од физичко казнување. Центурионите исто така служеле и во римската морнарица. По маријанските реформи на Гај Мариј во 107 г. п.н.е., центурионите биле професионални офицери. Во доцната антика и средниот век, центурионите на византиската армија биле познати и под името кентарх.[1]
Улога
уредиВо римската пешадија, центурионите командувале со центурија. За време на Средната Република, овие центурии биле групирани во парови за да сочинуваат манипул, секоја центурија се состоела од 30-60 мажи.[2] По Маријанските реформи, една центурија вообичаено се состоела од околу 80 мажи, а шест такви центурии формирале легионерски кохорт. Подоцна, генералите и царевите ги менувале овие бројќи. Јулиј Цезар, на пример, го направил првиот кохорт од 5 центурии со двојна сила. [ потребно е цитирање ] Центурите добиле многу повисока плата од просечните легионери.[3] Ветераните легионери често останувале под водство на нивните поранешни центуриони.[4]
За време на Римското Царство, центурионите останувале до старост во својот кохорт, командувајќи со центурија со повисоко првенство, сè додека да го преземе целиот кохорт. Најдобрите центурии биле унапредувани до Првиот кохорт, наречен Прими Ординес, командувајќи со една од десетте центурии и исто така преземајќи штабна улога. Најстариот центурион на легијата бил Примус Пилус кој командувал со првата центурија.Примус Пилус, исто така бил дел од воениот совет.[5] Примус Пилус бил наречен така затоа што неговата центурија била прва меѓу првите во кохортот. Само осум офицери во целата легија го надминувале Примус Пилус: легат (legatus legionis), кој командувал со легијата; постар трибун (tribunus laticlavius), втор командант на легијата; префект на кампот (praefectus castrorum); и пет други трибуни (tribuni angusticlavii) кои служеле како високи штабни офицери на легатот со ранг приближно еквивалентен на денешниот полковник.
Споредбите меѓу центурионите и денешните рангови на офицери може да доведат до многу неточни претпоставки. Центурионите можеле да бидат избрани, назначувани од Сенатот или унапредени од различни причини.[6] За Јулиј Цезар се вели дека ги унапредувал своите центуриони за прикажана храброст. Историчарите наведуваат примери за нив дека биле први под ѕидовите на непријателот или за време на пробивот.[7] Различните рангови на центурионите може да се споредат со денешнте рангови помлад и среден офицер.[8][9] Под центурионите се наоѓаа оптионите, кои биле втори команданти на центуриите.
Центурионите биле лично одговорни за обука и дисциплина на легионерите под нивната команда, и тие имале репутација на справување со строги казни. Такит раскажува приказна во „Аналите“ за еден центурион познат како „Кедо Алтерам“, што грубо се преведува до „Фати ми друг“.
За разлика од легионерите, римските центуриони ги носеле мечевите на левата страна како знак на разликување[10] и носеле пугио (кама) од десната страна, како споредно оружје.
Центурионите носеле попречна перјаница на својот шлем со што се разликувале од другите легионери.[11]
Центуроните често имале важен социјален статус и моќни позиции во општеството. Се чини дека го добивале својот статус според нивниот ранг.[12]
Квалитетите неопходни за да се биде центурион
уредиЦентурионите требало да бидат писмени (да можат да читаат писмени наредби), да имаат препораки, да имаат најмалку 30 години и веќе да служеле неколку години во војска. Тие исто така требало да знаат како да го зголемат моралот на своите војници.
Наводи
уреди- ↑ Kazhdan, Alexander, уред. (1991). Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. стр. 1120–1121. ISBN 978-0-19-504652-6.
- ↑ „manipulus“. Oxford Reference (англиски). doi:10.1093/oi/authority.20110803100130962. Посетено на 3 September 2020.
- ↑ Earl S. Johnson, Jr., "Centurion," The New Interpreter's Dictionary of the Bible, Vol. 1; Nashville: Abingdon Press, 2006, p. 580. ISBN 9780687054275
- ↑ Rich, John. "Military Organization and Social Change." War and Society in the Roman World. Ed. Graham Shipley. Vol. 5. N.p.: n.p., 1993. N. pag. Print. Leicester-Notthingham Studies in Ancient Society
- ↑ "centurion." Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online Academic Edition. Encyclopædia Britannica Inc., 2012. Web. 17 Sep. 2012. <http://www.britannica.com/EBchecked/topic/102946/centurion>.
- ↑ The Roman War Machine
- ↑ The Complete Roman Army
- ↑ Goldsworthy, A. (2003) Complete Roman Army pp.68–73
- ↑ Hoffman, B. (1995) The quarters of the legionary centurions of the Principate. Britannia 26; 107-151
- ↑ „Centurion“. Ancient History Encyclopedia. Посетено на 2019-10-21.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-04-10. Посетено на 2009-05-10.
- ↑ Justin R. Howell, The Imperial Authority and Benefaction of Centurions and Acts 10.34-43: A Response to C. Kavin Rowe., Page numbers of article p25-51, 27p, Journal for the Study of the New Testament, Vol. 31 Issue 1, Sep2008
Надворешни врски
уреди- . Encyclopædia Britannica. 5 (11. изд.). 1911.
- Центурион[мртва врска], илустрирана статија на Рос Коуан за центурионите на Доцната Република и раното царство