Квестор
Квестор (латински: quaestor) бил изгласан функционер во Римската република кој ја надгледувал ризницата и финансиските работи на државата, армиите и офицерите. Функцијата датира од времето на римските кралеви. По ~420 п.н.е. имало четири квестора кои биле изгласувани секоја година од страна на т.н. Комитиа Трибута, а по 267 п.н.е. имало десет. Некои квестори работеле во самиот град Рим, додека други работеле при персоналот на генералите или служеле како заменици на римските управници во провинциите. Трети пак, имале задача да ги надгледуваат воените финансии.
За време на реформите на Сула во 81 п.н.е., минималната старосна граница за квестор била регулирана на 28 за патриции и 30 за плебејци, со тоа што доаѓањето на функција автоматски значело и членство во Сенатот. Пред тоа Цензорите биле тие кои ги ревидирале улогите на Сенатот поретко отколку квесторите. Бројот на квестори тогаш бил накачен на 20.
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со античка Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за стариот Рим е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |