Калојан

бугарски владетел

Калојан Асен-Ромеоубиец,[1] познат и како Јован I, Калојован и Јоаница, бил цар на Бугарија од 1197 до 1207 година. Тој е најмалиот брат на основачите на Второто Бугарско Царство, Јован Асен I и Теодор-Петар.

Калојан
Цар на Бугарија
На престол1197–1207
ПретходникТеодор-Петар
НаследникБорил
Починал(а)октомври 1207
Солун
Децаsee below
ДинастијаАсениди

По долги преговори ја признал превласта на папата Инокентиј III, чиј легат го крунисал со кралска круна во 1204 година и го прогласил за крал на Бугарите и Власите (rex Bulgarorum et Blachorum). Војувал против Латините и ја победил крстоносната војска кај Адрианопол (1205). Додека се борел во Тракија и Македонија, бил убиен за време на опсадата на Солун. Во споменот на Византијците останал зачуван како „Ромеоубиец“ (Ρωμαιοκτόνος).

Рани години

уреди

Калојан бил помлад брат на Теодор и Асен, водачите на востанието на Бугарите и Власите[2] против Византиската империја во 1185.[2] Теодор бил крунисан за цар и го зел името Петар во 1185.[3] Асен бил станал негов совладетел пред 1190 година.[4] Тие ја обезбедиле независноста на своето царство со помош на кумански војници од Понтската Степа.[5]

Калојан, кој сè уште бил младо момче во 1188, бил роден некаде околу 1170 година, според историчарот Александру Меџару.[6] Тој бил крстен Јован, но бил нарекуван Јоаница ("Малиот Јован") бидејќи Јован било крстеното име и на неговиот постар брат Асен.[7] Калојан (или Кало-Јован) доаѓа од грчкиот јазик, што значи Јован Убавиот (Kallos Ioannis).[8]

По опсадата на Ловеч во 1187, Калојан бил испратен како заложник во Цариград, но успеал да побегне две години подоцна. По убиството на цар Асен, царот Петар го назначил за помошник во управувањето. Кога и тој станал жртва на заговор, Калојан ги открил заговорниците и бил крунисан за бугарски цар во почетокот на 1198 година.

Владеење

уреди
 
Оловен печат на цар Калојан, со натпис Калојан цар на Бугарите

Конфликтот со Византија

уреди

Штом останал единствен владетел, Јоаница продолжил со препадите во Тракија, следејќи ја политиката на неговиот брат Асен, а не на Петар. Малку детали се познати за тие препади помеѓу 1197 и 1199 година, имајќи во предвид дека единствениот извор што го покрива тој период, историјата на Никита Хонијат е лаконска на оваа тема. Во овој момент од неговото дело, Хонијат бил повеќе заинтересиран за Иванко, отколку за Јоаница.

Во 1202 година, по ликвидирањето на државата на Добромир Хрс, тој успеал да им го одземе на Византија, поголемиот дел од Македонија (северна и средна). Сепак, во истата таа година се појавиле и првите проблеми. Имено, унгарскиот крал Имре ги нападнал бугарските окупирани области во Србија, при што ги зазел градовите Белград, Костолац и Ниш. Набргу, Калојан се одмаздил, и на престолот на Србија го ставил братот на Вукан, Стефан Првовенчани.

Императорски амбиции

уреди
 
Писмо на папата Инокентиј III до Калојан

Еден настан кој останал во сенка на вооружените судири ја пренасочил бугарската надворешна политика. Некаде кон крајот на 1199 или почетокот на 1200 година, цар Калојан добил писмо од папата Инокентиј III (1198-1216). Писмото, инспирирано од амбициозната политика на римскиот прелат, паднало на плодна почва, иницирајќи богата и интересна кореспонденција која траела седум години (за тоа време Инокентиј му напишал седум писма на Калојан, а бугарскиот цар му испратил пет на папата). Папата му предложил на Калојан да ја признае неговата власт, а истото пак да го стори и царот според кој договор, тој би требало да го признае папата како владетел над светските империи и царства, пример кој веќе се практикувал во Западна Европа. Во продолжение на пет години, Калојан и папата преговарале околу можната унија. Во исто време, папата му заповедил на унгарскиот крал да се откаже од денешните српски земји Белград и Браничево. Во исто време, Калојан пак започнал преговори со Византија чија цел била таа да го прогласи за цар (цѣсарь — цезар), титула која била еднаква на титулата император, како и да се признае автокефалноста на неговата црква. Во крајна сметка, Калојан се одлучил за православниот свет, во кој владетелот односно царот не бил управуван од страна на црквата, туку цезарот односно царот бил над црковниот поглавар.

 
Балканот по Четвртиот крстоносен поход (1204).

Преговорите меѓу папата и Калојан вродиле со плод во ноември 1204 година. Папскиот легат на крајот пристигнал во Трново, носејќи скиптар и круна за Јоаница, кого папата го признал за крал на Бугарите и Власите (rex Bulgarorum et Blachorum), која Калојан ја сфатил како imperator, а на бугарскиот црковен поглавар му била доделена титулата primas. Папскиот легат требало да влезе во Бугарија од Унгарија, веројатно затоа што имал инструкции во врска со граничниот спор меѓу Емерик и Јоаница.[9] Се чини дека на почетокот тој имал успех, бидејќи унгарскиот крал ја растурил војската што ја собрал за да ја нападне Бугарија. Но, папскиот легат не можел да го премине Дунав, бидејќи бил заробен од локалнииот гроф на Кеве (денешен Ковин). Тој бил ослободен дури во септември или почетокот на октомври 1204 година.[9]

Војната со Латините

уреди

Крајот на преговорите меѓу Трново и Рим се совпаднал со заземањето на Константинопол од страна на витезите учесници во Четвртиот крстоносен поход (12 април 1204) и создавањето на Латинското Царство. Додека го чекал одговорот од папата, а можеби и во обид да стекне сојузници против Емерик, Јоаница им пришол на крстоносците под ѕидините на Константинопол. Според еден витез, Роберт де Клари: „Јован Влавот испрати збор до високите барони дека ако го крунисаат за крал, за тој да биде господар на неговата земја Влашка (Blaquie), тој ќе ја зачува својата земја и ќе им испрати помош да го заземат Константинопол со сите сто илјади луѓе“.[9][10] Одбиен од крстоносците, Јоаница морал да почека до 8 ноември, кога папскиот легат конечно пристигнал во Трново и го крунисал за крал. Крунисувањето не ги отстранило ниту императорските аспирации на Јоаница, ниту неговата огорченост кон крстоносците. Тој во меѓувреме се оженил со куманска принцеза, што донело голем број кумански воини на негова страна.[11]

 
Бугарија за време на цар Калојан

Така кон почетокот на 1205 година, Калојан склучил договор со византиската аристократија за заеднички воени походи против Латинското Царство. Така, скоро сите тракиски тврдини и области застанале на страната на Калојан. Во Едрене (или Одрин), Калојан ја испратил куманската коњаница каде рицарите и крстоносците доживеале голем пораз. Во таа битка бил заробен и самиот император Балдуин Фландриски и однесен како заробеник во Трновградската тврдина. По Битката кај Едрене, бугарската армија зазела големи делови од Тракија и Македонија. Поради страв да не биде нападната и расцепканата византиска држава, византиската аристократија се откажала од договорот кој бил склучен со Калојан. Поради тоа, царот Калојан го зазел денешниот град Пловдив. Во 1207 година војната се проширила го голема мера, за да на крај повторно биде склучено примирје за заедничко дејство против Цариград односно Латинското Царство. Следувала опсада на Едрене и неуспешна опсада на престолнината на Латинското Царство. Како главна причина се смета повлекувањето на Куманите од опсадата. По ова, бугарските позиции се насочиле кон Солун.

Смрт

уреди
 
Во иконографијата на Св. Димитрија Солунски често е прикажан како го прободува Калојан со копје за време на неговата опсада на Солун

За време на опсадата на Солун, при походот против Солунското кралство, Калојан ненадејно починал. За неговата смрт постојат повеќе тези. Едната е дека умрел од природна смрт, друга дека бил убиен од неговиот најдобар командант Манастр, или пак дека станал жртва на заговор во кој учествувала и неговата жена, Куманката Целгуба.

Наводи

уреди
  1. „Kalojan, der Griechentöter"
  2. 2,0 2,1 Curta 2006, стр. 358–359, 379.
  3. Vásáry 2005, стр. 17.
  4. Fine 1994, стр. 16.
  5. Vásáry 2005, стр. 17–18.
  6. Madgearu 2016, стр. 111–112.
  7. Madgearu 2016, стр. 39.
  8. Detrez 2015, стр. 269.
  9. 9,0 9,1 9,2 Curta 2019, стр. 685.
  10. De Clari, Robert (1936). The conquest of Constantinople. Преведено од Holmes Mcneal, Edgar. стр. 86–87.
  11. Curta 2019, стр. 686.

Извори

уреди