Теквондо на Летните олимписки игри 2024

Натпреварите во таеквондо на Летните олимписки игри 2024 во Париз се одржале од 7 до 10 август во Големата Палата.[1][2] 128 теквондо борци, со еднаква распределба меѓу мажите и жените, се натпреварувале во осум различни тежински категории (четири по пол), исто колку и претходните изданија од Пекинг 2008. Секоја тежинска категорија е составена од шеснаесет теквондисти; сепак, оваа бројка можело да се зголеми доколку биле поканети и избрани дополнителни спортисти од Олимпискиот тим за бегалци.[3]

Теквондо
на Летните олимписки игри 2024
ОдржувалиштеГолема Палата
Денови7 – 10 август 2024
Натпреварувачи134 од 60 земји
Настани8 (4 мажи, 4 жени)
«20202028»

Квалификации

уреди

На натпреварите во теквондо во Париз учествувале вкупно 128 спортисти (64 мажи и 64 жени) во осум различни тежински категории, исто колку и претходните изданија од Пекинг 2008. Секој Национален олимписки комитет (НОК) можел да настапи со најмногу осум теквондо борци, по еден во секоја тежинска категорија и четворица по пол.

Квалификацискиот прозорец започнал со петте места доделени на најдобро рангираните теквондисти во секоја од осумте тежински категории (четири по пол) преку Олимписките рангирања на Светската теквондо федерација (СТФ) и уште едно место на највисоко рангираниот од секоја тежинска категорија врз основа на поени собрани во серијата на ВТ Грен Слем шампионати, закажани за 16-17 декември 2023 во Вукси, Кина. На почетокот на сезоната 2024, пет континентални квалификациски турнири го дале поголемиот дел од местата за пласман на најдобрите двајца теквондо борци од секоја категорија по тежина од Африка, Америка, Азија и Европа; и највисоко рангираниот од Океанија.

НОК кој содржи најмалку две женски или машки теквондо борци преку рангирањето се смета дека нема право да учествува на соодветниот континентален квалификациски турнир освен ако не се откаже од добиените места. Ова исто така важи и за земјата домаќин Франција со нејзините резервирани две места за мажи и жени (по едно во секоја тежинска категорија). Четири дополнителни места биле доделени преку поканата на трипартитната комисија.[4]

Распоред

уреди
К Елиминација, четвртфинале и полуфинале Ф Репешаж и финални медали
Датум / Настан сре 7 чет 8 пет 9 саб 10
Мажи
Мажи 58 кг. К Ф
Мажи 68 кг. К Ф
Мажи 80 кг. К Ф
Мажи +80 кг. К Ф
Жени
Жени 49 кг. К Ф
Жени 57 кг. К Ф
Жени 67 кг. К Ф
Жени +67 кг. К Ф

Учесници

уреди

Се квалификувале вкупно 134 спортисти од 60 нации.

Медали

уреди

Табела на медали

уреди
МестоЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Јужна Кореја2013
2  Иран1214
3  Узбекистан1102
4  Франција*1012
  Тунис1012
6  Унгарија1001
  Тајланд1001
8  Кина0112
9  Велика Британија0101
  Јордан0101
  Азербејџан0101
  Србија0101
13  Куба0011
  Канада0011
  Брег на Слоновата Коска0011
  Бугарија0011
  Турција0011
  САД0011
  Бразил0011
  Италија0011
  Белгија0011
  Хрватска0011
  Данска0011
Вкупно881632

Машки настани

уреди
Event Злато Сребро Бронза
Суперлесна категорија (58 кг)
подробно
Парк Тае-џун
  Јужна Кореја
Гашим Магомедов
  Азербејџан
Киријан Равет
  Франција
Мохамед Калил Џендуби
  Тунис
Полулесна категорија (68 кг)
подробно
Парк Тае-џун
  Узбекистан
Гашим Магомедов
  Јордан
Киријан Равет
  Кина
Мохамед Калил Џендуби
  Бразил
Средна категорија (80 кг)
подробно
Фирас Катуси
  Тунис
Мехран Баркхордари
  Иран
Симоне Алесио
  Италија
Еди Хрниќ
  Данска
Тешка категорија (+80 кг)
подробно
Аријан Салими
  Иран
Кејден Канингем
  Велика Британија
Рафаел Алба
  Куба
Чик Сала Сисе
  Брег на Слоновата Коска

Женски настани

уреди
Event Злато Сребро Бронза
Суперлесна категорија (49 кг)
подробно
Панипак Вонгпаттанакит
  Тајланд
Гуо Кинг
  Кина
Мобина Нематзадех
  Иран
Лена Стојковиќ
  Хрватска
Полулесна категорија (57 кг)
подробно
Ким Ју-Џин
  Јужна Кореја
Нахид Киани
  Иран
Скајлар Парк
  Канада
Кимија Ализадех
  Бугарија
Средна категорија (67 кг)
подробно
Вивиана Мартон
  Унгарија
Александра Перишиќ
  Србија
Кристина Течут
  САД
Сара Чари
  Белгија
Тешка категорија (+67 кг)
подробно
Алтеа Лорин
  Франција
Светлана Осипова
  Узбекистан
Ли Да-бин
  Јужна Кореја
Нафија Куш
  Турција

Наводи

уреди
  1. „Paris 2024 – Taekwondo“. Paris 2024. Посетено на 2 January 2023.
  2. „Taekwondo at the 2024 Paris Olympic Games“. NBC Olympics. 29 August 2022. Посетено на 2 January 2023.
  3. Kim, EJ Monica; Martín, Marta (13 December 2022). „How to qualify for taekwondo at Paris 2024. The Olympics qualification system explained“. International Olympic Committee. Посетено на 2 January 2023.
  4. „Qualification System – Games of the XXXIII Olympiad – Taekwondo (PDF). World Taekwondo Federation. International Olympic Committee. Посетено на 2 January 2023.