Мијаци

(Пренасочено од Реканци)

Мијаци — дел од македонскиот народ кој живее во Мијачијата или долнореканскиот крај покрај реката Радика. Тие се познати по нивната култура, архитектура, обичаи и културно и национално наследство. Традиционалната мијачка носија е широко позната.

Мијачијата на карта на Македонија
Галичка свадба.
Девојки во мијачка носија.

Историја

уреди
 
Етничко знаме на македонците

Дел од темата
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
НОБ (1941-1944)
НОФ (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р Македонија (1944-1991)
Р Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

Мијаците се именувани според македонско словенско племе кое се населило во Долнореканскиот Регион на Македонија во V и VI век.[1] Нивниот номадски начин на живот се преобразил во земјоделски и сточарски. По покрстувањето во VI век, оваа група на Македонци ги населила денес познатите населени места покрај Радика. Територијата на која живеат Мијаците е Реканскиот Регион со подрегионите.

Мијаците исто така биле познати и вешти дрворесци и иконографи. Дел од Мијаците, денес познати како Торбеши, го прифатиле исламот.[2]

Населени места

уреди

Мијаците традиционално ги населувале населените места во Реканскиот Регион на Македонија. Најпознати мијачки села, со најдобро зачувана духовна култура и етнографски вредности се селата Галичник, Гари, Лазарополе, Тресонче, Селце, Росоки, Сушица, Осој и Могорче во областа Мала Река. Потоа, Мијаци живеат и во Жировница, Видуше, Болетин, Ростуше, Битуше, Велебрдо, Требиште, Присојница, Аџиевци, Јанче и Скудриње во Долна Река; Долно Косоврасти во Горен Дебар; Горно Мелничани и Долно Мелничани во Жупа; и Ехлоец во Копачка (единствено мијачко село на источните падини на Бистра и Стогово). Голем дел од овие мијачки села не се населени, бидејќи населението почнало да се преселува во почетокот на XX век. Голем број Мијаци се преселиле во Дебар, Скопје и Битола.

Но, Мијаците и многу порано почнале да се иселуваат од своите матични предели и да формираат нови населби, па така денес постојат мијачки оази во повеќе региони, како што се селата Ореше и Папрадиште во Азот, Горно Врановци (денес населено со Албанци) и Мелница во Гроот, Смилево во Железник (Демир Хисар) и селата Држилово, Цветово, Умово, Долно Количани, Елово и Пагаруша во областа Торбешија, Скопско. Овие населби биле формирани од Мијаците, а во некои се населиле (Крушево) за време на Отоманското Царство[3].

Религија

уреди

Мијачкото население припаѓа на двете најголеми религии на Македонците, православие и ислам. Во почетокот на XX век православните села по долината на Мала Река биле големи населби, но денес овие села се речиси празни, а единствените живи села се наоѓаат во Долна Река, населени во најголем дел со муслимани. Денес, заедно поголеми заедници на православни и муслимани живеат во селото Ростуше, а во минатото вакви села со мешан верски состав биле и Јанче, Велебрдо, Требиште, Долно Косоврасти и Могорче, од кои последните православни жители се иселиле до втората половина на XX век, а денес во овие заедно живее претежно муслиманско мијачко население.

Јазик

уреди

Мијаците зборуваат на мијачки дијалект кои во македонската дијалектологија се нарекуваат долнорекански и галички (малорекански) говори. Основни одлики на дијалектот се:

  • употреба на „ж“ наместо „џ“
Мијачки Стандардно
жеб џеб
  • Големиот старословенски јус се изговара како о
Мијачки Стандардно
рока рака
  • употреба на ж наместо ѓ
Мијачки Стандардно
тужа туѓа
  • употреба на наставката „-т“ или „-д“ за трето лице еднина.
Мијачки Стандардно
требат треба
  • наставка „-ајет“ за трето лице множина
Мијачки Стандардно
ставајет ставаат

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Linda, Welters (1999). Folk dress in Europe and Anatolia: beliefs about protection and fertility. Berg Publishers. стр. 100. ISBN 1859732879.
  2. „Кои се македонските муслимани?“. Архивирано од изворникот на 2009-01-02. Посетено на 2009-08-23.
  3. „THE MULTICULTURAL AND ETHNIC CHARACTERISTICS OF FOUR VILLAGES IN THE VELES REGION - REPUBLIC OF MACEDONIA, Aneta SVETIEVA“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2009-08-23.

Надворешни врски

уреди