Портал:Спорт/Избрана статија/2009
Избрани статии во порталот:Спорт се оние статии поврзани со спортот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.
Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со спортот на страницата за разговор којашпто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.
Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.
Забелешка: На секоја избрана статија на месецот на порталот:Спорт најдолу се внесува предлошката {{Портал:Спорт/Избрана статија}}.
Уметничко лизгање — зимски спорт во којшто поединечно, во двојка или групно со лизгање на мраз и со помош на други елементи, најчесто музичка композиција, се изведуваат различни чекори, вртења и скокови. На официјалните натправрувања, натпреварувачите во овој спорт се натпреваруваат во 4 дисциплини: поединечно во женска конкуренција, поединечно во машка конкуренција, танцови двојки и спортски двојки. Натпреварувачите, исто така се натпреваруваат и на различни натпреварувања, почнувајќи од почетниците, кои се натпреваруваат на локални натпревари и завршувајќи до најдобрите, кои се натпреваруваат на најсилните меѓународни натпреварувања. Уметничкото лизгање е олимписки спорт со натпреварувања на сите Зимски олимписки игри. Во некои јазици, името на овој спорт е „уметничко лизгање“. Во светски рамки, официјална организација во спортот е Меѓународната лизгачка организација (ISU), основана во 1892 со седиште во Лозана. Прочитајте повеќе
НБА — професионална кошаркарска лига, која е составена од 30 тима (29 од САД и 1 од Канада). Таа е члан на САД Кошарката (USAB), која е препознатлива по Интернационалната Кошаркарска Федерација како Национално Власничко Тело (NGB) за кошарка во САД. НБА е една од четирите Главни Северно Американски спортски лиги, во која се Главната Бејзбол Лига (MLB), Националната Фудбалска Лига (NFL) и Националната Хокејска Лига (NHL). Лигата беше формирана во Њујорк Сити на 6 јуни 1946 како „Кошаркарска асоцијации на Америка“. Лигата го прифати сегашното име во 1949, откако се спои со соперникот Националнаta Кошаркарска Лига (NBL). Прочитајте повеќе
Средоземни игри — меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од средоземната цивилизација. Овопј настан го предложил Мохамед Тахер Паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри 1948. Првите Средоземни игри се одржале во 1951 Во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри. Првите Средоземни игри се одржале во месец октомври во 1951 во Александрија, во чест на Мохамед Тахер Паша, кој ја изнел идејата за овој настан. На настанот учествувале 734 спортисти од 10 земји, кои настапиле во 13 спортови.Прочитајте повеќе
Премиер лига — англиска професионална фудбалска лига. Таа е на врвот од англискиот фудбалски систем, и е примарно фудбалско натпреварување во Англија. Во неа се натпреваруваат 20 клубови, од кои последните 3 идната натпреварувачка сезона се натпревурваат во понизок ранг на натпреварување. Премиер лигата е корпорација од 20 тимови, кои се акционери. Сезоната трае од август до мај, во која клубовите играат 38 кола. Премиер лигата е спонзорирана од банката Баркли и поради тоа таа официјално е позната како Баркли Премиер лига. Натпреварувањето формирано како ФА Премиер Лига на 20 февруари 1992 е продолжение на Фудбалската Прва дивизија, која беше оформена во 1888. Набргу Премиер лигата стана најгледана лига во светот. Таа е и рангирана на првото место според УЕФА ранг листата на лиги, заснован на достигнувањата на клубовите во последните 5 години, пред Шпанската Ла Лига и Италијанската Сериа А. Прочитајте повеќе
Маријан Бенеш (1951 — 2018) — југословенски боксер од Босна и Херцеговина, кој сѐ уште се смета за еден од најголемите во историјата на Југославија. После восхитувачка аматерска кариера, која кулминира со освојување на златен медал на Европското аматерско првенство кое се одржува во Белград, станува професионален боскер во 1977, а две години подоцна ја освојува и европската титула во велтер категорија. Бенеш се повлекува од активно боскување во 1983 година, откако се здобива со сериозна повреда на окото. Во текот на својата аматерска кариера, Бенеш 9 пати станува шампион на Босна, 4 пати на Југославија и се закитува со уште небројно многу награди и признанија. Во 1973 година, ја освојува европската титула во велтер категорија. Прочитајте повеќе
Куп на конфередарации 2009 — осмиот куп на конфедерации кој се одржал во Јужна Африка од 14-28 јуни 2009 година како претходник на светското првенство во истата земја следната година. Ждрепка се одржала на 22 ноември 2008 во Сандтон Спогодбениот Центар во Јоханесбург. Отворачкиот натпревар се одиграл на Кока Кола Паркот во Јоханесбург. Првото место на турнирот го освоила репрезентацијата на Бразил која ја одбраниа титулата од 2005 година, победувајќи ја репрезентацијата на САД со 3-2 во фианлето. Прочитајте повеќе
Кошарка — тимски спорт во кој пет играчи од два различни тимови се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлање на топката низ хоризонтален обрач, на височина од 3 метра. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку топкање и подавање на останатите членови на тимот. Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измисли играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат денес. Најсмит беше важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка, и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Две најсилни кошаркарски лиги во светот се Европската Евролига и Северноамериканската Национална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзо-растечкиот спорт на земјата. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига. Прочитајте повеќе
Елена Исинбаева (р. 1982) — руска атлетичарка која се натпреварувала во техничката дисциплина скок со стап. Таа е двократна олимписка првенка (2004 и 2008), трикратна светска првенка (2005, 2007, и 2013), тековен светски рекордер во дисциплината со прескокнати 5,06 м, а се смета за најдобра женска натпреварувачка во дисциплината на сите времиења. Исинбаева добила забрана да настапува на Летните олимписки игри 2016 откако Меклареновиот извештај обелоденил дека рускиот спорт бил предмет на државна програма за употреба на недозволени средства, што ја оневозможило да се повлече од спортот со освојување на златен олимписки медал. Таа се повлекла од атлетиката во август 2016 година откако била избрана да служи осумгодишен мандат во Спортската комисија на Меѓународниот олимписки комитет. Исинбаева има освоени вкупно девет златни медали на големите натпреварувања, вклучувајќи ги Олимписките игри, светските првенства на отворено и во сала, како и на европските првенства на отворено и во сала. Таа исто така била победник на Атлетската златна лига во 2007 и 2009 година. По слабите резултати на светските првенства во 2009 и 2010 година, таа решила да се повлече од натпреварување во времетраење од една година. Прочитајте повеќе
Тенис — спорт кој се игра меѓу два играчи (сингл), или помеѓу два тима од два играчи (дубл). Целта во тенисот е да се префрли гуменото топче преку мрежата со помош на рекетот, од својата половина на половината на противникот. На некои места тенисот се нарекува уште и тревен тенис со цел да се разликува од вистинскиот тенис, кој е сличен на денешниот тенис и бил игран во викторијанска Англија. Тенисот стана олимписки спорт во 1988. Игрите со топка датираат од антички времиња и првите знаци на вакви спортови можат да се проследат до цртежи во Египетските храмови кои датираат од 1500 г.п.н.е. Старите Египќани всушност играле игри со топка како дел од нивните верски обреди. Овие традиции и целиот концепт на игри со топка бил проширен во Европа во осмиот век од страна на Маврите, чие царство се простирало до јужна Франција. Прочитајте повеќе
Хајбери — фудбалски стадион во Хајбери, северен Лондон, на кој своите натпревари ги играле Арсенал ФК од 6 септември 1913 до 7 мај 2006. Популарното име му било Хајбери поради локацијата, а од страна на навивачите и клубот му беше даден прекарот „Домот на фудбалот“. Првобитниот стадион бил изграден во 1913 на местото на спортскиот терен на локалниот Колеџ, и има поминато низ две значителни надградби. Првата во 1930-тите кога биле изградени источната и западната трибина во стилот на Арт Деко, а втората била во доцните 1980-ти и раните 1990-ти кога северната и јужната трибина биле претворени од трибини за стоење во седечки. Ова довело до драстично намалување на капацитетот и приходите од влезници по што управата на клубот го изградил новиот Стадион Емирати, каде што клубот започнал да игра натпреварите во 2006 година. Хајбери бил претворен во станбен комплекс заради што поголемиот дел од стадионот бил срушен, со исклучок на источната и западната трибина (градби заштитени со закон) кои биле вклопени во новата градба. Прочитајте повеќе
Универзијада — повеќеспортски меѓународен настан кој се одржува за универзитетските спортисти од страна на Меѓународната универзитетска спортска федерација (МУСФ). Зборот „Универзијада“ е комбинација од зборовите „универзитет“ и „Олимпијада“. Денес наместо терминот Универзијда, често се употребуваат и термините „Светски универзитетски игри“ и „Светски студентски игри“, иако полследниот може да има значење и на некои подуниверзитетски натпреварувања. Меѓународно универзитетско натпреварување за прв пат било одржано во 1923 година, а било организирано од Националната унија на студенти на Франција. Официјално, „Летни студентски светски пвенства“ биле одржани во 1924, а организирани од Меѓународната судентска конфедерација, а истите биле преименувани во „Светски студенстки игри во 1930. Прочитајте повеќе
Европско првенство во фудбал 2008 — тринаесеттото европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествувале најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини биле Австрија и Швајцарија, започнал на 7 јуни 2008 година и завршил со големото финале меѓу Шпанија и Германија, одиграно на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008, во кое шпанската репрезентација со голот на Фернандо Торес успеала да ја освои својата втората европска титула. На ова првенство, по втор пат улогата на домаќин ја имаале две земји. Репрезентацијата на Грција била бранител на титулата. На турнирот учествувале шеснаесет земји. Австрија и Швајцарија се квалификувале автоматски како домаќини; останатите четиринаесет репрезентации обезбедиле учество преку квалификациски циклус кој отпочнал во август 2006 година. Шпанија, како победник на првенството се пласирала на Купот на конфедерациите 2009 следната година во Јужна Африка. Прочитајте повеќе
|