Екипа

(Пренасочено од Тим)

Екипа — група на луѓе што се стремат заедно кон иста цел. Екипите се соодветни за извршување на задачи што имаат висока сложеност и многу меѓузависни подзадачи. Не сите групи се екипи.[1] Екипа е група која што е меѓусебно зависна и одговорна за целокупната изведба. Една група се вреднува како екипа само доколку сите членови се посветени на меѓусебно помагање за да ја достигнат заедничката цел. Ова не значи дека поединецот повеќе не е значаен, но значи дека делотворна заедничка работа оди подалеку од поединечни достигнувања.[2] Екипите вообичаено имаат членови со надополнувачки вештини што предизвикуваат синергија низ усогласен напор, кој дозволува секој член да ги максимизира своите силни, и да ги минимизира своите слаби страни.

Екипа во работна околност

Бизнис-теоретичарите кон крајот на XX век го изложуваат концептот на градење на екипи. Постојат различни мислења за успешноста на овој нов менаџмент "каприц". Некои гледаат на "екипа" како на обичен збор — пречесто користен а премалку корисен. Други го гледаат како лек што конечно го разбира двожењето на човечките соодноси и желбата за интеграција кон она што се смета за најдобро за работниците и менаџерите. Други пак верувааат во ефикасноста на екипата, но истовремено го гледаат и како опасен поради потенцијалот за експлоатација на работници — делотворноста на екипата може да е резултат на притисок и надзор од страна на колегите.

Големина и состав на екипа

уреди

Големината и составот на екипата влијаат на процесите и исходите на истиот. Оптималната големина (и состав) на екипа е тема на дебати и ќе се менува во зависност од задачата што треба да се постави. Според некои студии, за решавање на проблеми поволната големина на групите е четири членови. Други задачи бараат екипа со поволна големина од 5 до 12 поединци. Помалку од 5 члена следува со намалени перспективи и скратено творештво. Доколку пак има повеќе од 12 члена, тоа би можело да следи со зголемен судир и зголемена можност за создавање на подгрупи. David Cooperrider предлага дека колку е поголема групата, толку подобро. Ова е поради тоа што поголема група е способна да ги согледа грижите на целиот систем. Така, додека голема екипа може да биде помалку усшешна во изведба на одредена задача, Cooperider предлага дека треба да се земе предвид важноста на таа задача бидејќи пред да се одлучи дали екипата е делотворна или не, најпрво треба да се утврди она што треба да се постигне. Во однос на составот, сите екипи имаат елемент на еднородност и разноликост. Колку е поеднородна групата, толку поповрзана ќе биде истата. Колку е поразлична, толку поголеми разлики ќе има во погледите, и зголемена можност за творештво, но и за судир. Членовите на екипата вообичаено имаат различни улоги, како водачи на екипа или агенти. Големите екипи може да се поделат и на подекипи, според потребите. Многу екипи проаѓаат низ циклус на промени, посочени од Bruce Tuckman како: развивање, внатрешен судир, нормирање, извршување и распуштање (Forming, Storming, Norming, Performing & Adjourning).

Видови екипи

уреди

Независни и внатрешнозависни екипи

уреди

Од особена важност е и концептот на различни видови на екипи. Постои разлика помеѓу независни и внатрешнозависни екипи. Внатрешнозависната екипа:

  • Ниту една значајна задача не може да се постигне без помош на кој било од членовите;
  • Членовите вообичаено се предназначени за различни задачи;
  • Успехот на секој поединец е непосредно врзан со успехот на целата екипа.

Од друга страна, кај независната екипа:

  • Дејствието е водено од различни индививуи или партнери, во одредено време;
  • Секој член во основа ги изведува истите дејствија;
  • Победата или загубата на еден од членовите нема непосредно влијание на следниот што ќе го води дејствието;

Самоуправувачка екипа

уреди

Вообичаено менаџер дејствува како водач на екипата и е одговорен за определување на целите, методите и работењето на екипата. Хиерархискате модели на управување најчесто не се најдобри за справување со внатрешните зависности и расправии помеѓу различни делови на една организација. Самоуправувачките екипи користат јасни граници за да созадат слобода и чувство на одговорност на ефикасен начин.[3]

Проектна екипа

уреди

Екипа што постои на однапред дефинирано време, и за одделна конкретно дефинирана цел.

Виртуелна екипа

уреди

Виртуелен тим претставува група на луѓе што работат завсжисно еден од друг, со заедничка цел, низ просторот, времето и организациските ограничувања, користејки технологија да општат и соработуваат. Виртуелните екипи можат да бидат сместени низ една земја или светот воопшто, ретко се сретнуваат лице во лице и вклучуваат членови од различни култури.[4]

Интердисциплинарни и мултидисциплинарни екипи

уреди

Мултидисциплинарни екипи вклучуваат неколку професионалци што независно третираат неколку делови на проблемот, фокусирајќи се на сегментот кој е нивна специјалност. Проблемите кои се третираат може но и не мора да се поврзани со другите проблеми на кои се фокусирани останатите членови на тимот. Кај интердисциплинарни екипи, чести се промените во улогите на членовите од суштинската екипа, кои можат да преземат задачи обично исполнети од други членови на екипата.[5]

Заедничка работа

уреди

Заедничката работа е заедничко дејствие на група луѓе во која секоја поединец ги подредува своите поединечни интереси и мислења на единството и успешноста на групата. Негување на заедничката работа подразбира создавање на работна култура што ја вреднува соработката. Луѓето што живеат и дејствуваат во околина што охрабрува заедничка работа веруваат дека размислувањето, планирањето, одлуките и дејствијата се подобри кога се направени кооперативно. Поединците веруваат и ја асимилираат идејата дека "ниту еден од нас не е добар колку сите ние заедно".[6]

Примена

уреди

Изворно, концептот првпат започнува да се употребува во групните спортови, со цел да се нагласи важноста на тимот во играта. Сепак, неговото значење набрзо се проширува во сите ситуации каде постои групна работа. Денес најчесто се употребува во деловната заедница, и тоа најмногу во менаџментот на човечки ресурси, со што се придава на значење на добрите односи и соработката меѓу вработените како клучен фактор за успешно работење.

Градење на екипа

уреди

Градење на екипа (тим-билдинг) опфаќа широк спектар на активности, вообичаено во деловен контекст, за подобрување на изведбата на екипата. Градењето на екипата може да се постигне преку широк спектар на практики, почнувајќи од обични вежби за зближување до сложени симулации и повеќе дневни тим-билдинг одмори оформени да изградат екипа (вклучувајќи оценување на групата и игри за групна динамика), и вообичаено спагаат некаде помеѓу. Главно спаѓа помеѓу теорија и пракса на организациски развој, но исто така може да важи и за спортски екипи, училишни групи, и други контексти. Градењетп на екипи не треба да се замени со поимот рекреација на екипата што се состои од активности за екипи што се строго рекреативни. Тим Билдинг е важен фактор во било која околина, а неговиот фокус и специјалност е да го извади на виделина најдоброто во римот како би се осигурало саморазвивање, позитивна комуникација, водачки вештини и способноста да се работи блиску како тим за да се реши одреден проблем.

Работините околини имаат стремеж да се посветуваат на поединци и лични цели, а со помош на наградии признанија се израмнуваат достигнувањата на поединечни вработени. one stop.htm "Како да се создава ефективни тимови е предизвик во секоја организација"[мртва врска]. Градењето на екипа може да се однесува и на процесот на бирање или создавање на екипа од почеток.

Причини за градење на екипа

уреди

Причините за градење на екипа вбројуваат:

  • Подобрување на општењето
  • Правење на работиниот простор по пријатен
  • Мотивирање на екипата
  • Меќусебно запознавање
  • Подредување на целите и вредностите меќу членовите
  • Подучување на екипата на стратегии за саморегулација
  • Помагање на учесниците да научат повеќе за себеси
  • Подобрување на продуктивноста на екипата
  • Практикување на делотворна соработка со членовите на екипата

Што се вежби за градење на екипа и каква е нивната намена?

Вежбите за градење на екипа се состојат од најразлични задачи дизајнирани да ги развијат членовите на групата и нивната способност делотворно да работат заедно. Постојат многу типови на тим билдинг активности кои опфаќаат од детски игри до игри кои вклучуваат комплексни задачи и се дизајнирани за специфични потреби. Постојат и покомплексни вежби кои се состојат од повеќе вежби кои траат повеќе од еден ден. Целта на Тим Билдинг активностите е да им се помогне на тимовите да станат кохезивни единици на поединци кои можат да работат и заедно да извршуваат задачи.

Кој има придобивки од задачите за градење на екипа?

Задачите за градење на екипа се корисни за сите видови екипи. Некои вежби се дизајнирани за помали екипи, некои за поголеми екипи. Некои се оформени за нови екипи, други се посветуваат на посебни области на кои треба да се работи во веќе воспоставена екипа. Во прилог на ова, Вежбите за градење на екипа исто така се за различни возрасни групи. Некои од нив се наменети примарно за одредена посебна возрасна група. Можно е некои од активностите оформени за помлади екипи погрешно да се користат со позрели групи, што придонесува за негативна енергија што често се поврзува со вежбите за градење на екипа.

Наводи

уреди
  1. http://www.1000ventures.com/business_guide/crosscuttings/team_main.html
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-07-07. Посетено на 2010-04-28.
  3. Ken Blanchard. pg 7. "Go Team! Take your team to the Next Level." Berret-Koehler publishing Inc. SanFrancisco, CA. 2005
  4. Kimble et al. (2000) Effective Virtual Teams through Communities of Practice (Department of Management Science Research Paper Series, 00/9), University of Strathclyde, Strathclyde, UK, 2000.
  5. Ferrell, Betty; Nessa Coyle (2006). Textbook of Palliative Nursing (2 ed.). Oxford University Press US. p. 35. ISBN 0-19-517549-2
  6. http://humanresources.about.com/od/managementbooks/tp/little_books.htm

Надворешни врски

уреди