Маријан Бенеш (11 јуни 1951, Белград[1][2] - 4 септември 2018, Бања Лука[3]) е поранешен југословенски боксер од Босна и Херцеговина, еден од најголемите во историјата на Југославија. После восхитувачка аматерска кариера, која кулминира со освојување на златен медал на Европското аматерско првенство што се одржува во Белград во 1973, станува професионален боксер во 1977, а две години подоцна ја освојува и европската титула во јуниорска велтер категорија. Бенеш се повлекува од активно боксување во 1983 година, откако се здобива со сериозна повреда на окото.

Маријан Бенеш

Основни податоци
Вистинско име Маријан Бенеш
Категорија велтер
Националност СФРЈ СФР Југославија
Дата на раѓање 11 јуни 1951
Место на раѓање Белград
Дата на умирање 4 септември 2018
Место на умирање Бања Лука
Стил Леворак
Статистика
Вкупно борби 355+39
Победи 277+32
Победи со нокаут ?
Порази 23+6
Нерешени 1
Незавршени 0

Животопис

уреди

Маријан е роден во Белград. Неговите родители Јосип и Марија се учители. Под влијание на неговиот татко — кој предава музичко — Маријан свири на пијано и виолина како дете. Има три браќа и една сестра.[1][4] Детството го минува во Тузла. Сепак, неговиот живот се здобива со радикален пресврт кога, на возраст од 10 година влегува во ринг и победува 18-годишник. Кога наполнува 16 години, потпишува за клубот Славија во Бања Лука, каде ја минува целата своја аматерска кариера.[5]

Кариера

уреди

Во текот на својата аматерска кариера, Бенеш 9 пати станува шампион на Босна, 4 пати на Југославија и се закитува со уште небројно многу награди и признанија.[6] Во 1973 година, ја освојува европската титула во велтер категорија. Сепак, откако се разболува од хепатит, докторите му предвидуваат крај на кариерата. "Радикално тврдоглав" (како што самиот се опишува)[1] и посветен на боксот, решава да продолжи. Учествува и на Олимпијадата во Монтреал од 1976 година, но е поразен уште во второто коло.

Станува професионален боксер во 1977 година и за многу кратко време се докажува како еден од најдобрите во Европа. На 17 мај 1979 година, во својот роден град Бања Лука ја освојува европската титула, нокаутирајќи го французинот Жилбер Коен[7] во четвртата рунда.[8] Четири пати успешно ја одбранува круната, а во меѓувреме, во 1980 година, е поразен на бодови од тогашниот WBA шампион Ајуб Калуле во еден меч кој и денес се гледа како еден од најцврстите во историјата. Европската круна ја губи од Луј Акари во 1981 година.[2]

Тешка повреда на окото му ја запечатува кариерата. Не се знае точно по кој меч истата настанува; според едни извори, таа е плод на борбата со Луј Минчило од 1983 година,[2] а според други, потекнува уште од 1979 година и борбата со Сенди Торес во Зеница.[6] Во текот на својата кариера, има претрпено уште низа повреди: 26 скршеници и оштетени гласни жици, поради кои Бенеш зборува тивко и бавно.[1]

Од активно боксување Бенеш се повлекува во 1983 година, боксувајќи уште на два егзибициски натпревари во 1990-тите, без разлика на забраните[2].

Натамошен живот

уреди

Во 1995 година, за време на Војната во Босна, Бенеш, етннички Хрват, е принуден да ја напушти Бања Лука после низа закани и прогонства; неговиот помлад брат Ивица е убиен. За малку пари го продава својот имот и во многу тешки услови, ја преседува војната во Медулин и Загреб. Се разведува од својата жена Стана, која се преселува во Ниш, заедно со нивните две деца Жанет и Маријана.[1][6]

Се враќа во Бања Лука во 1996, по завршувањето на војната, продолжувајќи да живее во сосема скромни услови. "Живеев во Хрватска, луѓето ме почитуваа, но навикнат сум на старите пријатели".[1]

Во 2004 година, документарна емисија за Бенешовиот живот со наслов Bio jednom jedan šampion (Си беше еднаш еден шампион) е снимена во продукција на Независната телевизија на Бања Лука. Без разлика на нејзините скромни очекувања, прикажана е во речиси сите поранешни југословенски држави, а самиот Бенеш се појавува на најголем дел од промоциите.[1][4]

Бенеш сѐ уште живее сиромашно во Бања Лука, безмалку одржуван од неговата сестра Лилјана. Има издадено книга поезија Druga strana medalje (Другата страна на медалите), составена од песни посветени на спортот; има речено дека има напишано уште многу други, кои планира да ги издаде понатаму. Сѐ уште тренира и води здрав живот.[1][6]

Цитати

уреди
  • Сѐ тргна наопаку; луѓето почнаа да се мразат преку ноќ, одеднаш... постојат големи луѓе и можеби војната беше онаа која ми помогна да сфатам кои се вистински луѓе, а кои се ѓубриња.[1]
  • Кога првпат ме претставија пред Тито, тој ми рече: 'А ти си тој малиот што така опасно се тепа?'. А јас му реков: 'Па ниту вие, друже Тито, не сте нешто повисоки.' Се расплаче од смеење. Можат да пишуваат што сакаат, но никој не јадеше од корпи за отпадоци додека Тито беше жив. Сите земаа плата – и работникот и рударот и чистачот на улици и лекарот.[1]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Давор Пашалиќ (2004-03-02). „Боксерски шампион кој во своето кафуле боксувал по 15 пати дневно“ (хрватски). Nacional. Архивирано од изворникот на 2008-07-26. Посетено на 2008-02-10.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Пер-Аке Персон. „Каде се сега? Маријан Бенеш“. Retired Boxers Foundation. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2008-02-10.
  3. „Почина поранешната југословенска боксерска легенда Маријан Бенеш“. Нова Македонија. 2018-09-04.
  4. 4,0 4,1 Т. Чанак (2004-02-26). „(Си беше еднаш) еден шампион“ (српски). Glas javnosti. Архивирано од изворникот на 2008-01-29. Посетено на 2008-02-10.
  5. „Лексикон на југословенската митологија:Маријан Бенеш“. Архивирано од изворникот на 2007-06-11. Посетено на 2008-02-10.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Рингот го замени со перо“ (српски). Nezavisne novine. 2005-06-12. Архивирано од изворникот на 2007-10-01. Посетено на 2008-02-10.
  7. „Жилбер Коен“. BoxRec.com. Архивирано од изворникот на 2012-08-20. Посетено на 2008-02-10.
  8. „Маријан Бенеш ја освојува европската титула“. 1979-05-17. Архивирано од изворникот на 2008-07-23. Посетено на 2008-02-10.

Надворешни врски

уреди